Мобилните оператори од Европската Унија и од Западен Балкан денеска се сретнаа со претставници на Советот за регионална соработка и на Европската комисија на разговори за планираното намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан. Цените на роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан треба да бидат приближно исти со оние на национално ниво до 2027 година, ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Македонците во областа Голо Брдо со нов пат од Радоешта до Острени
Македонците во областа Голо Брдо со нов пат од Радоешта до Острени се користи од жителите на областа Голо Брдо, финансирањето доаѓа од Општина Булќиза во рамките на рехабилитација на приоритетните патишта во општината, овој пат кој со години е повеќе од амортизиран од утре ќе почне да се асфалтира со што максимално ќе се олесни движењето на жителите и возилата во областа ...
Read More »Македонија: Министерството за надворешни работи упати вербална нота до Софија, поради изјавите на европратеникот Џамбаски
Министерството за надворешни работи на Република Македонија, преку својата Амбасада во Софија, упати вербална нота, со која изрази крајно незадоволство од неодамнешните јавни изјави на членот на Европскиот парламент и ко-претседател на политичката партија ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски. Џамбаски во повеќе наврати изразува иредентистички и територијални претензии кон Република Македонија и упатува тешки навреди кон угледот на високи државни претставници на ...
Read More »Министерот советник во македонската амбасада во Тирана, Спахиу учествуваше на средба во Централната изборна комисија
Министерот советник во македонската амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу учествуваше на консултативната средба организирана од албанската Централната изборна комисија (ЦИК) во рамки на подготовките за локалните избори во оваа земја. Членови на комисијата предводени од претседателот Илирјан Целибаши со претставниците на амбасадите кои имаат малцинства во нашата земја разговараа за едукативната програма за изборите за органи на локалната самоуправа што ќе ...
Read More »Стојков: Клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград ќе биде отворен, ќе го поканиме и премиерот Ковачевски
Тоа е срамота и покажува на што сè се подложени Македонците во Бугарија, вели претседателот на ОМО “Илинден”-Пирин, Стојко Стојков за декларацијата со која Советот на Општина Благоевград го забрани отварањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“, со образложение дека Благоевград нема да биде центар за слични пропагандни провокации и дека таму нема место за македонисти. Овие луѓе во Советот на ...
Read More »Патот Ќафасан-Елбасан ќе биде со четири ленти, работите почнуваат следниот месец
Следниот месец почнуваат градежните работи за реконструкција и проширување на патниот правец граничен премин Ќафасан, на албанско – македонската граница до градот Елбасан. Според директорот на Агенцијата за државни патишта Ервис Бербери патот ќе биде со четири ленти, проектот предвидува интервенција на постојниот пат, но и изградба на нови сегменти во зависност од теренот. Во ноември почнуваат работите за првите ...
Read More »Демократија во ЕУ – Бугарија: Советот на Општина Благоевград го забрани отворањето на македонскиот културен клуб Никола Вапцаров
Советот на Општина Благоевград го забрани отварањето на македонскиот културен клуб што требаше да го носи името на македонскиот поет Никола Вапцаров, наводно поради тоа што бил, како што велат од таму, „македонист“, пренесува „Фактор.мк“ Во образложението од Советот на Општина Благоевград стои дека „Благоевград нема да биде центар за слични пропагандни провокации“. Советникот Кирил Илиев од ГЕРБ изјави дека ...
Read More »ОМО „Илинден“ – Пирин го прослави денот на Македонското востание
Претставници на организацијата на Македонците од Бугарија, ОМО „Илинден“ – Пирин денеска на повеќе локации го одбележа одбележан денот на Македонското (Кресненско) Востание. Фото: Фејсбук профил на ОМО „Илинден“ – Пирин На Фејсбук профилот на организацијата информираат дека во 10 часот во градот Кресна, пред споменикот на Димитар Поп-Георгиев Беровски, говор одржал Стојко Стојков. Фото: Фејсбук профил на ОМО „Илинден“ ...
Read More »Пиринска Македонија 144 години од Македонско Кресенско востание
Македонското Кресненско востание е востание на Македонскиот народ против отоманската власт кренато на 17 октомври (5 октомври по стар стил) 1878 година, во селото Кресна, во долината на реката Струма во Пиринска Македонија, со цел ослободување и создавање на независна Македонска држава. Главните подготовки за кревање на востанието биле водени од повеќемина видни Македонци – учители, трговци и свештеници. Најангажирани во ...
Read More »Скулпторот Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо подготвува уметничкото прикажување на главните личности на Македонија
Дниве сме сведоци на активностите околу еден исклучителен настан од културата, кој за нас, како Македонци во Албанија има особено значење. Станува збор за подготовките за презентација на делата на дипломираниот скулптор Генци Кадриу, чие потекло е од с. Требиште во областа Голо Брдо во Албанија. Своето високо образование го завршува на Академијата за ликовни уметности во Тирана, во 1990 ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden