Author Archives: Весник Илинден

Отворена првата архивска изложба на МНР „30 години независност- ретроспектива на надворешната политика“

По повод 30 години од независноста на нашата држава, во Министерството за надворешни работи денеска беше отворена првата архивска изложба на Министерството насловена „30 години независност- ретроспектива на надворешната политика“. Министерот за надворешни работи Бујар Османи на отворањето истакна дека оваа е прва архивска изложба на МНР во која прават првичен обид да се даде сеопфатна и длабинска слика за ...

Read More »

Мицкоски: Порака до македонскиот народ, масовно да излезе и да се попише

Она што е важно е да кажеме дека одговорни за законито и точно спроведување на пописот е владата и Државниот завод за статистика, се останато во овој процес е фолклор, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното интервју во емисијата Анализа на ТВ 24 коментирајќи го почетокот на пописот. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи уште на почетокот на оваа ...

Read More »

Во Албанија стапија на сила ограничувачките мерки за влез во земјата

Во Албанија денеска стапија на сила ограничувачките мерки за влез во земјата, што Комитетот на експерти за справување со пандемијата ги донесе на 30 август. Според ова одлука, граѓаните кои влегуваат во Република Албанија од сите гранични премини мора да исполнуваат еден од следниве три услови: да поседуваат пасош за вакцинација, при што од денот на ревакцинацијата треба да изминале најмалку две ...

Read More »

„Ефектот на среќата“ на Борјан Зафировски победник на балканскиот фестивал во Подградец

Долгометражниот филм „Ефектот на среќата“ на Борјан Зафирски е е прогласен за најдобар на Балканскиот филмски фестивал одржан во Подградец, Албанија. -„Ефектот на среќата“ на режисерот Борјан Зафировски од Македонија триумфираше на 11 -то издание на Балканскиот филмски фестивал во Поградец. Беше во конкуренција на 40 филски остварувања од Албанија, Македонија, Романија, Унгарија, Турција, Хрватска, Србија, Грција, Косово, Црна Гора. ...

Read More »

Лидерот на отпорот во Авганистан повика на востание против Талибанците

Водачот на движењето за отпор во авганистанската долина Паншир повика на „национално востание“ против Талибанците, кои тврдат дека ја презеле целосната контрола врз провинцијата која беше последна што ја држеа опозициските сили. Досега не беше можно да се добие независна потврда за денешните настани во Паншир, каде исламистичката милитантна група ги прекина телефонските врски, интернетот и електричните водови. Талибанците пред ...

Read More »

Конститутивна седница на албанскиот Парламент закажана на 10-ти септември

Врз основа на уставните надлежности седницата со уредба ја свика претседателот Илир Мета. Во новиот Парламент со вкупно 140 пратенци Социјалистичката партија (ПС) има 74 пратенички места, изборната коалиција предводена од Демократската партија (ПД) 59, Движењето за социјалистичка интеграција интеграција (ЛСИ) четири и Социјалдемократската партија има три пратенички места. Како што пред два дена, на седница на Националното партиско собрание, ...

Read More »

САД воведоа санкции за четворица ирански разузнавачи

Соединетите Американски Држави воведоа санкции против четворица ирански разузнавачи, кои се обиделе да киднапираат американски новинар, како дел од поширокиот обид да ги замолчат критичарите на владата во Техеран. Иран го негира тоа. Американското Министерството за финансии на 3 септември објави дека санкциите се насочени кон иранскиот разузнавач на висока позиција Алиреза Шахвароги Фарахани и неговите подредени, Махмуд Казеин, Кија ...

Read More »

Костова претставник од Агенцијата за иселеништво на средба со претставници на „Комисијата за човекови права и грижа за националните малцинства“ во Парламентот на Романија

Во организација на Пратеникот кој ги застапува правата на националните малцинства во Романија г-дин Јонуц Станку, раководителот на Сектор за одржување и унапредување на врските со иселениците, Билјана Костова, како претставник од Агенцијата за иселеништво на Република Македонија го посети Парламентот на Република Романија, каде оствари работна средба со претставници на „Комисијата за човекови права и грижа за националните малцинства“. ...

Read More »

Владата на Србија со закон ќе ја штити и чува кирилицата

Владата на Србија го усвои Предлог -законот за употреба на јазиците во јавниот живот и заштита и зачувување на кирилицата, со кој се регулира употребата на српскиот јазик и мерките за заштита на кирилицата како мајчин јазик , соопшти српската влада. „Овој Предлог -закон го дефинира воспоставувањето дополнителни мерки насочени кон негување на српскиот јазик и кирилицата, како и културните ...

Read More »