Мисијата на ОБСЕ во Република Албанија организираше консултативен состанок со претставници на организациите на граѓанското општество за прашања на националните малцинства, со цел поттикнување на дијалогот, размена на перспективи и зајакнување на соработката. Претставници од македонските, влашките, ромските, египетските, црногорските, босанските и српските заедници ги споделија своите искуства, предизвици и приоритети за унапредување на правата на малцинствата и социјалната инклузија. ...
Read More »Македонци – Албанија
Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на конгресот освари средби со преставници на ФУЕН
Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај учествува на 69 Конгрес на Федералната унија на европски националности (ФУЕН), што се одржува во Болзано во Јужен Тирол, Италија од 23 до 26 октомври 2025 година. Присутни се околу 30 земји членки на ФУЕН ќе разменат мислења за актуелните случувања во политиката на малцинствата. Македонското друштво “Илинден”-Тирана веќе десет години, од кога ...
Read More »Проактивноста, довербата и политичката волја за унапредување на човековите права
За секоја теза има и антитеза, а негација на песимизмот е проактивноста. Се вели дека проактивноста создава иницијативи, кои ја поместуваат рамката на можностите и го ништат песимизмот. Директните дејства овозможуваат видливи примероци на успех, а превентивните политики и јавните кампањи ги намалуваат системските бариери и го менуваат јавното мислење. Можеби песимизмот ја парализира колективната способност за промена и овозможува ...
Read More »Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи наградата “Илинден” на Лорант Винце, претседател на ФУЕН
Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, му ја врачи почесната награда “Илинден” на Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Почесната награда ”Илинден” за 2025 година и беше доделена на Федералната унија на европските националности за заложбите и поддршката што ја дава за Македонците во Република Албанија. Огромна чест ми беше во име на друштвото и ...
Read More »ФУЕН едногласно усвои резолуција поднесена од Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Генералното собрание на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), на 69-от Конгрес едногласно усвои Резолуција поднесена од Македонско друштво “Илинден”-Тирана. ФУЕН ја повикува Република Албанија, Комитетот за малцинства, кој е владин орган, да се трансформира во министерство за национални малцинства. Исто така ја повикува албанската влада да ја ратификува европската карта за регионалните малцински јазици, изјави, Никола Ѓурѓај, претседател на ...
Read More »Македонско друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд на Конгресот на ФУЕН во Болзано, Италија (ФОТО)
Македонското друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд се претстави на 69. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) што се одржува во италијанскиот град Болзано. Во рамки на активностите на овој значаен собир, синоќа, со свој штанд се претстави и нашето друштво. Имавме македонска домашна ракија, ајвар, лепче, потоа пропаганден материјал на кој се претставени македонските носии, убавините на областите ...
Read More »Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН конгресот учестуваше на состанок на работна група на словенски малцинства
Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН конгресот во Болзано во Јужен Тирол, Италија учестуваше на работен состанок на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Освен активното учество на конгресот што се одржа во Болзано во Јужен Тирол, Италија учествував и на состанок на работна група на словенските малцинства, при ...
Read More »Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај учествува на 69 конгресот на Федералната унија на европски националности во Болзано во Јужен Тирол, Италија
Претседателот на македонското друштво “Илинден”- Тирана учествува на 69. Конгрес на Федералната унија на европски националности (ФУЕН), кој денеска попладне почна во Болзано, Јужен Тирол, Италија. Највисокиот собир на ФУЕН ќе трае до 26 октомври а домаќин е Јужнотиролската народна партија, како рамноправна членка на унијата. Да потсетам дека нашето друштво рамноправна членка е од 16 мај 2015 година и ...
Read More »Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба
Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод празникот 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба, упати честитка до сите Македонци каде и да се, со искрени желби за мир, благосостојба и подобра иднина. Од името на сите Македонци кои живеат во Република Албанија, упатуваме честитки, по повод големиот празник, 23 октомври, Денот кога е формирана македонската револуционерна организација, која е олицетворение ...
Read More »Честитка од Македонска алијанса за европска интеграција по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), им го честита 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба на сите Македонци во Албанија, Македонија и ширум светот. Овој значаен ден не потсетува на 1893 година, кога со формирањето на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) започна организираната борба за ослободување и обединување на Македонија. Тоа беше ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden