Македонци – Балкан

Атанас Кирјаков од Пиринска Македонија: Да се биде Македонец е чест, гордост и достоинство 

Атанас Кирјаков е роден во декември 1960 година во Горна Џумаја, Пиринска Македонија. Потекнува од бегалско семејство од Егејскиот дел на Македонија. Со основно и средно техничко образование се стекнал во родниот град, денес наречен Благоевград. Кирјаков во 1991 година ја основа издавачката куќа “Кукуш 1913“, преку која го издаваше весникот “Пиринска камбана“. Атанас Кирјаков е еден од основачите на ...

Read More »

Македонскиот активист во Бугарија, Атанас Кирјаков повикан во полиција: Toa е „европската демократија“ во Бугарија

Кандидат за градоначалник на Благоевград е распишана потерница на национално ниво. Тој ќе биде сослушан на 17 август во Софија. Излегува дека полицијата го барала три години, а за тоа време тој не знаел, водел кампања за градоначалник, учествувал во протести и активно коментира за важни теми за жителите на Благоевград. Атанас Кирјаков, кој беше првиот што објави дека ќе ...

Read More »

Македонскиот активист во Бугарија, Атанас Кирјаков за избришаното македонско здружение: Тоа е „европската демократија“ во Бугарија

Македонскиот активист во Бугарија, Атанас Кирјаков, реагира за одлуката на Окружниот суд во Благоевград за бришење од регистарот на „Граѓанското здружение за заштита на основните индивидуални човечки права“ поради статутот што сугерира постоење етнички групи и содржи повик за „заштита на особеноста и зачувување на македонската етничка група, преку регистрирани средства – зачувување и заштита на македонската кауза“. „Тоа е ...

Read More »

Судот во Благоевград ја забрани Македонското граѓанското здружение за заштита на основните индивидуални човекови права

Одлуката на судиите е на инсистирање на обвинителството, бидејќи е докажано дека здружението го крши бугарскиот устав. Оценувајќи ја содржината на статутот, судот утврди дека има предуслови за престанок на здружението, со образложение дека некои од целите и средствата формулирани во неговиот статут се во спротивност со уставните текстови. Уставот на државата забранува привилегии врз основа на националност, етничка припадност, ...

Read More »

Партискиот живот на македонската заедница во Србија

Многу време за размислување ни даде вонредната состојба што ја воведоа надлежните поради коронавирусот. За размислување и за потсетување. Потсетувајќи се, се вратив во детството минато во Еврејското Маало во Скопје, за кое уште порано напишав еден текст. Од друга страна, пак, едно друго размислување ми се наметна, бидејќи веднаш по укинувањето на вонредната состојба дојдоа парламентарните и локалните избори. ...

Read More »

Слика со портрет на Македонец од 1726 година – најстар запис за населувањето на Македонците во Војводина

Во Србија според последниот попис од 2011 година, за разлика од минатите години бројот на Македонците опаѓа или 22.755 лица се изјасниле како припадници на македонската националност, што е околу 0,32 отсто од вкупниот број на жители во Србија. Според неофицијалните проценки во Србија живеат над 100.000 Македонци, додека бројот на оние кои имаат македонско потекло е уште поголем. Според ...

Read More »

Почина Лилјана Лазареска долгогодишен активист во Македонската заедница во Србија

После кратка и тешка болест, денес во Панчево, Србија, почина Лилјана Лазареска, долгогодишен активист во Македонската заедница во Србија. Родена е на 11.08.1961 година во Ново Село, Струмица, Македонија. На Универзитетот „Св.кирил и Методиј“ во Скопје дипломиреала на одсек Македонски јазик и книжевност. Беше првата наставничка за предметот „Македонски јазик со елементи на националната култура“ во училиштето „Гоце Делчев“ во Јабука. ...

Read More »