Author Archives: Весник Илинден

Европскиот парламент со големо мнозинство го поддржа влезот на Хрватска во Шенген зоната

Европскиот парламент на денешната пленарна седница со големо мнозинство го поддржа влезот на Хрватска во Шенген зоната, а сега е потребна одлука на Советот на Европската унија за конечна потврда. Пратениците го изгласаа мислењето на Европскиот парламент за предлог-одлуката на Советот на ЕУ за прием на Хрватска во Шенген зоната. Гласаа 612 пратеници, од кои 534 беа за, 53 беа ...

Read More »

На Универзитетот во Анкара започнаа со работа Македонистичка катедра и Лекторат по македонски јазик

Со прв, промотивен час што вчера се одржа на Факултетот за јазици, историја и географија, почна да работи Катедрата за македонски јазик со лекторат на Универзитетот во Анкара. Новиот лекторат е отворен по речиси 15 години од претходно отворениот – на Универзитетот во Риека. Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ...

Read More »

Шојгу најави повлекување од Херсон (ВИДЕО)

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, им нареди на московските трупи да се повлечат од градот Херсон во јужна Украина кон кој украинските сили напредуваат со недели. „Почнете да ги повлекувате војниците“, рече Шојгу за време на телевизискиот состанок со рускиот командант во Украина, Сергеј Суровикин, кој рече дека предложил тешка одлука за повлекување од Херсон и поставување одбрана на ...

Read More »

Силен земјотрес регистриран утринава во Италија (ВИДЕО)

Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Италија во средата наутро околу 7 часот. Земјотресот се случил во 7 часот и 7 минути, на 67 километри од крајбрежниот град Римини, соопшти Евромедитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Земјотресот е почувствуван и во Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина. Во противпожарната бригада ...

Read More »

Кога документите зборуваат и Боговите молчат, ама не и Бугарите

Кога зборуваме за атакот кој со децении го прави Бугарија врз Македонците во Албанија со цел тие да се изјаснуваат за Бугари, а во интерес на вистината треба да посочиме дека бројни Македонци во Албанија оставиле свои сведоштва. Од нив многу јасно се гледа дека тие никогаш и никаде не пишувале дека се Бугари. Напротив, многу јасно сведочат за нивното ...

Read More »

Зографскиот манастир еден од најзначајните духовни и културни центри на Македонците

Во првата половина на 19 век, Зографскиот манастир имал извонредна улога во манифестацијата и заштитата на македонската култура и јазик. Ова е особено видливо во покровителствувањето на македонските училишта, како и во активностите од кои произлегле првите печатени книги на македонски народен говор, односно на македонски јазик Манастирот „Свети Ѓорѓи Зограф“, познат и како Зографски манастир, од Света Гора, е ...

Read More »

Иранските хакери објавија и видео материјали од тајните операции на албански ШИШ

Иранската хакерска група „Татковинска правда“ не се задоволија од објавувањето на списокот на вработени кои припаѓаат на Државната разузнавачка служба, па сега објавија видеа кои ги откриваат активностите на вработените во албанската тајна служба, ШИШ, јави Топ чанел. Според истиот извор во едно од видеата, снимено на 26 март минатата година, може да се види поранешниот генерален директор на полицијата ...

Read More »

Трајанов: Бугарија да ги признае Македонците и нивните права

Во името на Демократскито сојуз ќе побарам прва точка на средбата да биде да упатиме силна заедничка порака до Бугарија да ги признаат Македонците како национална припадност. Во името на Демократски сојуз ќе побарам прва точка на средбата да биде да упатиме силна заедничка порака до Бугарија да ги признаат Македонците како национална припадност и да ги остваруваат сите свои ...

Read More »

193 години од раѓањето на Марко Цепенков, најзначајниот собирач на народни умотворби

На 7 ноември во 1829 година во Прилеп е роден Марко Цепенков, еден од најистакнатите собирачи на македонскиот фолклор. Неговата автобиографија претставува богат избор за проучување на целокупниот живот на Прилеп од тоа време кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја и за правото и за моралот на Македонците. Тој е автор на ...

Read More »

Проф. д-р Катерина Тодороска: Колку да биде напишано!

Сака човек да не ве коментира, да ве измножи со нула, ама пусто сами се пикате в очи, како трн од трендафил. Па, толку од нулирањето. Не дека нешто некому ќе значи овој текст, како и многуте напишани до сега, ама чесно е да остане за историја дека имало некој што пишувал дури и кога бил свесен дека текстот ќе ...

Read More »