Албанија

Состојбата со шумските пожари во Албанија покажува значително подобрување

Состојбата со шумските пожари во Албанија покажува значително подобрување, јави Албанската радиотелевизија. Според најновите официјални податоци од Албанското Министерство за одбрана и Албанската Национална агенција за цивилна заштита (AKMC), до синоќа се регистрирани вкупно седум пожари, од кои четири остануваат активни, додека три други се под строг надзор за да се спречи повторно разгорување. Во гаснењето на пламените јазици ангажирани ...

Read More »

Уапсен осомничениот за убиството на 20-годишниот Французин во Ксамил

Сократ Вата (29), осомничен дека е сторител на убиството на 20-годишниот француски државјанин Мигел Мендес во Ксамил, е уапсен по неколку часа во бегство. Тешкиот инцидент се случил утрово во крајбрежната зона на Ксамил, каде животот го загубил 20-годишниот Французин. Вата бил уапсен на контролен пункт поставен во Леван, во рамки на полициската акција за негово пронаоѓање. Според информациите, 29-годишникот ...

Read More »

Подготовките за формирање на бектешката држава во Албанија се интензивираат

Подготовките за создавање на суверена држава на Бектeшкиот ред во Тирана влегуваат во нова фаза, при што лидерите на заедницата работат на идните институционални структури и неговото претставување надвор од Албанија. Ова го пишува „Intelligence Online“ во статија објавена на 18 август 2026 година од Франк Рено. Според француските медиуми специјализирани за разузнавачки прашања и мрежи на влијание, помалку од ...

Read More »

Младо момче пронајдено избодено до смрт на лежалка на плажа

Дваесетгодишен француски државјанин е пронајден без знаци на живот во раните утрински часови, на лежалка на плажа во Ксамил. „Телото на жртвата, Мигел Мендес, на возраст од околу 20 години, е пронајдено утрово во 5:15 часот. Постојат основи на сомнение дека бил избоден со нож, од страна на С.В, на возраст од 29 години, од северниот албански град Хас, кој ...

Read More »

Рама за „UnHerd“: Протестите покажуваат нормална европска Албанија, алгоритмите ги мобилизираа демонстрантите

Премиерот Рама вели дека, и покрај тензиите, е „многу горд“ што протестите се одржуваат со денови на претежно мирен начин. “Фактот што граѓаните можат да протестираат на булеварот без да бидат попречени покажува дека Албанија се однесува како нормална европска земја, каде што протестите се дел од демократскиот живот, рекол тој, објави АТА. Пемиерот, Еди Рама за британскиот „UnHerd“,  изјави ...

Read More »

Пожар во хотел во Валона: 5 лица на лекување во Тирана, еден пациент во критична состојба

Во пожар што избувнал во хотелот „Бруклин” во приморскиот албански град Валона, повредени се повеќе туристи, при што  петмина се пренесени на лекување во Тирана, еден е во критична состојба. Според Министерството за здравство, тројца од повредените се примени во Универзитетската клиничка болница „Мајка Тереза“. Еден од пациентите е во сериозна состојба, поради високиот процент на изгореници и бара континуирано ...

Read More »

Православните верници го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица

Православните верници во Албанија, како и во сите православни цркви и земји каде што празниците се одбележуваат според новиот календар, денес, 15 август, го празнуваат еден од најголемите христијански празници – Успение на Пресвета Богородица. По тој повод, во православните храмови низ земјата се одржуваат празнични богослужби и Свети Литургии, а верниците се собираат во молитва и ја оддаваат почитта кон Пресвета ...

Read More »

Рама ја брани поддршката за Украина по изјавата на Зеленски за Косово: Спротивставувањето на агресијата не е трговија

Премиерот Еди Рама денеска застана во одбрана на континуираната поддршка на Албанија за Украина, реагирајќи по изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Киев нема да го признае Косово. Во исто време, Рама упати остри критики до, како што ги нарече, гласните националистички реакции во Тирана и Приштина. „Мојот драг пријател Володимир Зеленски застана во Белград и рече дека Украина ...

Read More »

Сериозна состојбата со пожарите во Албанија (ВИДЕО)

Повеќе од сериозна е состојбата со пожарите во Албанија, посебно во предградието на Тирана, потоа кај Круја и Националниот парк “Лура”, кои се вон контрола. Пламените јазици од планинската падина се проширија кон Лундра во Тирана приближувајќи се кон домовите и хеликоптерската база во Фарка. Поради неможноста да се интервенира од воздух, во текот на ноќта, ангажирани се оперативни сили ...

Read More »

Пожар од големи размери во село во близина на Тирана

Пожар, кој избувна доцна попладнево, во селото Дaиас кај Тирана, се прошири на голема површина. Пламените јазици, потпомогнати од ветерот, се шират брзо, додека чадот ја покрива целата област. Пожарникарите продолжуваат да се борат со пламените јазици, кои се со големи размери. Во опасност биле и две противпожарни возила и неколку пожарникари, кои брзо се повлекле, објавија локалните медиуми. Во ...

Read More »