Author Archives: Весник Илинден

Честитка од Македонското друштво “Илинден“-Тирана по повод празникот 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба

Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка по повод празникот 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба. Од името на сите Македонци кои живеат во Албанија, упатуваме честитки, по повод големиот празник, 23 Октомври, Денот кога е формирана македонската револуционерна организација, која е олицетворение на македонскиот непокор. Овој голем национален празник е потсетник за првата семакедонска организација и нејзината најголема цел ...

Read More »

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Д-р Кирил Пецаков актуален пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, и кандидат за градоначалник на Охрид

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај на 21.10. 2021 година оствари средба со Д-р Кирил Пецаков актуален пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, и кандидат за градоначалник на Охрид на престојните Локални избори. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информираше Д-р Кирил Пецаков за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат ...

Read More »

Македонија од 1 јануари влегува во тројката на претседавачи на ОБСЕ, заедно со Шведска и Полска

Македонија од 1 јануари влегува во тројката на претседавачи на ОБСЕ, заедно со овогодишниот претседавач Шведска и претседавачот во 2022 година Полска, додека веќе во 2021 година ќе претседаваме со медитерански партнери за соработка на ОБСЕ како генерална проба за нашите обврски како претседавач со организацијата во 2023 година. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, посочи дека денешната работна средба ...

Read More »

Втора обдукција во Русија за руските туристи кои починаа во хотелска сауна во Албанија

Телата на четворицата руски туристи, кои беа пронајдени мртви во хотелска сауна во туристичката зона Ќерет, кај Каваја, роднините ги презеле од мртовечницата во Тирана и по нивно барање ќе подлежат на втора обдукција во Русија. Во доцните вечерни часови синоќа, телата на четворцата руски туристи беа подигнати од мртовечницата од нивните најблиски. Присутни биле и претставници на руската амбасада. ...

Read More »

Полицискиот час во Албанија останува во сила, а се воведува трета доза антиковид вакцина

Технички комитет на експерти за справување со пандемијата, денеска одлучи во Албанија да останат во сила веќе постојните ограничувачки мерки, а ја одобри препораката на Комитетот за вакцинација, за аплицирање трета доза на вакцина против Ковид-19. Тоа значи дека полицискиот час, воведен во ноември минатата година, продолжува во период од 23 до 6 часот, музика во угостителските објекти се дозволува ...

Read More »

Македонското меѓународно движење за човекови права се заблагодари на Европската слободна алијанса за поддршката за Македонците во Бугарија и Грција

Европската Слободна Алијанса (ЕФА) продолжува со својата силна поддршка за човековите права на Македонците. На своето Генерало Собрание што се одржа меѓу 14 и 16 октомври 2021 година во Брисел, ЕФА ја објави следната декларација. ЕФА ја разобличи систематската дискриминација на Македонците во Бугарија и Грција, и ги посочи протоколите на самата Европска Унија во кои се бара да се ...

Read More »

Амерканската амбасадорка побара од албанскиот парламент да го продолжи мандатот за ветинг

Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, денеска го повика албанскиот парламент да го продолжи мандатот за ветинг. По средбата со амбасадорот на ОБСЕ Дел Монако, Ким објави на Твитер дека препораките на ОБСЕ / ОДИХР треба да се спроведат. Се сретнав со амбасадорот на ОБСЕ во Албанија Дел Монако за да разговараме за голем број прашања. Се согласивме дека Парламентот ...

Read More »

Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски се сретна со саудискиот амбасадор Хивзи Фасиал Гхази

Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски оствари работна средба со неговиот колега, амбасадорот на Саудиска Арабија, Фасиал Гхази Хивзи со седиште во Тирана, кој нерезидентно ја покрива и  Македонија, информираа од амбасадата. Додаваат дека срдечната средба, била искористена за размена на информации околу можностите за унапредување на економската соработка, областа на туризмот, како и организирање на посета на стопански делегации од ...

Read More »

Необјавен текст на Блаже Конески претставен на 6. Отворени денови на Институтот за македонски јазик

Непознат ракопис што на три страници го напишал Блаже Конески и му го посветил на Никола Јонков Вапцаров беше претставен денеска на почетокот на шестите Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Д-р Марија Коробар-Белчева рече дека необјавениот текст на Конески, насловен „Вапцаров меѓу македонските писатели“, го нашла во оставнината на Перо Коробар, прв директор на првото Државно ...

Read More »

Унгарија предупредува на зголемена миграција преку Западен Балкан

Бројот на мигранти кои се обидуваат илегално да влезат во ЕУ преку Западен Балкан се зголемува и оваа година надмина 82.000, соопшти денеска унгарското Министерство за надворешни работи, цитирајќи го министерот Петер Сијарто на конференцијата за миграции во Виена. Според соопштението на Министерството, секојдневно се евидентираат обиди за илегално преминување на границата во Унгарија, а владата од 2015 година потроши ...

Read More »