Author Archives: Весник Илинден

Министерот за надворешни работи на Португалската Република, Жоао Гомес Кравињо во официјална посета на Македонија

Покрај билатералните релации меѓу двете земји, во фокусот на разговорите беше иднината на процесот на проширување на Европската Унија во светло на почетокот на преговорите со Република Македонија и поддршката на Португалската Република во тој контекст. Министерот Османи се заблагодари за континуираната португалска поддршка на нашиот европски пат, потенцирајќи дека Македонија останува силно посветена на реформските задачи кои ќе треба да ...

Read More »

ЕУ ги обнови санкциите против Русија до крајот на јануари 2023

Европската Унија одлучи да ги обнови санкциите против Русија за уште шест месеци, па така се продолжени до крајот на јануари 2023 година. Ројтерс пренесува дека оваа одлука, која ја донесоа министрите за енергетика на ЕУ, се однесува на санкциите кои првпат беа воведени во 2014, а значително беа проширени по руската инвазија на Украина во февруари годинава. Во моментов ...

Read More »

ММДЧП и Тања Каракамишева – Јовановска почнаа процес пред европскиот суд за човечки права ѕа да се раскине принудното преименувањето на Македонија

Македонското меѓународно движење за човекови права започна уште еден процес пред Европскиот Суд за Човекови Права, овојпат во соработка со Тања Каракамишева – Јовановска, редовен професор по македонско уставно право. Врз Македонците беа извршени сериозни прекршувања на човековите права во пресрет и како резултат на принудната промена на името која илегално ни беше наметната од режимот во Македонија со “Преспанскиот ...

Read More »

Прекрасната пештерската црква „Света Богородица“ на островот Мал Град, Мала Преспа ве пречекува на 31 јули на незаборавна вечер во звуците на класична музика

Животот без музика би бил грешка. Фридрих Ниче. Во пештерската црква „Света Богородица“ на островот Мал Град, кај Пустец, Мала Преспа на 31 јули во 11:00 часот. Слатките звуци на концертот ќе ве одведат во друг свет, давајќи ви магични емоции. Фестивалот се одржа на островот Мал Град, овој остров има антички цркви. Црквата „Света Богородица“ која претставува еден од вредните споменици на ...

Read More »

Македонскиот јазик и македонското малцинство во соседните земји се нераскинлив дел од македонското ткиво

Експертите и познавачите со кои се консултиравме велат дека откажувањето на македонската држава од сопственото малцинство во околните држави, како и откажувањето од македонскиот јазик што се говори надвор од границите на државата, последователно низ одреден временски период доведува до „исчезнување на нацијата и во сопствената држава“! Политичките тези и изјави со кои се доведува во прашање вековниот временски и ...

Read More »

Ердоган ја обвини Грција за прекршување на малцинските права

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во изјава по повод 99-годишнината од Договорот од Лозана, ја обвини Атина дека ги прекршила одредбите од Договорот за правата на турското малцинство во Тракија. Условите што се дел од Договорот, особено правата на турското малцинство, се игнорираат или намерно се менуваат. Невозможно е нашата земја да прифати таква ситуација, која е во спротивност ...

Read More »

Отворен Балкан: Македонија, Албанија и Србија создаваат механизми за взаемна помош

Работата на меѓувладините групи и стопанските комори на земјите членки на иницијативата Отворен Балкан продолжи денеска во Тирана, со фокус врз управување и брза реакција во случај на катастрофи и несреќи, недостиг на храна и енергетски кризи. Претставници на членките на Отворен Балкан, Србија, Македонија и Албанија, се согласија дека обезбедувањето храна во услови на светска криза е предизвик и ...

Read More »

Скопје денеска одбележува 59 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска одбележува 59 години од земјотресот кој го разори градот. Во земјотресот животот го загубија 1.070 лица, а околу 3.000 беа повредени. На 26 јули 1963 година Скопје се разбуди под урнатини. Во катастрофалниот земјотрес кој го погоди градот во 5 часот и 17 минути животот го загубија 1.070 лица, а околу 3.000 беа повредени. Беа урнати 15.800 станови, ...

Read More »

Отворен Балкан: Состаноци во Тирана за поголема солидарност и имплементацијата на договореното

Време е да се фокусираме на резултати, опипливи и видливи кои произлегуваат од реалните потреби на граѓаните што значи дека се автентични и органски. Денеска тука сме три земји со отворени претпристапни преговори со Европската Унија и сите знаеме колку Отворен Балкан има потенцијал да ги акцелерила реформите потребни за влез во ЕУ. Ова го изјави вицепремиерот за економски прашања ...

Read More »

Македонската амбасада во Тирана упати честитка до новиот албански претседател Бајрам Бегај

“Честитки за неговата екселенција господинот Бајрам Бегај, кој од вчера го започна својот мандат како претседател на Република Албанија. Амбасадата на Македонија во Албанија со нетрпение очекува да ја продолжиме нашата блиска и добра соработка”, стои во честитката. Бегај кој на 4 минатиот месец беше избран од страна на албанскиот парламент, со давањето заклетва во законодавниот дом и свеченото примопредавање, ...

Read More »