Македонци – Албанија

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај учествува на 69 конгресот на Федералната унија на европски националности во Болзано во Јужен Тирол, Италија

Претседателот на македонското друштво “Илинден”- Тирана учествува на 69. Конгрес на Федералната унија на европски националности (ФУЕН), кој денеска попладне почна во Болзано, Јужен Тирол, Италија. Највисокиот собир на ФУЕН ќе трае до 26 октомври а домаќин е  Јужнотиролската народна партија, како рамноправна членка на унијата. Да потсетам дека нашето друштво рамноправна членка  е од 16 мај 2015 година и ...

Read More »

Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод празникот 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба,  упати честитка до сите Македонци каде и да се, со искрени желби за мир, благосостојба и подобра иднина. Од името на сите Македонци кои живеат во Република Албанија, упатуваме честитки, по повод големиот празник, 23 октомври, Денот кога е формирана македонската револуционерна организација, која е олицетворение ...

Read More »

Честитка од Македонска алијанса за европска интеграција по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), им го честита 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба на сите Македонци во Албанија, Македонија и ширум светот. Овој значаен ден не потсетува на 1893 година, кога со формирањето на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) започна организираната борба за ослободување и обединување на Македонија. Тоа беше ...

Read More »

Монитор на малцинствата при Федералната унија на европски националности: Помеѓу законот и реалноста – Борбата на Македонското малцинство во Албанија

Најновиот придонес во Монитор на малцинствата се фокусира на состојбата на Македонското национално малцинство во Албанија и долгогодишните напори на ФУЕН за обезбедување заштита на нивните права. Статијата се потпира на шест резолуции на ФУЕН поднесени помеѓу 2016 и 2024 година од страна на членката на ФУЕН, Македонско друштво “Илинден“-Тирана, истакнувајќи ги постојаните празнини помеѓу законските гаранции и реалното спроведување ...

Read More »

Ѓурѓај: Извештајот на ФУЕН e десетгодишен труд на македонско друштво “Илинден“-Тирана

Мерлива потврда за резултатите од интернационализацијата на македонското прашање. Последниот извештај на ФУЕН е кулминација на посветен, систематски и стратешки десетгодишен труд и јасен доказ дека упорноста, професионализмот и локалната организациска способност на македонското друштво “Илинден“-Тирана може да преминат во меѓународно признание. Федералната унија на европски националности (ФУЕН) постојано се залага за унапредување на правата на припадниците на македонскиот народ ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана му честишаше на ВМРО-ДПМНЕ за големата победа на локалните избори

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај, упати честитка до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  за “изборниот успех на локалните избори”. Дозволете ми во мое лично име и во име на македонското друштво “Илинден”-Тирана и во името на Македонците во Албанија, да Ви ја  честитаме големата победа на ВМРО-ДПМНЕ на Локалните избори 2025 година. Татковината Македонија уште еднаш ја покажа ...

Read More »

Во пензија Лазо Стојани – Живот во служба на Преспа

По децении посветена работа, страст и љубов кон образованието, културата и туризмот во Преспа, Лазо Стојани заминува во пензија, оставајќи зад себе трајна оставнина во историјата на нашиот регион. Лазо Стојани е име што со децении симболизира знаење, љубов кон родниот крај и дух на заедништво преку културата и туризмот. Со 39 години искуство во просветата како наставник по историја ...

Read More »

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Ѓурѓај ги повика Македонците од Албанија, со право на глас, да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на македонското друштво “Илинден” – Тирана, Никола Ѓурѓај, ги повика Македонците од Албанија со право на глас на 19 октомври да гласаат за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. “Драги Македонци од Албанија со право на глас во Македонија, на 19 октомври 2025 година, ве повикувам масовно да излезете и да гласате за кандидатите за градоначалници и советнички листи на ВМРО-ДПМНЕ. Заокружете ...

Read More »

За девет месеци на граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо минале 36.938 патници или 9 отсто повеќе споредено со лани

Во периодот јануари-септември годинава зголемена фрекфенција е регистрирана на граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо кој е втор премин на овој дел од границата, покрај ГП „Блато“. На овој премин, кој е од регионален карактер, за девет месеци регистриран е вкупен проток на патници од 36.938 што е за 9 отсто повеќе споредно со истиот период минатата година, ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод 11 Октомври – Денот на Востанието на македонскот народ против фашистичкиот окупатор

Со голема почит кон загинатите борци, народни херои и дејци и на сите што ги дале своите животи во НОБ и Револуцијата, сите кои се втемелија во државноста и она што се нарекува независна и суверена Македонија, давајќи го најдрагото, својот живот, во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Ви го честитаме 11 Октомври – Денот на Востанието на македонскот народ ...

Read More »