Со низа свечени настани низ Албанија денес беше одбележана 113 години од основањето на Албанската државна полиција. Централната церемонија се одржа во Тирана, во присуство на претставници на Министерството за внатрешни работи, полицијата и други државни институции. Заменик-министерот за внатрешни работи Џемал Ќефалија истакна дека полицијата повеќе од еден век има клучна улога во зачувувањето на редот и безбедноста и ...
Read More »Албанија
Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија предупреди албанските граѓани кои се во Иран да бидат внимателни поради масовните протести
Министерството за Европа и надворешни работи ги предупредува албанските граѓани кои моментално се наоѓаат во Иран да бидат претпазливи и да останат во постојан контакт со дипломатските и конзуларните претставништва на Албанија во регионот. Оваа инструкција доаѓа како резултат на протестите што започнаа во главниот град Техеран и се проширија во над 100 градови. Албанска амбасада во Катар Е-пошта: embassy.doha@mfa.gov.al ...
Read More »Адвокатот Гентиан Сејрани е критичен кон постапката за избор на Константина Безиани, директор на комитет за национални малцинства во Албанија
Адвокатот Гентиан Сејрани, директор на невладината организација „За социјална правда“ и претставник на египетската заедница во Албанија, изрази остри критики кон изборот на Константина Безиани, директор на комитет за национални малцинства во Албанија. Според Сејрани, иако повторното назначување е формално дозволено со важечкото законодавство, назначувањето лице на возраст за пензионирање на чело на оваа институција дополнително го ослабува нејзиното функционирање ...
Read More »Над 13 илјади хектари поплавено земјиште и 1.587 куќи под вода во Албанија
На четвртиот ден од лошите временски услови, во Албанија се поплавени 1.587 куќи и 13.211 хектари земјиште. Билансот беше објавен на состанок на Советот за цивилни вонредни ситуации, со кој претседаваше премиерот, Еди Рама. За справување со состојбата се обезбедени 50 милиони евра, а според шефот на извршната власт, погодените жители ќе бидат обештетени. Во меѓувреме, денес е забележано подобрување ...
Read More »Бегај упати апел до жителите на поплавените подрачја да ги следат упатствата на надлежните
Претседателот Бајрам Бегај упати апел до жителите на поплавените подрачја да ги следат упатствата на надлежните одговорни за евакуација, откако состојбата почна да се влошува. Тој посочи дека со загриженост ја следи ситуацијата создадена од интензивните врнежи од дожд во земјата, и оти е во постојана комуникација со раководителите на централните и локалните институции, со структурите за цивилни вонредни состојби ...
Read More »Маж на 54 години е првата евидентирана жртва во поплавите во Албанија
Маж на 54-годишна возраст е првата евидентирана жртва во поплавите по обилните врнежи. Лицето се водело за исчезнато два дена пред денеска неговото безживотно тело да биде пронајдено во одводен канал кај Драч. Според првичните информации објавени од локалните медиуми, мажот бил дел од екипата на комуналното претпријатие која била ангажирана во расчистување на каналот кога бил однесен од водната ...
Read More »Венгу: Во Драч поплавени 800 домови, евакуирани 180 жители, опасноста не е помината
Министерот за одбрана Пиро Венгу, синоќа го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч во врска со ситуацијата со поплавите во овој регион, каде состојбата е најкритична. По состанокот, министерот изјави дека состојбата со поплавите во регионот Драч сè уште останува проблематична. Според него, околу 800 домови се поплавени, додека 180 луѓе се евакуирани поради опасноста. „Сите структури ...
Read More »Судот ја одби жалбата: Илир Мета останува во притвор
Поранешниот претседател на Албанија и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета и понатаму ќе остане во затворски притвор, откако Специјалниот суд за борба против корупција и организиран криминал денеска не го прифати неговото барање за определување поблага мерка за обезбедување присуство. Истрагите против Мета, кои ги водеше СПАК, беа затворени на 28 јули минатата година, а комплетното досие ...
Read More »Снежни врнежи во Ќафасан полицијата апелира за задолжителна употреба на синџири
Снежни врнежи денеска го зафатија подрачјето на Ќафасан во регионот на Поградец, што предизвика отежнато одвивање на сообраќајот. Од Управата на полицијата во Елбасан зинформираат дека во утринските часови е забележан мраз во местото Драгостуње, сообраќајната полиција е постојано на терен и им пружа помош на возилата кои се соочуваат со потешкотии или се блокирани. Полициските власти апелираат до возачите да ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden