Македонци

Апелациски суд го укина Центарот за македонски јазик во Грција

Апелацискиот суд во Кожани, Грција, реши да ја поништи регистрацијата на Центарот за македонски јазик. Пресудата на 68 страници е изречена на 13 август. Претходно судот во Лерин (март 2023)  ја потврди законитоста на регистрацијата на оваа невладина организација. Ова тогаш се протолкува како признавање на македонскиот јазик од Грција и доследно почитување на одредбите од Преспанскиот договор. После 16 ...

Read More »

Четири години без Вело Цфарку еден најголемите интелектуалци Македонци од областа Голо Брдо (1935 – 2020)

Поминаа четири година без Вело Цфарку големиот македонски патриот, писател, новинар и публицист. На 85-годишна возраст во Тирана почина Вело Цфарку, познат интелектуалец, учител, новинар, собирач на македонскиот фолклор и традиции од областа Голо Брдо. Цфарку беше долгорочен активист на Македонците од Голо Брдо, автор на неколку книги, статии. Со неговите дела помогнал многу за пренесување на македонските обичаи, фолклор, ...

Read More »

Во Церје, Македонците од Мала Преспа, го одбележаа празникот Голема Богородица

Според традицијата негувана со векови, во селото Церје, Македонците од Мала Преспа, го одбележаа денешниот голем празник Успение на Пресвета Богородица, патрон на селската црква. Иако поголемиот број жители од Церје се иселени, сепак за нив и нивните поколенија важи изреката „каде и да се за овој голем празник во Церје да се“. Секако заедно со нив беа и жители ...

Read More »

Честитка од Македонското друштво “Илинден“-Тирана по повод Успение на Пресвета Богородица

По повод на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите Македонци од православна вероисповед во Република Албанија и до сите Македонци каде и да се во светот. Дозволете ми во мое лично име и во име на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, и во името на македонско ...

Read More »

Меѓу двата пописа Општина Пустец со 43 отсто помал број жители

Резултатите од пописот на населението во Албанија покажуваат дека општина Пустец, единствената македонска општина во земјата, е меѓу четирите општини со најголем пад на бројот на жителите. Во периодот меѓу двата пописа, 2011-2023 година, бројот на населението во Пустец се намалил за 43 отсто, односно од околу 5 илјади на над 1880. Пустец е меѓу 55 општини во Република Албанија ...

Read More »

Колумна на Бил Николов: Од учебникот на американската надворешна политика

Американска надворешна политика. Тоа се трите најужасни зборови на англискиот јазик. Настрана зборовите „убиство“, „гладување“ и „геноцид“. Американската надворешна политика обично е претходник на сите три, па да почнеме од неа. Соединетите Американски Држави сакаат да користат слогани и фрази како „ширење демократија“, „слободољубивост“ и „одбрана на човековите права“ за да тврдат дека тие се, навистина, карактеризирани од овие зборови, ...

Read More »

Пописи на население 2023, Општина Пустец со 43% има најголемо намалување на бројот на населението

Општините Скадар, Елбасан, Драч, Валона и Фиер имаат најголемо намалување на бројот на населението со податоците од пописот во 2011 и 2023 година, од друга страна, најголем пораст на населението по број има општина Тирана, Дропул, Химара и Саранда Процентуално, општини со најголем пад на населението меѓу двата пописи се општина Селеница со 48%, Пустец со 43%, Пука со 44% ...

Read More »

Медиумите на македонски јазик во Република Албанија во периодот 1990-2023

  Автор: Никола Ѓурѓај Трудот е првично публикуван во 17 број на „Journal of Science Science“ – Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Македонија, https://js.ugd.edu.mk/index.php/sssj/article/view/6716/5393 Апстракт Македонците во Албанија како дел од македонскиот народ својот национален и културен идентитет го негуваат и афирмираат на повеќе начини. Еден од нив е преку медиумите. Во Албанија, пред се, во местата кадешто живеат Македонци се ...

Read More »

Заврши реставрацијата на пештерската црква „Света Богородица“ на островот Мал Град (ФОТО)

Заврши реставрацијата на пештерската црква „Света Богородица“ на островот Мал Град, кај Пустец, Мала Преспа, што се одвиваше под надзор на Регионалната дирекција за културно наследство од Корча. „Уште едно исполнето ветување за заедницата на Преспа и културното наследство благодарение на работата на Општина Пустец и партнерите. Заврши процесот на реставрација на црквата ‘Света Богородица’ на островот Мал Град. На виделина ...

Read More »