Албанија

Бегај во дводневна официјална посета на Германија

Сојузниот претседател Штајнмаер го прими во палатата Белви Албанскиот претседател Бајрам Бегај. Сојузниот претседател го увери својот колега дека Германија ќе продолжи да ја поддржува Албанија на нејзиниот пат кон ЕУ. За ова се важни дополнителни реформски чекори. Двајцата претседатели разговарале и за актуелната ситуација во Украина. Сојузниот претседател ја истакна важноста на поддршката за Украина и му се заблагодари ...

Read More »

Албанските граѓани без визи патуваат во Азербејџан

Граѓаните на Албанија со важечки патни исправи може да патуваат во Азербејџан без визи. Амбасадорот на Азербејџан во Тирана, Анар Хусејнов во објава на социјалната мрежа Х информира дека „без виза во Азербејџан може да патуваат и граѓаните на Албанија со регуларни пасоши“. Договорот за укинување на визите за албанските државјани беше потпишан на 1 март годинава за време на ...

Read More »

Приведени пет лица во Тирана за насилни протести против градоначалникот на Тирана

Полиција приведе пет лица по нередите предизвикани на денешниот протест пред градското собрание на Тирана, организирани од демократите на Бериша, а поддржани од Партијата на слободата на Илир Мета. Опозицијата по 12-ти пат собра приврзаници пред градското собрание, со барање за оставка на градоначалникот на Тирана Ерион Велиај, а сега и со барање за ослободување на Сали Бериша. Но, споредено ...

Read More »

Албанија го претстави првото оклопно воено возило „Made in Albania“ – „Шота“

Компанија „Тимак“ го комплетираше првото албанско оклопно возило, кое ќе биде претставено на изложбата за одбрана и безбедност Eurosatory во Париз. Во претставувањето на прототипот, дизајниран од албанскиот дизајнер Григор Андони, се наведува дека името на првиот ваков автомобил е „ШОТА“. Арјета Пуца, сопственичка на компанијата вели дека автомобилот бил произведен за многу кратко време, околу три месеци, и оти ...

Read More »

Судот во Тирана одлучи дека партискиот печат и логото му припаѓаат на крилото на Бериша

Печатот и логото на најголемата опозициска сила, Демократската партија, му припаѓаат на крилото на Сали Бериша „Иницијатива за обнова на ДП“, одлучи Апелацискиот суд во Тирана, по ова прашање кое повеќе од две години ја мачи партијата, која ја преживува најдлабоката криза до сега. Во судскиот регистар како лидер на партијата фигурира Љуљзим Баша, кој со партиското лого и печат ...

Read More »

Во Тирана утре почнува 51. Регионална конференција на ИНТЕРПОЛ за Европа

Во Тирана од 11 до 13 месецов ќе се одржи 51. Регионална конференција на ИНТЕРПОЛ за Европа. Министерството за внатрешни работи и Генералниот директорат на државната полиција во соработка со Генералниот секретаријат на ИНТЕРПОЛ – Меѓународната организација за криминалистичка полиција, ќе ја одржат 51-та Регионална конференција на ИНТЕРПОЛ за Европа во Тирана. Ќе учествуваат околу 200 претставници од агенциите за ...

Read More »

Ора њуз: СПАК почна истрага за градоначалникот на Тирана и неговото семејство

Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, започна истрага, по анонимна пријава, но со детални информации за градоначалникот на Тирана, Ерјон Велиај и членовите на неговото семејство, објави Ора њуз. Пријавата пристигнала до СПАК од засега неидентификувани анонимни лица, но содржи детални информации за економската активност на Ерјон Велиај, неговата сопруга Ајола, брат му Арбр Велиај, мајка му Шќипоња ...

Read More »

Уапсениот градоначалник на општина Химара, Фреди Белери, кој беше предложен за европратеник од владејачката партија Нова демократија во Грција, доби место во Европскиот парламент

Уапсениот градоначалник на општина Химара, Фреди Белери кој беше предложен за европратеник од владејачката партија Нова демократија во Грција, доби место во Европскиот парламент, јавува Euronews Албанија. Според податоците на албанските медиуми Белери е на третото место по гласови во партијата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Според Еуроњуз Албанија, тој треба да биде меѓу седумте европратеници кои ќе ја претставуваат „Нова ...

Read More »

Илир Мета: Македонија ќе напредува, нема да има дестабилизација по формирањето на новата влада

Претседателот на Партијата за слобода, Илир Мета, со задоволство прифати да даде ексклузивно интервју за порталот Lideri.mk од Македонија. Во ова интервју, поранешниот албански претседател изрази оптимизам за иднината на Македонија по формирањето на новата влада, како и за неговата последна средба со претседателот на ДПА, Мендух Тачи. Едно од прашањата што му го поставивме на поранешниот претседател за време ...

Read More »

Албанија отвори 34 летни здравствени амбуланти за туристите

  Во Албанија отворени се 34 летни здравствени амбуланти за да ги опслужуваат домашните и странските туристи во крајбрежните и планинските туристички области. Министерката за здравство и социјална заштита, Албана Кочи, на социјалните мрежи објави дека во амбулантите се ангажирани околу 300 лекари и медицински сестри. – Летните здравствени амбуланти ќе гарантираат квалитетна здравствена заштита за летувалците и туристите кои ...

Read More »