Хорот по источно-православно пеење „Свети Јован Кукузел“ од Тирана, под раководство на Теодор Пеци, учествуваше во празничните богослужби во Бигорскиот манастир по повод празникот Отсекување на главата на Свети Јован Претеча и Крстител. Со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, г.г. Јоан, хорот престојуваше во Бигорскиот манастир на официјална покана од игуменот, владиката Партениј. На ...
Read More »Албанија
Рама: Инвестициите во Сазан и Звернец се законски
Албанскиот премиер Еди Рама вели дека планираните инвестиции во Сазан и Звернец не ги нарушуваат заштитените подрачја. Во интервју за „Збориме албански“, Рама посочи дека Сазан не е заштитено подрачје, додека Звернец е заштитен предел од петта категорија. Тој тврди дека инвестициите се во согласност со законите и европските стандарди за заштита на природата. Рама нагласи и дека заштитената територија ...
Read More »САД официјално го одобрија заемот од 302 милиони долари за Албанија
Фото: Министерство за одбрана Американската Агенција за одбранбено-сигурносна соработка (DSCA) официјално го објави договорот за директен заем од 302 милиони долари за Албанија, во рамки на американската програма за странско воено финансирање (FMF). Според соопштението на DSCA, финансирањето има за цел да ја поддржи модернизацијата на албанските вооружени сили и зајакнувањето на капацитетите на земјата за придонес во заедничката безбедност ...
Read More »Ервин Демо е новиот министер за внатрешни работи
Ервин Демо е новиот министер за внатрешни работи на Албанија, откако премиерот Еди Рама одлучи да направи промени во владата. Демо, кој досега ја извршуваше функцијата министер за државната администрација и локалната власт, ќе го преземе раководењето со едно од клучните министерства во албанската влада. Новиот министер има долгогодишно политичко и академско искуство. Тој беше градоначалник на Берат, а пред ...
Read More »Албанија: Aмериканската компанија „Арџент ЛНГ“ ќе градат терминал за течен природен гас
Американската компанија „Арџент ЛНГ“ на Јадранското Море ќе градат голем терминал за складирање и регасификација на течен природен гас, преку кој би се снабдувале пазарите во Западен Балкан и Југоисточна Европа. Предвидено е терминалот да биде со капацитет од пет милиони тони годишно. Албанија има можност да направи за Југоисточна Европа она што не мора да го прави за себе, ...
Read More »Бесфорт Ламалари разрешен од функцијата министер за внатрешни работи
Бесфорт Ламалари заминува од функцијата министер за внатрешни работи на Албанија, во рамки на промените во владата на премиерот Еди Рама. Според информациите објавени во албанските медиуми, Ламалари поднел оставка од министерската функција. За негов наследник е најавен Ервин Демо. Ламалари ја презеде функцијата министер за внатрешни работи во март 2026 година, откако претходно беше министер за правда. Неговото заминување ...
Read More »Директна авиолинија Тирана – Луксембург
Foto: Luxair Luxembourg Airlines Министерот за Европа и надворешни работи, Ферит Хоџа, на социјалната мрежа X објави дека се воспоставува директна авиолинија меѓу Луксембург и Тирана преку авиокомпанијата Luxair. Министерот ја оцени веста како одлична, истакнувајќи го доаѓањето на уште една европска авиокомпанија во Албанија. „Почнувајќи од 29 март 2027 година, оваа нова линија ќе функционира во текот на целата ...
Read More »Во пристаништето Драч, запленети 107,7 килограми канабис
Албанската полиција во рамки на операцијата „Сидро 2“, во пристаништето Драч заплени 107,7 килограми канабис „Гелато“, со многу високо ниво на THC, чија вредност на нарко пазарот се проценува на околу 1,2 милиони евра. Дрогата била откриена при детален преглед на контејнер што пристигнал од Канада, во кој имало 2 возила и 1 кампер. При претресот на камперот, во модифицирани ...
Read More »Тирана: Граѓаните сe почесто ја користат дигиталната услуга за резидентно паркирање
Сè поголем број граѓани во Тирана ја користат можноста за онлајн аплицирање за Картичката за резиденти преку апликацијата „Tirana Parking“. Во периодот од 31 август до 7 септември биле поднесени вкупно 198 апликации за Картичка за резиденти. Од нив, 150 биле поднесени онлајн преку апликацијата, додека 48 граѓани ја завршиле постапката на шалтер. Онлајн услугата им овозможува на граѓаните да ...
Read More »Судир меѓу полиција и демонстранти на протест во Тирана (ВИДЕО)
Протест пред албанскиот Парламент, придружен со судир меѓу полицијата и демонстрантите, фрлање тврди предмети, домати и јајца врз возилата на пратениците и полицијата, приведени неколку лица, го карактеризираше почетокот на новата собраниска сесија, по годишните одмори. Демонстрантите попречуваа движење на возила, поради што во интервенцијата беа вклучени и припадници на специјалната полициска единица „Шќипоња“. Според медиумите приведени се повеќе учесници ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden