Author Archives: Весник Илинден

ЕУ ќе ги олеснува ограничувањата за патување на македонските граѓани

Европската Унија одлучи да ги олесни ограничувањата за патување на нашите државјани, на што се согласија сите 27 членки на блокот. Оваа одлука на ЕУ доаѓа по стабилизација на состојбата со вирусот во државата. Продолжуваме будно да ја следиме епидемиолошката состојба во земјава. Апелирам до граѓаните дека сѐ уште важат основните мерки за заштита од вирусот Ковид 19. Пандемијата не ...

Read More »

Почна историската средба меѓу Путин и Бајден (ВИДЕО)

Денеска во Женева, Швајцарија, се одржува самитот помеѓу претседателите на Соединетите американски држави и Русија, Џо Бајден и Владимир Путин. На самитот, кој е последниот во турнејата на Џо Бајден во Европа, ќе се дискутираат клучни прашања во билатералните односи помеѓу двете земји. Путин и Бајден последен пат се видоа пред 10 години, кога тој служеше како потпретседател во администрацијата ...

Read More »

Официјално отворена Амбасадата на Македонија во Братислава

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи денеска во Братислава официјално ја отвори Амбасадата на земјава во Словачка, во присуство на неговиот словачки колега, министерот за надворешни и европски работи Иван Корчок. Сигурен сум дека овој нов убав и топол дом на Македонија во Словачка, ова катче ќе биде уште една точка преку која ќе ја развиваме нашата соработка, еден вид ...

Read More »

На денешен ден роден е Павел Шатев – истакнат македонски револуционер

Во Кратово на денешен ден, 15 јуни во 1882 година е роден Павел Шатев, истакнат македонски револуционер и анархист, член на Гемиџиите и еден од солунските атентатори. Подоцна станал еден од основачите на ВМРО (Обединета), а по ослободувањето на Македонија – прв министер за правосудство. Основното училиште го завршил во родниот град, а потоа се запишал во прогимназијата во Скопје. ...

Read More »

Албанскиот Парламент ја достави одлуката за разрешување на претседателот Мета до Уставниот суд

Албанскиот законодавен дом попладнево до Уставниот суд ја достави одлуката за разрешување на претседателот Илир Мета. Уставниот суд има рок од три месеци да одлучи дали ќе го разгледа случајот или не, додека нема ограничување во времето до кога мора да го заврши судењето и да донесе одлука. Треба да донесе конечна одлула дали наодите на Собранието, за сериозно кршење ...

Read More »

Стерјовски побара повеќе средства за РТШ за да се формира редакција на македонски и на другите малцинства

На денешната пленарна седница на албанскиот парламент, пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски побара од Владата финансиски да ја подржи државната телевизија, со цел да се формираат редакции на малцинствата, вклучувајќи ја и редакцијата на македонски јазик. Потсети дека според законот „За заштита на националните малцинства во Република Албанија“, пред речси четири години, албанската државна радио-телевизија ...

Read More »

Земјотрес во Грција почувствуван во Македонија

Земјотрес со интензитет од 4,1 степен според Рихтер, бил регистриран денеска во Грција, во близина на осторовот Крф, на границата со Албанија. Земјотресот бил почувствуван и во југозападните делови од земјава, односно во околината на Охрид, Ресен и Битола. Ова е нов во серијата на земјотреси во последно време во Грција.

Read More »

Струмичкиот карневал учестуваше на меѓународниот карневалски фестивал во Корча

Со ова гостување бележат уште едно успешно претставување на вредностите и традициите на Струмичкиот карневал во странство, како прво такво патување во услови на Ковид пандемија. Струмичкиот карневал и традицијата на градот под Царевите кули успешно претставени пред публиката во Албанија. На покана од Центарот за уметност и култура-театар “Андон Зако Чајупи” од Корча, 20 струмички карневалисти од групите на ...

Read More »