Бугарските европратеници, со соучество на ЕНП, беа под притисок да го одложат извештајот за пристапувањето на Македонија во ЕУ за да ги легитимираат своите националистички цели и да продолжат да го негираат македонскиот идентитет. Минатата недела, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент беше принуден да го одложи гласањето за извештајот за пристапувањето на Република Македонија во ЕУ. По огромниот ...
Read More »Македонци
Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова на средба со претставници на Македонците во Албанија: Обврзани сме да помагаме во решавање на проблемите (ФОТО)
За време на работната посета на Република Албанија, каде што учествуваше на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова се сретна со претставници на македонското национално малцинство во Република Албанија. Таа беше информирана за нивната состојба и за односот на албанските институции кон нив, на државно и на локално ниво, како и ...
Read More »Сиљановска-Давкова: Шокантно е луѓе кои со векови се декларирале на овие простори како Македонци и во добро и во зло, сега да ја сменат определбата под притисок на економските потреби
Прашање: Претседателке, можност во нашата амбасада овде, во Тирана, средба со претставници на нашинците, кои се нивните да речам, условно кажано, некои забелешки имаат. Што ви пренесоа, каква е ситуацијата овде во Албанија на македонското малцинство? Претседателката Сиљановска-Давкова: Самата албанска држава или самата албанска власт, како што ни е познато, врз основа на Законот за заштитата на правата на малцинствата, им ...
Read More »МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство во албанската полиција
Од исклучителна важност е македонското малцинство, како и другите малцинства во Албанија, да бидат соодветно застапени во редовите на Државната полиција, изјави лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски на семинарот организиран од Единицата за соработка против дискриминација при Советот на Европа, одржан во Драч. Тоа, оцени тој, не само што го зајакнува претставувањето, туку и ја ...
Read More »Документарен филм „Пат“ во чест на Отец Методиј од Македонија даде посебен придонес во преродбата на манастирот Валаам во Русија (ВИДЕО)
Научна студија: Македонската заедница со длабоки историски корени и силен колективен идентитет во Округот Корча
На настанот одржан денеска во просториите на Универзитетот „Фан Ноли“ во албанскиот град Корча, беше презентиран завршетокот на проектот „Културното наследство на етничките и јазичните малцинства во Округот на Корча“. Во рамки на оваа активност беше претставена научната студија произлезена од проектот, посветена на македонското, влашкото, ромското и египќанското малцинство кои, како што беше констатирано, единствено реално живеат во овој округ. ...
Read More »Македонско друштво “Илинден”-Тирана побара од европратеникот Винце и од ЕФА да го поддржат Извештајот за Македонија
Македонското друштво “Илинден”-Тирана побара од Лорант Винце, европратеник на Унгарскиот демократски сојуз од Романија и претседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), да го поддржи Извештајот за Македонија во Европскиот парламент. Во име на македонското национално малцинство во Република Албанија, македонското друштво “Илинден“-Тирана бара да го усвоите Извештајот за напредокот на Македонија кон Европската Унија во Европскиот парламент, кој ...
Read More »Честитка по повод Курбан Бајрам од Македонското друштво “Илинден“-Tирана
Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита Курбан Бајрам. Ваквите големи празници не потсетуваат дека без разлика на потешкотиите кои ни се издигнуваат како животни препреки, секогаш треба да чекориме по вистинскиот пат. Помеѓу луѓето постојано да владее слога и почитување без разлика на религиската, верската, или каква било друга определба. – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана ...
Read More »Македонска алијанса за европска интеграција упати честитка за Курбан Бајрам
Честитка по повод големиот исламски празник Курбан бајрам упати Македонска алијанса за европска интеграција. На сите верници од исламска вероисповед им го честита големиот муслимански празник Курбан бајрам, со искрени желби за добро здравје, семејна радост, духовен мир и благосостојба. Нека деновите на празнување бидат исполнети со меѓусебна почит, солидарност и споделена радост со најблиските. Овој свет празник нe потсетува ...
Read More »Честитка по повод Курбан Бајрам од Македонската амбасада во Тирана
Македонската амбасада во Тирана, упати честитка по повод Курбан Бајрам, на сите верници од Исламската вероисповест по повод празникот Курбан Бајрам, им посакуваме овој свет ден да донесе мир, добрина и солидарност во секое срце и секој дом. Посакуваме овој празник да ги зајакне чувствата на љубов, почит и соживот меѓу луѓето. Среќен Курбан Бајрам! – стои во честитката на ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden