Летник е народен празник, којшто се празнува секоја година на 14 март (1 март по стар календар). Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролета односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи. Поради ова негово значење, празникот често е квалификуван и како празник за почетокот на годината во ...
Read More »Македонци – Албанија
Васил Стерјовски во трка за пратенички мандат
Васил Стерјовски, лидер на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ќе биде во трка за пратенички мандат на отворената листа за пратеници на Социјалистичката партија во изборна единица Корча. Тоа врз основа на денеска постигнатиот договор со Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама. Нашиот лидер Стерјовски е на отворената листа за пратеници на Социјалистичката партија во изборна единица Корча, ...
Read More »Македонска алијанса за европска интеграција на парламентарните избори, на 11 мај, ќе настапи на заедничка листа со владејачката Социјалистичка партија
Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на парламентарните избори, на 11 мај, ќе настапи на заедничка листа со владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама. „По разговорите што ги имавме со претставници на партијата, договорен е заеднички настап на изборите со социјалистите, откако добивме гаранција дека на отоврените листи, пред сè на онаа во изборна единица Корча, ќе имаме наши кандидати. ...
Read More »Македонска алијанса за европска интеграција се повлече од изборната коалиција предводена од Демократската партија на Сали Бериша
Македонска алијанса за европска интеграција се повлече од изборната коалиција „Алијанса за величествена Албанија“ предводена од Демократската партија на Сали Бериша за изборите за албанскиот парламент на 11 мај 2025 година. Преку писмо упатено до главниот државен изборен комесар Илирјан Челибаши, побара бришење на името на Македонска алијанса за европска интеграција од оваа коалиција.
Read More »Преставници на Македонско друштво “Илинден”-Тирана на конференција на Федералната унија на европски националности за Западен Балкан, одржена во Скопје, Македонија
Од 6 до 8 март 2025 година во главниот град на Република Македонија се одржа конференцијата на Федералната унија на европски националности (ФУEН) за Западен Балкан насловена „Пристапи за справување со говорот на омраза против малцинствата во Западен Балкан“. Организатор и домаќин на истата беше Ромскиот центар за комуникации „ДРОМ“ од Куманово, чија одлична организација успеа да привлече претставници на ...
Read More »Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува среќен 8-ми Март
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува среќен 8-ми март, Меѓународен ден на жената. – стои во честитката на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.
Read More »Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува среќен 7-ми март, Денот на учителот
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува среќен 7 март, Денот на учителот почит до сите учители кои го осветлуваат нашиот пат со своето знаење и посветеност!– стои во честитката на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.
Read More »Mакедонскиот весник “Илинден“: Афирматор на македонскиот етнички, јазичен и културен идентитет во Република Албанија
Повод – четиринаесет години од постоење на македонскиот весник „Илинден“ На своите страници „Илинден“ разгледува повеќе теми од Република Албанија, Балканот и од светот, меѓутоа во сржта на неговата уредувачка политика се афирмацијата на македонскиот јазик и на македонските национални особености во Република Албанија и промовирањето на потребите на македонскиот народ што живее таму. Во ситуација кога официјална Софија преку ...
Read More »Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на парламентарните избори ќе настапи како дел од коалицијата предводена од опозициската Демократска партија на Сали Бериша
Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на парламентарните избори ќе настапи како дел од коалицијата предводена од опозициската Демократска партија (ДП) на поранешниот албански премиер и екс претседател на државата, Сали Бериша. Според објавата на ДП, во изборната коалиција се 26 политички партии, меѓу кои и Партијата на слободата на Илир Мета, Републиканската партија на ...
Read More »Порталот Македонски глас, нов портал на македонски јазик во Албанија
Со залагање на македонски активисти од општина Пустец, предводени од поранешниот градоначалник Едмонд Темелко и Панди Јани и финансиска поддршка од македонското МНР од неодамна во Албанија функционира порталот на македонски јазик „Македонски глас“. Група активисти аплициравме на објавениот повик на МНР за поддршка на проекти за Македонците во Албанија и во соработка со амбасадата во Тирана, со проект за ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden