Author Archives: Весник Илинден

Делегација од Бигорски, Рајчица и Пречиста на средба со митрополитот г. Тимотеј

По двајца претставници на бигорското монашко братство и на сестринствата од Манастирите Рајчица и Пречиста, со благослов на нашиот старец, Епископот Антаниски г. Партениј, денеска остварија средба со почитуваниот надлежен архиереј на Дебарско-кичевската епархија, Неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј, во неговото митрополитско седиште крај Плаошник во Охрид. Монасите и монахињите беа срдечно пречекани и примени од нашиот монахољубив Митрополит. Поводот, пак, ...

Read More »

Албанија: Почна вакцинацијата на новинарите и полициските службеници

Во Албанија попладнево почна вакцинацијата на новинарите и другите медиумски работници, како категорија која се наоѓа во најголема опасност од Ковид-19. Вакцинацијата се одвива врз основа на списоците доставени од редакциите, а продолжува секој ден по 15 часот. Попладнево почнавме со вакцинација на медиумските работници, а од утре и со припадниците на полицијата. До сега имунизиран е целокупниот здравствен кадар ...

Read More »

Во Албанија вакцинирани над 155 илјади лица

Од 11 јануари кога почна процесот на вакцинација, заклучно со вчерашниот ден, во Албанија против Ковид-19 имунизирани се над 155 илјади лица, објави на Фејсбук министерката за здравство, Огерта Манастирлиу. Таа нагласува дека кампањата „Албанија се насмевнува“ нема да запре додека не се вакцинира последниот граѓанин. Ние нема да застанеме со кампањата „Албанија се насмевнува“ сè додека не се вакцинира ...

Read More »

Стерјовски и Колефски во посета на Македонците во Церје, бараат отворање премин на албанско- грчката граница

Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски и градоначалникот на општина Пустец, беа во посета на селото Церје, на албанско-грчката граница, каде со жителите е разговарано за проблемите со кои се соочуваат и прашањата кои чекаат итно решавање. Ги посетивме жителите на планинското село Церје, општина Пустец, каде за жал поради лошите услови за живот поголемиот број жители ...

Read More »

Стојко Стојков: Тоталитаризмот на Бугарија, лиемерието на ЕУ 

Дали ќе дозволиме тоталитарното минато да навлезе во нашата заедничка европска иднина? Доктор Стојко Стојков е ко-претседател на Обединетата Македонска Организација „Илинден“-Пирин, политичка партија која го претставува македонското малцинство во Бугарија и е членка на ЕФА. Европската Унија гордо претендира да изгради општество засновано на инклузивноста, толеранцијата, правдата, солидарноста и недискриминацијата. Промовирањето на слободата, човечкото достоинство, еднаквоста, владеењето на правото ...

Read More »

Стојков: Ставот на Стејт Департментот за Mакедонците во Бугарија е позитивен сигнал (ВИДЕО)

Бугарија никогаш не ја променила политиката кон Македонија кога е во прашање признавањето на постоење  македонска нација и македонско малцинство во Бугарија, освен ако истото не е редефинирано на бугарски основи. Тоа е политика на асимилација, прогон, дискриминација која датира од шеесетите години па се досега кон се што е небугарско на бугарска територија , но со најголем фокус врз ...

Read More »

Ексклузивно: Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија

На 4 април 2021 година во Бугарија се гласа за избор на народни претставници за бугарското Собрание. За таа цел, согласно член 31, ал. 1 во врска со член 32 од Изборниот законик на Бугарија, бугарските државјани кои живеат надвор од Бугарија имаат обврска да се пријават за гласање во акредитираните центри за гласање. Таквата обврска ја имаат искористено и ...

Read More »

Македонија jа направи најголемата сензација во својата фудбалска историја ја победи Германија 2:1

Македонската фудбалска репрезентација ја направи најголемата сензација во својата фудбалска историја со победата над Германија во Дуизбург со 2:1. Нашите репрезентативци одигра одличен натпревар и со головите на Пандев и Еламс ја шокираа Германија на нивен терен. Натпреварот започна со доминација на Германија, но заврши со голема победа на нашата репрезентација. Леон Горетцка во 9.минута прими топка во нашиот шеснаесетник, ...

Read More »

Стерјовски оствари средба со Директорот на Царинската управа, Сугарески

Директорот на Царинската управа на Република Македонија, Горан Сугарески на 26.042021 година оствари средба со Васил Стерјовски, пратеник во албанскиот Парламент од партијата Македонска алијанса за европска интеграција. Сугарески нагласи дека на состанокот се разговарало на повеќе теми за заедничка соработка со цел добрососедските односи и понатаму да продолжат со овој интензитет и меѓусебно почитување. Васил Стерјовски е пратеникот кој ...

Read More »

Албанија и Италија со меѓусебно признавање на возачките дозволи

Албанската влада во службен весник го објави договорот за меѓусебно признавање на возачките дозволи со Италија. Со оваа одлука, сите албански државјани кои се стекнале со возачка дозвола издадена во Албанија и кои имаат дозвола за престој таму, ќе ја конвертираат дозволата без полагање теоретски и практичен дел. Истото важи и за италијанските државјани кои имаат свои бизниси или по ...

Read More »