Албанија

Поглаварот на Албанската автокефална православна црква г.г. Јоан номиниран за лице на годината 2025 во Албанија

Поглаварот на Албанската автокефална православна црква г.г. Јоан, Архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија е номиниран за титулата „Лице на годината 2025“ во Албанија, соопштија локалните верски медиуми. Признанието доаѓа како резултат на неговата посветена пастирска служба, иницијативите за меѓународна соработка и континуираниот ангажман за добробит на заедницата. Во образложението за номинацијата е истакнато дека архиепископот се залагa за ...

Read More »

Цената на електричната енергија во Албанија останува непроменета за 2026 година

Регулаторна управа за енергетика одлучи малопродажните цени на електричната енергија за крајните потрошувачи, снабдувани од давателот на универзална услуга да останат во сила до 31 декември 2026 година. Одлуката е донесена на состанокот на Управниот одбор по евалуација на финансиските и економските индикатори на снабдувачот, од кои произлегува дека важечките цени ги покриваат трошоците за дејноста и гарантираат нормално функционирање ...

Read More »

Министерката за Европа и надворешни работи, Елиса Спиропали во официјална посета на Македонија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска во Скопје ќе ја пречека министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали. Ова е нејзина прва официјална посета на нашата земја. На средбата е предвидено двајцата министри да разговараат за актуелните политички состојби во двете држави, како и за билатералните односи и соработката. Посебен фокус ќе ...

Read More »

Рама најави укинување на забраната за ТикТок

Владата го забрани ТикТок пред една година, кога објави на платформата предизвикаа кавга помеѓу млади лица, при што беше убиено со нож 14-годишно момче. Премиерот Еди Рама објави дека платформата за социјално вмрежување ТикТок повторно ќе биде достапна во Албанија. Тој, во интервју за Политико, откри дека Владата постигнала партнерство со платформата и наскоро ќе ги претстави новите мерки за ...

Read More »

Албанија нема проблем со претстојниот предлог на ЕУ за ограничување на правото на вето на новите членки

Албанија „нема проблем“ со претстојниот предлог на ЕУ за ограничување на правото на вето на новите членки на почетокот од нивното членство – идеја насочена кон смирување на главните градови скептични кон проширувањето. „Мислам дека е добра идеја“, му рече албанскиот премиер Еди Рама на новинарот на „Политико“ пред самитот ЕУ-Западен Балкан во среда вечерта. Рама призна дека несогласувањето во ...

Read More »

Пратениците од опозицијата со димни бомби ја прекинаа седницата во парламент (ВИДЕО)

Вистински хаос предизвикаа пратениците од опозицијата на денешната пленарна седница на албанскиот парламент, пред воопшто да почне седницата, поради што претседателот Нико Пелеши беше принуден да ја прекине, која потоа продолжи во многу тензична атмосфера. Пратениците од опозицијата најпрво насилно се обидоа да седнат на министерските места, судирајќи се со обезбедувањето, но дел од нив сепак ги зафатија местата на ...

Read More »

Рама формира комисија за етика за борба против непотизмот во СП

Премиерот и лидер на владејачките социјалисти, Еди Рама најави засилена борба против непотизмот во редовите на партијата, најавувајќи формирање комисија за етика. По негов предлог, комисијата ќе врши контрола на можни случаи на непотизам во партијата, а ќе ја предводи поранешната претседателка на албанскиот парламент и ексминистерка за образование, Линдита Никола. Рама предупредил дека во министерствата и другите државни институции ...

Read More »

Албанија и Канада со договор за директни линии

Канада и Албанија потпишаа историски договор за воздушен транспорт кој ќе овозможи први директни летови меѓу двете земји. Спогодбата претставува голем чекор напред во зајакнувањето на билатералните односи, создавајќи нови можности за трговија, патувања и културни размени. Министерот за транспорт на Канада и лидер на Владата во Долниот дом, Стивен Мекинон, го објави договорот на 16 декември, истакнувајќи ја неговата ...

Read More »

СПАК бара од Собранието да го одземе пратеничкиот имунитет на вицепремиерката Балуку

Специјалното обвинителство  против корупција и организиран криминал (СПАК), попладнево побара од албанскиот Парламент да и го одземе пратеничкиот имунитетот на вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, за да се овозможи нејзино апсење. На 31 октомври СПАК поднесе обвинение против Балуку, под сомнение за сторени прекршоци при доделувањето на тендери и корупција тешка со милиони евра. Таа беше ...

Read More »

ДП го прекина учеството во комисиите за изборните реформи и територијалната поделба

Лидерот на опозициската Демократската партија, Сали Бериша, изјави дека партиските органи одлучиле да ја прекинат соработката со владејачките социјалисти во подготовката на новиот изборен закон и територијалната реформа. Подобрувања во изборниот закон или територијалната реформа се неопходни, но, со чинот што го презеде Еди Рама, за да го избере Ендртит Шабани за Народен правобранител, откако опозицијата ги повлече потписите за ...

Read More »