Од утре, 15 ноември возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Како што информира Министерството за внатрешни работи, задолжителното поседување зимска опрема е согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Нови придобивки за Македонците во областа Голо Брдо, ратификуван договорот за „one stop shop“ меѓу кои е и преминот Требиште – Џепиште
Собранието на Македонија го ратификуваше Договорот за воведување на системот „One Stop Shop“ со Албанија, со кој се предвидува поедноставување и забрзување на граничните процедури на заедничките гранични премини, меѓу кои е и преминот Требиште – Џепиште, во областа Голо Брдо. Оваа одлука претставува значаен чекор за унапредување на поврзаноста меѓу двете соседни држави, но и можност за нови придобивки ...
Read More »Николоски: Се повеќе патници на аеродромите во Скопје и Охрид, ги срушивме сите рекорди како резултат на паметните политики
Аеродромите рушат рекорди и тоа е резултат на субвенциите за нови линии и инвестициите што ги правиме во аеродромите, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. “Oна што било проектирано за 2030 година, веќе го постигнуваме во 2026 година и ќе продолжи да расте во следниот период. Секако, една од основните причини за тоа е изградбата ...
Read More »„Булмак 2016“ воведува нов финансиски бонус за редовност како потврда за грижата кон своите вработени
Компанијата „Булмак 2016“, која успешно стопанисува со рудниците Злетово и Тораница, продолжува континуирано да ги унапредува условите за работа на своите вработени. Како еден од најзначајните економски двигатели во источниот дел на државата, компанијата останува посветена на воведување модерни практики во менаџирањето со човечките ресурси. Во таа насока и како дел од новата корпоративна стратегија за вреднување на трудот, воведена ...
Read More »Германскиот Бундестаг усвои голема реформа на разузнавачките служби и нови овластувања
Германскиот Бундестаг усвои широка реформа на законодавството за разузнавачките служби, со која на безбедносните агенции им се доделуваат нови овластувања за справување со заканите по националната безбедност, вклучително и можност за спроведување саботажни операции во странство. Станува збор за најголемата промена на законодавството за тајните служби во Германија од повоениот период. Законот беше усвоен со 308 гласа „за“, 190 „против“ ...
Read More »Собранието на Македонија го ратификува Договорот за воведување на системот „One Stop Shop“ со Албанија
Собранието на Македонија го ратификуваше Договорот за воведување на системот „One Stop Shop“ на пет гранични премини меѓу Македонија и Албанија. Со оваа спогодба се очекува да се олесни движењето на граѓаните и транспортот на стоки, да се намали времето на чекање на граничните премини и да се подобри соработката меѓу надлежните институции на двете држави. Системот „One Stop Shop“ ...
Read More »Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции
Фото:Министерство за транспорт Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска се обрати на “Форумот на уставни судови на Балканот”, кој се одржува во Охрид, посочувајќи ја клучната улога на уставното судство во заштитата на уставниот поредок, основните права и слободи, како и во воспоставувањето функционален систем на владеење на правото. Николоски истакна дека Уставниот суд има ...
Read More »Информативен ден во Елбасан за новата покана за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија
Во Елбасан денеска се одржа четвртиот информативен ден посветен на „Втората покана за предлози“ во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија – Албанија. Ова беше првиот информативен настан организиран на територијата на Албанија. На настанот учествуваа претставници на локалните јавни институции, непрофитни организации и потенцијални корисници на програмата. Присутните имаа можност да се запознаат со неопходните чекори за ...
Read More »Македонија: 13 Ноември денот на ослободување на Скопје од фашистичката окупација
На 13 ноември 1944 година, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада го ослободуваат Скопје од германската фашистичка окупација. По неколкудневни тешки борби со припадниците на 22-та германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“ која беше распоредена пред ...
Read More »Албанија ја промовира туристичката понуда преку платформата TEA и на македонски јазик
Туристичката платформа TEA им овозможува на посетителите од целиот свет полесно да ги откриваат туристичките атракции, културните настани и различните туристички доживувања низ Албанија. Според објавата на Visit Albania, платформата е достапна на 12 јазици, меѓу кои и македонскиот, со што се олеснува пристапот до туристичките информации за посетителите од Македонија. Оваа иницијатива претставува чекор кон поголема достапност на туристичката ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden