Македонци

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита среќен 26 Септември денот на европските јазици

Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод одбележувањето на 26 Септември денот на европските јазици упатува искрена честитка. Честитајќи ви го денешниот празник, сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчиниот јазик, бидејќи тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. Знаењето и негувањето на мајчиниот јазик за децата значи и јакнење и зачувување на националниот и ...

Read More »

Сотир Ристо од Преспа: Во војната за минатото страдаат сегашноста и иднината

Битките само се вжештуваат кога се случуваат битни политички настани како што се изборите или, пак, со конкретни датуми кога се чествуваат историски празници и револуционерни дејци, за кои секој има свое толкување. Тоа го забележуваме и на социјалните мрежи на „Нова Македонија“ додека ги отстрануваме навредливите коментари, обидувајќи се да создадеме мирен простор за читање на нашите новинарски написи. ...

Read More »

ММДЧП бара итно враќање на македонското име и тоа да се објави пред Генералното Собрание на ОН

Македонското меѓународно движење за човекови права бара итно поништување на „Договорот од Преспа“, кој ни беше наметнат од САД/Западот и со кој во 2019 година илегално и присилно, спротивно на меѓународното право и бројни меѓународни конвенции за човековите права, македонскиот Устав и собранискиот Деловник се смени името на Македонија во крајно навредливото „Северна Македонија“. Повеќе детали за ова ви се ...

Read More »

Федералната унија на европските националности е организација што дава значајна можност за промовирање на македонските малцински права кај соседите

Федералната унија на европските националности е организација што дава значајна можност за промовирање на македонските малцински права кај соседите. Членувањето во ФУЕН ги зголемува легитимитетот и видливоста на македонското малцинство во Албанија и во Грција на европската сцена, но динамично ја зголемува и веројатноста за видливост на македонското малцинство во Бугарија. Добро упатени лица во оваа проблематика ни посочија дека ...

Read More »

Општина Пустец стана членка на Алијансата „Green Mayors“ од Западен Балкан

Во Драч се одржа Форумот на Зелените Градоначалници, каде што учествуваа раководители на општини, организации од граѓанското општество и експерти за енергија од целиот Западен Балкан. Градоначалниците од 19 општини од целиот Западен Балкан потпишаа заедничка декларација со која ја започнаа Алијансата на „зелени“ градоначалници, регионална платформа за забрзување на зелената транзиција преку општинско лидерство и прекугранична соработка. Потпишувањето се ...

Read More »

Заврши реновирањето на манастирската црква Света Марена во село Туминец, општина Пустец

Заврши реновирањето на манастирската црква Света Марена во село Туминец, општина Пустец, областа Преспа, Албанија. Се реновираа таванот и ѕидовите на црквата Света Марена, а реновирањето продолжува со поплочување на подот и со зографирање на ѕидовите и таванот. Реновирањето на манастирската црква Света Марена е благодарение на донациите од верниците во Македонската православна црковна општина Света Недела во Ејџекс, Канада. ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Тирана и го честиташе изборот на Елиса Спиропали за Министерка за Европа и надворешни работи

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, од име на македонското национално малцинство во Република Албанија, и го честиташе изборот на Елиса Спиропали за Министерка за Европа и надворешни работи. Дозволете ми, во име на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, во мое лично име, како и во име на македонското национално малцинство во Република Албанија, да ви гочеститаме изборот на функцијата Министерка за Европа и надворешни ...

Read More »

Македонците во Преспа го одбележаа празникот Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица островот Мал Град

Во островот Мал Град во Преспа, во Црквата на Света Богородица се служеше Богослужба, според традицијата негувана со векови, Македонците од оваа област го одбележаа денешниот голем празник Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица. Оваа црква се смета за скапоцена во Преспа и во цела Албанија. Се наоѓа во Преспанското Езеро, на островот на островот Мал Град областа Преспа, од 14 ...

Read More »

Македонското малцинство во Бугарија останува изопштено и без можност за остварување на своите права

Од извештајот на Парламентарното собрание на Советот на Европа за Бугарија (ПССЕ) Македонците во Бугарија остануваат исклучени од државните програми и тела, без можност за основање партии или организации, и покрај одредени забележани позитивни промени во однос на третманот и правата на малцинствата во Бугарија во европските извештаи. Притоа, неисполнетите пресуди на Европскиот суд на правдата од страна на официјална ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Тирана му го честиташе изборот на Нико Пелеши за претседател на Собранието на Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, од име на македонското национално малцинство во Република Албанија, му го честиташе изборот, за претседател на парламентот, на Нико Пелеши, кој често кажува дека „македонската заедница е прекрасна, вредна и почитувана заедница, што е додадена вредност во мозаикот на културните, историските, етнографските и јазичните вредности во Албанија“. Дозволете ми, во име на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, во мое ...

Read More »