Ја споделувам радоста што ете доживеавме да го испечатиме јубилејното 70.издание на весникот, кој и понатаму буди голем интерес кај македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија како и меѓу македонската дијаспора во светот. Се надевам дека ќе продолжиме со несмален интензитет да информираме со истата сериозност и пристап во објавувањето на темите, а се од интересен за ...
Read More »Македонци – Албанија
Силна поддршка за македонското малцинство во Албанија на европско ниво
ФУЕН ја усвои резолуцијата на Македонците во Албанија – порака до Европа за заштита на малцинствата Резолуцијата поднесена од македонското друштво „Илинден“-Тирана беше едногласно усвоена на генералното собрание на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), одржано на 69-от конгрес во Болзано, Италија. Резолуцијата не е само декларативен акт – таа е официјален документ усвоен од најголемата европска организација за национални ...
Read More »Резолуцијата поднесена од Македонско друштво “Илинден“-Тирана, усвоена од ФУЕН, доставена до албанските и меѓународните институции
Резолуцијата усвоена од Федералната унија на европските националности а поднесена од Македонско друштво “Илинден“-Тирана, доставена е до сите албански и меѓународни институции, а заради запознавање и до македонските. Ова за mакедонски весник “Илинден” го потврди Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото, додавајќи дека очекува албанските институции да преземат соодветни активности а посебно внимание да посветат и меѓународните институции. Со Резолуција, од ...
Read More »Честитка од Македонско друштво “Илинден“ за 29 ноември денот на ослободувањето од наци-фашистичката окупација
Честитки по повод 29 ноември денот на ослободувањето од наци-фашистичката окупација на Република Албанија упати македонското друштво “Илинден”-Тирана. Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Ви ги честита 29 ноември 1944 – денот на ослободување од наци-фашистичката окупација. Честито празници, стои во честитката на друштвото потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.
Read More »Македонска алијанса за европска интеграција упати честитка до албанските граѓани по повод Денот на независноста и Денот на ослободувањето
Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), единствената политичка партија на Македонците во Албанија упати честитка до сите албански граѓани по повод 28 Ноември – Денот на независноста и 29 ноември – Денот на ослободувањето на Албанија. “За нас, како македонска заедница во Албанија и како политичка сила која го претставува нејзиниот глас, овие празници претставуваат можност повторно да ја потврдиме ...
Read More »Потребна е реална заштита на македонското малцинство во Албанија, порача Стерјовски на форумот на малцинствата во ОН
Градењето доверба и социјална кохезија е од суштинско значење за мирен соживот, особено во општествата каде што малцинските групи долго време се маргинализирани. Албанија е земја со богата културна разновидност, а македонското малцинство е составен дел од оваа разновидност со векови, рече Васил Стерјовски, лидер на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) во обраќањето на вториот ден од Форумот за ...
Read More »Честитка од Македонско друштво “Илинден“ за 28 ноември 1912 денот на Независноста на Албанија
Честитки по повод 28 ноември 1912 денот на независноста на Република Албанија упати македонското друштво “Илинден”-Тирана. Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Ви ги честита 28 ноември 1912 Денот на независноста на Република Албанија. Честито празници, стои во честитката на друштвото потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.
Read More »Претставници на Македонците од Албанија и Бугарија учествуваат на Форумот за малцински прашања при Обединетите Нации во Женева
Фото: Васил Стерјовски Претставници на Македонците од Албанија и Бугарија учествуваат на Форумот за малцински прашања при Обединетите Нации во Женева, Швајцарија. Вчера, претседателот на единствената политичка партија на Македонците во Албанија Македонска алијанса за европска интеграција, м-р Васил Стерјовски и претседателот на единствената политичка партија на Македонците во Бугарија, ОМО “Илинден”-Пирин проф.д-р Стојко Стојков, заедно со шефот на Постојаната ...
Read More »Стерјовски: Во Женева на Форумот за малцинствата при ОН се слушна гласот на Македонците од Албанија со гордост и непоколебливост
Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, денеска во Женева учествуваше на Форумот за малцинствата при Обединетите нации, со која претседаваше Николас, специјален известувач на ОН за малцински прашања. Во Обединетите Нации, се слушна гласот на Македонците од Албанија со гордост и непоколебливост. За мене, го кажав тоа и пред учесниците, беше ...
Read More »„Лабораторија на мирот“: 28-ми семинар на словенските малцинства одржан во Европската престолнина на културата Горица
Фото: ФУЕН Границата што некогаш ги делеше семејствата стана место за состаноци, а тишината околу правата на малцинствата во Европа мора да се скрши. Ова беа силните пораки на 28-от Семинар на словенски малцинства во Европа (АГСМ), одржан од 20 до 23 ноември 2025 година во прекуграничните градови-близнаци Горица (Италија) и Нова Горица (Словенија). Организиран од Федералната унија на европски ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden