Author Archives: Весник Илинден

Премиерот Мицкоски на Самит на Европската политичка заедница во Тирана

Во Тирана денеска ќе се одржи шестиот Самит на Европската политичка заедница на тема „Нова Европа во новиот свет: единство – соработка – заедничко дејствување“, на кој ќе учествува и премиерот Христијан Мицкоски. Главна тема на Самитот, чии кодомаќини се претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и албанскиот премиер Еди Рама, ќе биде безбедноста и заедничката визија за иднината на Европа. Во ...

Read More »

Урсула фон дер Лајен од Тирана: Нашата иднина е заедничка

Од Тирана пред почетокот на самитот на Европската политичка заедница, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, даде јасна порака за единство и соработка. Опкружена со водачите на Западен Балкан – Косово, Албанија, Црна Гора, Македонија и Србија и други европски лидери, таа ја подвлече важноста на заедничката припадност. „Нашето европско семејство на вредности ги надминува границите на Европската ...

Read More »

Кошта од Тирана: Албанија може да биде во европското семејство и пред 2030 година

Албанија би можела да биде во европското семејство дури и пред 2030 година, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на заедничката прес-конференција во Тирана, со премиерот Еди Рама. Не барам некој волшебен датум. Ќе ги гледаме достигнувањата на Албанија ден по ден. Зошто не порано? Зошто не пред 2030 година. Ако продолжи со овие резултати, можно е да се ...

Read More »

За безбедноста на Самитот на европската заедница во Тирана ќе се грижат над 1.500 полициски службеници

Повеќе од 1.500 албански полицајци од сите структури, вклучувајќи го сектор за антитероризам, сообраќајната полиција,  јавен ред и мир, криминалистичка, но и општинската полиција ќе бидат на терен за непречено одвивање на самитот што утре ќе се одржи во Тирана. На терен има и групи за антиексплозиви, кои ги следат главните патишта и го надгледуваат целиот безбедносен периметар, а по ...

Read More »

Вицепремиерот Николоски на средба со министерот за одбрана на Унгарија, Кристов Залаи Бобровницки

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска е во работна посета на Унгарија, каде оствари средба со министерот за одбрана, Кристов Залаи Бобровницки. На средбата на која се разговараше за партнерството меѓу двете земји, се истакна одличната соработка во делот на одбраната, како важен дел во остварување на целите на НАТО алијансата. Стратешката цел е зачувување на мирот и ...

Read More »

Литературна вечер во Македонскиот културно информативен центар во Тирана со Наташа Сарџоска

Во Македонскиот културно информативен центар во Тирана, синоќа е одржана литературна вечер со поетесата, преведувач, есеист, професор и антрополог – Наташа Сарџоска. Наташа е автор чии книги се преведени на повеќе од 25 јазици, меѓу кои и на албански. Со своето претставување преку интервју, разговор и прашања со публиката го донесе сјајот на македонската книжевност. Присутните ги поздрави вршителот на ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана десет години рамноправен член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН)

Македонско друштво “Илинден“-Тирана, пред десет години беше примено во Федералната унија на европските националности (ФУЕН) највисоката малцинска организација во Европа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана стана прво друштво од Република Албанија рамноправен член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) во конгресот што се одржа на 15.05.2015 година во Комотини, Грција, во организија на Федерацијата на западно тракиски Турци во Европа, Здружение ...

Read More »

„Бата-прес“ го објави првиот том на Правописно-нормативниот речник на македонскиот стандарден јазик

Во издание на „Бата прес“ објавен е првиот том на Правописно-нормативниот речник на македонскиот стандарден јазик, на кој автори и редактори се осум универзитетски професори. Објавувањето на речникот е поддржано од Министерството за култура како проект од национален интерес за 2024 година. Својата прва промоција речникот ќе ја има на годинешниот Саем на книгата во арената „Борис Трајковски“, на штандот ...

Read More »

ЕУ: Изборите во Албанија беа генерално инклузивни и транспарентни

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, и комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, изјавија дека неделните парламентарни избори  во Албанија „беа генерално инклузивни и транспарентни“, но исто така посочија дека се одржале во „високо поларизирана средина во која кандидатите не уживале еднакви услови“, jaвија албанските медиуми пренесувајќи соопштение на Европската служба за надворешни работи ...

Read More »

Муцунски на 134-та сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа

Од Стокхолм, каде што оствари работна посета на Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија Тимчо Муцунски, отпатува за Луксембург, каде учествуваше и се обрати на 134-та сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа. На сесијата учествуваа министри за надворешни работи на земјите членки и високи претставници на Организацијата. Состанокот се одржа во контекст на ...

Read More »