На изборниот митинг на Социјалистичката партија, на кој присуствуваше и лидерот и актуелен албански премиер Еди Рама, на крајот од своето обраќање Васил Стерјовски, кандидат за пратеник во оваа изборна единица, на македонски го честиташе Денот на македонскиот јазик. „Почитувани пријатели, сакам да упатам честитка до македонската заедница по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик и да порачам ...
Read More »Македонци – Албанија
Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик
Македонско друштво “Илинден”-Тирана по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик упатува искрена честитка до сите Македонци. Негувањето на мајчиниот македонски јазик значи јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, со што нашите деца ќе бидат воспитани соодветно да ги негуваат своите национални, културни и верски традиции, образованието на мајчин македонски јазик е најважниот сегмент во негувањето на основните ...
Read More »Во Тирана одбележан јубилејот 80 години македонски јазик
Во просториите на Културно информативниот центар во Тирана, денеска се одбележа јубилејот 80. години од кодификацијата на македонскиот јазик. Настанот беше организиран во заедничка соработка на Амбасадата, КИЦ и Лекторатот по македонски јазик. Настанот вклучи поетско читање на студентите по македонски јазик на Факултетот по странски јазици во Тирана, кои прочитаа песни од професорката Славица Свидерска, како и изложба на ...
Read More »Македонците на фолклорен фестивал на националните малцинства во Бутринт
Во организација на друштвото на грчкото малцинство “Свети Козмај”, а со поддршка на Комитетот за национални малцинства на Албанија, во античкиот град Бутринт се одржа Фолклорен фестивал на националните малцинства во Албанија. На Фестивалот учествуваше и Македонското културно-уметничко друштво од Преспа. Продолжуваме со гордост да го презентираме богатото културно наследство и фолклорот на Македонците во Албанија, – изјавија Македонците од ...
Read More »Григор Прличев бил учител во црковното училиште „Свети Прокоп“ во Тирана
Пред 1841 година, црквата имала наставни курсеви, но не на училишно ниво. Во 1841 година, таа основала редовно основно училиште, каде што наставата се одржувала на турски и грчки јазик. Во раните години, часовите се одржувале во црковна средина. Во 1846 година, православната заедница го купила земјиштето за зграда за 2 илјади грошени, а училиштето почнало да работи во зграда ...
Read More »МАЕИ: Tенденциозни се обвинувањата на ТВ Нова за антибугарска реторика на Стерјовски
Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ги отфрла како неосновани и тенденциозни обвинувањата на бугарската телевизија Нова за наводна „антибугарска реторика“ на претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски, соопшти партијата. Во реакцијата на партијата се наведува дека претседателот Стерјовски и партијата „со години доследно се борат против агресивната политика на Бугарија во Албанија, насочена кон асимилација на македонското малцинство“. „Таквата политика, ...
Read More »Моќна вечер на современ театар во Тирана од театарот за современа уметност од Битола
По повод “Недела на македонската култура” на 30 април 2025 година, 20:00 часот во Театар АрТурбина, ќе се одржи театарска претстава: 8%? од Театарот за современа уметност од Битола, Македонија Придружете ни се на последниот настан од “Недела на македонската култура” моќна вечер на современ театар со режија на Јован Ристовски, изведена на македонски јазик, со албански и англиски преводи ...
Read More »Во Тирана промоција на македонско вино и вински туризам (ФОТО)
По повод “Недела на македонската култура” денес, со голема возбуда и радост се одржа настанот посветен на промоцијата на македонското вино и винскиот туризам во Тирана. Во преубава атмосфера, присутните имаа можност да уживаат во богатството на врвни македонски вина, да се запознаат со традиционалните вредности, но и со современите достигнувања во винската индустрија. Настанот помина во одлично расположение, исполнет ...
Read More »Амбасадорот на Македонија во Тирана, Луфтим Спахиу освари средба со учесниците на утрешната манифестација “Промоција на македонски вина и вински туризам”
По повод “Недела на македонската култура”, во топла и пријатна атмосфера вршителот на должноста амбасадор на Македонија во Тирана, Луфтим Спахиу во македонската амбасада во Тирана, освари средба со учесниците на утрешната манифестација “Промоција на македонски вина и вински туризам”. На утрешната промоција 12 познати македонски винарии ќе ги изложат своите вина, а ќе ги презентираат можностите за вински туризам. ...
Read More »Во Тирана изложба и промоција на „Монографија на македонски народни носии“
Во рамки на манифестацијата „Недела на македонската култура” во Македонскиот Културно-информативниот центар се отвори изложбата и промоцијата на „Монографија на македонски народни носии“, од проф. д-р Владимир Јаневски беа преставени парчиња облека и приказни, живи сведоштва на македонската историја, традиција и идентитет. Присутни беа Љуфтим Спахиу, в.д. македонски амбасадор во Тирана, Емилија Попивода директорка на македонскиот Културно-информативниот центар, амбасадорите на ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden