Author Archives: Весник Илинден

Институт за македонски јазик: Светот го признава постоењето на Македонскиот јазик

Политички и академски кругови од нашето опкружување го негираат македонскиот јазик и покрај фактот за неговата засебност. Сепак, науката и вистината се на наша страна и од нив никој разумен не може да се откаже, нагласи претседателот Пендаровски, на одбележувањето на јубилејот од кодификацијата на македонскиот современ јазик. „За жал, иако поминаа седум и пол децении од стандардизирањето на македонскиот ...

Read More »

При реконструкција на старото школо што ќе биде претворено во музеј за Стерјо Спасе е пронајдена графика од 1913 година

Во селото Глобочани, општина Пустец почна реализацијата на проектот за реконструкција и уредување на старата училишна зграда, која во иднина ќе биде музеј на познатиот писател со македонско потекло Стерјо Спасе, кој е родум од ова малопреспанско село. При реализацијата на проектот за реконструкција старата училишна зграда, убаво изненадувања на ѕидовите на првиот кат на зградата излезе на виделина графика, го покажува својот изглед ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Тирана по повод 1000 години Бигорски

Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка до г. Партениј, епископ Антаниски и игумен на Бигорскиот манастир, до Свештената бигорска обител и до сите православни верници, по повод големиот јубилеј 1000 години од основањето на манастирот. Во мое лично име и во име на македонското друштво „Илинден”-Тирана и на сте Македонци во Албанија дозволите да го честитам 1000- годиншниот јубилеј од основањето ...

Read More »

Претседателот на ММДЧП Бил Николов се сретна со преставници на МНР на Канада побара осуда на принуденото преименување на Македонија

Претседателот на Македонското Меѓународно движење за човекови права Бил Николов се сретна со Дејвид Спрул и Ендрју Тарнер, генерален директор и заменик директор на одделенито за Европски и Евроазиски Прашања на министерството за Надворешни Работи на Канада и побара веднаш да се повлече непромислената канадска поддршка за принудното преименување на Република Македонија. Николов изјави дека канадската политика на „евро-атлански интеграции“ ...

Read More »

Бигорскиот манастир “Свети Јован Крстител“ денес одбележа 1000 години од неговото основање во 1020 година

Достоинствено, како што му доликува на милениумскиот јубилеј, денеска Бигорскиот манастир со централна прослава одбележа 1000 години од основањето. По пречекот на претседателот Стево Пендаровски,кој е покровител на прославата и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, од Епископот Антаниски г. Партениј и традицинална мијачка гарда, беше отслужена Божествена архијерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Архиепископот г. г. Стефан, ...

Read More »

Даниел Мусовски, Македонски иселеник од САД прифати да игра за Македонија

Даниел Мусовски, 24-годишниот напаѓач на Лос Анџелес, една од најдобрите екипи од американската лига МЛС, прифати да игра за македонската репрезентација и ќе биде повикан за ноемвриските натпревари на нашиот најдобар национален тим. Селекторот Игор Ангеловски го контактираше фудбалерот со македонско потекло и доби потвден одговор околу неговиот настап во дресот на македонската репрезентација. Доколку административно се помине во најдобар ...

Read More »

Украинската авиокомпанија “Windrose” од декември ќе започне летови кон Македонија 

Украинската авиокомпанија “Windrose” од 6 декември ќе започна со летови кон Македонија. Во објавата на својата страница на Фејсбук, компанијата напиша дека „летовите ќе се вршат од 6 декември 2020 година до 3 март 2021 година. Поаѓање од аеродромот Борсипол во 10 : 50, пристигнување во Скопје во 12:00 часот. Поаѓање од Скопје во 12:50 часот, пристигнување во Борсипол во ...

Read More »