Македонци – Балкан

Семакедонскиот собор со 12 барања до Бугарија: Признавање на македонско малцинство, влегување на Македонците во бугарскиот Устав

Веќе 60 години македонското малцинство во Бугарија е подложено на систематска дискриминација, асимилација и маргинализација. Тоа на Македонците им предизвика безброј страдања и ги претвори во граѓани од втор ред во државата во која што живеат и во земјата во која што се родени. Таквата политика не само што е срамна, туку е и недозволива за цивилизирана и правна држава, ...

Read More »

Стојков за Извештајот на Стејт Департментот: Бугарија има сѐ помал простор за негација на македонското малцинство

Извештајот е важен, тоа е еден од најрелевантните извештаи за правата на човекот во светски рамки, затоа е од значење вклучувањето во него на проблемите на македонското малцинство во Бугарија, вели претседателот на ОМО “Илинден”-Пирин, Стојко Стојков во изјава за „Локално“, коментирајќи го Извештајот на американскиот Стејт Департмент за почитувањето на човековите права во Бугарија, особено во делот на етничките ...

Read More »

Стејт департментот ја критикува Бугарија поради негирање на Македонците

Американскиот Стејт Департмент во годишниот извештај за состојбата со човековите права во Бугарија, ги критикува властите за ускратувањето на човековите права на етничките Македонци. Се посочуваат 14-те пресуди на Европскиот суд за човекови права, за кои се вели дека властите во Софија ги игнорираат. „Властите продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи како што се Обединетата македонска организација ‘Илинден’, ...

Read More »

Комитетот на министрите на Советот на Европа оцени дека одбивањето на Бугарија да дозволи регистрирање на ОМО “Илинден” е неоправдано

По уште едно разгледување на спроведувањето на пресудите и одлуките на ЕСЧП, Комитетот на министрите на Советот на Европа оцени дека одбивањето на Бугарија да дозволи регистрирање на ОМО “Илинден” (и да ги спроведе пресудите на судот) е – неоправдано. Официјална Софија со години настојува прашањето на македонското малцинство во Бугарија да го направи невидливо за европските правни и политички ...

Read More »

Совет на Европа: Бугарските судови неоправдано одбиваат регистрирање на ОМО “Илинден”

Комитетот на министри на Советот на Европа го разгледуваше спроведувањето на пресуди и одлуки на Европскиот суд за човекови права, вклучувајќи ги и пресудите против Бугарија за одбивањето да дозволи регистрирање на ОМО  “Илинден” и оцени дека одбивањето е неоправдано. Европскиот суд досега има донесено шест пресуди во корист на ОМО “Илинден” но ниту една не е спроведена. „Комитетот на ...

Read More »

Петтата епизода од програмата на Федерацијата на Турците од Западна Тракија со наслов „Факти за нашата земја“ се разговараше за проблемите на македонското национално малцинство во Грција (ВИДЕО)

Петтата епизода од серијата онлајн програми на Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа (ABTTF) со наслов „Факти за нашата земја“ беше емитувана на 24 февруари 2022 година. Евгенија Нацулиду, основач на непрофитната организација (НПО) „Крсте Мисирков (Движење за промоција на македонскиот мајчин јазик)“ на македонското малцинство во Грција беше гостин на петтата програма. Нацулиду одговараше на прашањата на ...

Read More »

Атанас Кирјаков од ОМО “Илинден“: Како заедничка историја да го славиме 9 и 10 август, Денот на автономијата во Пиринска Македонија

Бугарија и Македонија заедно да го слават како заедничка историја 9 и 10 август 1946 година – воведувањето на Културна автономија во Пиринска Македонија, предлага македонскиот активист, Атана Кирјаков од Благоевград (Горна Џумаја). Овој предлог од Македонците во Бугарија доаѓа по инсистирањата на официјална Софија за заедничка историја со Македонија. Во духот на добрососедството и разбирањето, а по повод зачестените ...

Read More »

ОМО “Илинден”- Пирин му одговори на европратеникот Ковачев

Набљудуваме природна ескалација на неприродниот процес кој Бугарија ѝ го наметна на Македонија, а македонските влади спротивно од секој разум и достоинство го прифатија. Откако се поставија барања Бугарија да биде ослободена од вина за судбината на македонските евреи, да не биде нарекувана окупаторска, а ниту фашистичка за својата улога како фашистички окупатор во Втората светска војна, логично во ова ...

Read More »

Македонците во Бугарија му оддадоа почит на Македонскиот револуционер Гоце Делчев во Благоевград

По повод 150 годишнината од раѓањето на Македонскиот револуционер и апостол на Македонското револуционерно движење Гоце Делчев, Мкедонците од Бугарија одадоа почит положувајќи свежо свеќе на неговиот споменик на плоштадот „Македонија“ во Благоевград, Пиринска Македонија. Претставници на Обединетата македонска организација „Илинден“, како и на Културно-просветното и спортско друштво „Светилник“, чиј претседател е македонскиот активист Атанас Кирјаков, му се поклонија на ...

Read More »

Партија на турско малцинство во Западна Тракија во посета на припадниците на македонското малцинство во Егејска Македонија

На 3 февруари 2022 година, претседателот на Првата и единствена политичка партија на муслиманското турско малцинство во Западна Тракија, Чигдем Асафоглу се сретна со претставниците на македонското малцинство Евгенија Нацулиду и Архимандритот Никодим Царкњас, основачите на „Крсте Мисирков“ на „Движењето за промоција на македонскиот мајчин јазик“, кое делува на македонското малцинство во областа Воден. На средбата, која ја одржаа во пријателска атмосфера, се ...

Read More »