Author Archives: Весник Илинден

Швајцарија ја чува неутралноста, не дозволи летови на американските воени авиони над земјата

Швајцарија им забрани на два американски воени авиони да прелетаат над нејзината територија поради конфликтот во Иран, соопшти сношти швајцарската Владата, пренесе ДПА. Швајцарските власти се повикаа на законите за неутралност на земјата, кои забрануваат прелети од страните вклучени во конфликтот за воени цели. Барањето на САД се однесуваше на два извидувачки авиони, појаснува германската агенција. Меѓутоа, беа одобрени барањата ...

Read More »

Албанија: СПАК со нова посебна оперативна единица со прикриени агенти

Специјална структура против корупција и организиран криминал (СПАК) подготвува значајна промена во начинот на кој ги спроведува истражните операции, планирајќи формирање на посебна оперативна единица во рамките на Национално биро за истраги (БКХ). Се очекува новата структура да се состои од прикриени агенти обучени за напредни методи на надзор и инфилтрација на терен. Овој чекор се смета за директен одговор на повторените ...

Read More »

Брзата реакција од сите нас по несреќата во Кочани беше да го спасиме секој млад живот, рече Мисајловски

Брзата реакција од сите нас по несреќата во Кочани беше да го спасиме секој млад живот. Министерството за одбрана веднаш направи кризен штаб  преку кој се водеа многу процеси и комуникација во однос на транспортот и лекувањето на пациентите, истакна ресорниот министер Владо Мисајловски во обраќањето на првиот панел „Европски механизам за цивилна заштита и меѓународниот одговор: координација, солидарност и ...

Read More »

Турција и донирала на Албанија 50 дронови камикази

Системот е дизајниран за прецизни напади врз радари, системи за воздушна одбрана и стратешки цели. Камикази дроновите се во воздухопловната база во Кучово, објавија медиумите. Според податоците објавени во меѓународната база на податоци SIPRI Arms Transfers, Албанија добила 50 камикази дронови YIHA-III, произведени од турската одбранбена индустрија. Во оваа база на податоци, овие дронови се класифицирани како „loitering munition“, вид ...

Read More »

Објавена „Пајажина“ од Раде Силјан – ново поглавје од поетската историја на нашата стварност

По повеќе од половина век посветеност на поетската реч, еден од најистакнатите македонски поети на XX и XXI век, Раде Силјан, почнува нова творечка фаза во својата поезија. Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“ ја објави неговата нова поетска книга „Пајажина“ – стихозбирка што се доживува и интерпретира како ново поглавје од поетската историја на нашата стварност. Во време кога катаден, одново, „Историјата ...

Read More »

Мрежата “Безбедни новинари“ загрижена за однесувањето на Еди Рама кон новинари

Фото: Canva Меѓународната мрежа Безбедни новинари (SafeJournalists), која ги штити правата на новинаритеизрази загриженост за тоа што се случи на прес-конференцијата на премиерот на Албанија, Еди Рама, каде што тој, по жестока дискусија со новинарка, рече дека таа повеќе нема да може да присуствува на неговите прес-конференции, а потоа побара од претседателот на здружението на албански новинари да си замине. ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција оддаде почит на протераните Македонци од Горна Горица

Со длабока почит, делегација на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) положи свежо цвеќе на споменикот во Долна Горица, подигнат во чест на трагичниот настан – протерувањето на Македонците од преспанското село Горна Горица на 14 март 1933 година. На овој ден, пред 93 години, во раните утрински часови, камиони со жандарми влегле во селото и започнале брутална акција. ...

Read More »

Мицкоски: Трагедијата во Кочани е еден од настаните во историјата што не се мери со време, туку со болката што ја остава зад себе

Фото: Фб Христијан Мицкоски Постојат настани во историјата на една држава кои не се мерат со време, туку со болката што ја оставаат зад себе. Трагедијата во Кочани е еден од тие настани. Таа беше трагедија на еден град, но и трагедија која ја потресе целата наша држава и која засекогаш ќе остане врежана во колективното сеќавање на нашето општество, ...

Read More »

Летник народен празник

Летник е народен празник, којшто се празнува секоја година на 14 март (1 март по стар календар). Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролета односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи. Поради ова негово значење, празникот често е квалификуван и како празник за почетокот на годината во ...

Read More »

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова ги прими австриските амбасадори од регионот на ЈИЕ

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими учесниците на регионалната Конференција на австриски амбасадори од Југоисточна Европа, чиј домаќин е Амбасадата на Република Австрија во земјава и амбасадорот Мартин Памер. Австриската делегација беше предводена од амбасадорка Елизабет Корнфајнд, генерална директорка за европски и економски прашања при Сојузното министерство за европски и меѓународни работи на Австрија. Сиљановска-Давкова рече дека делегацијата ...

Read More »