Поради лошите временски услови, со обилни врнежи од снег, ветер и температури до 10 степени под нулата, Македонците во областа Голо Брдо деновиве се соочуваат со веќе познатите проблеми, завеани патишта и прекин во снабдувањето со електрична енергија. Поради искинат проводници од тежината на снегот и силниот ветер, веќе три дена има прекин во снабдувањето со електрична енергија. Најавено е ...
Read More »Македонци
Првиот снег ја покри областа Голо Брдо
Село Клење областа Голо Брдо Село Големо Острени областа Голо Брдо
Read More »“Радио Пела Македонија” подготви телепортажа за Македонците во Мала Преспа (ВИДЕО)
“Радио Пела Македонија” подготви телепортажа за Македонците во Мала Преспа, Албанија. “Радио Пела Македонија” зборува за условите за живот и работа на Македонците во општина Пустец, и областа Мала Преспа во Албанија…
Read More »Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 22-ри Ноември – Денот на Албанската азбука
Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Ви го честита 22-ри Ноември – Денот на Албанската азбука, делегатите на Битолскиот конгрес во 1908 година донеле одлуки за унифицирање на Албанската азбука.
Read More »Ѓурѓај: Трудот “Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“ на Андријана Јаневска од непроценливо значење за Македонците
Трудот на македонска пејачка и музичарка Андријана Јаневска на тема „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“ за нас Македонците е од непроценливо значење, бидејќи, меѓу другото се намалува просторот за фалсификување на нашата, македонска народна песна, оценува Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана. Според него, во овој труд, се опфатени неколку многу важни теми за Македонците ...
Read More »Македонците во Пустец одбележан патронот на црквата „Св. Архангел Михаил“
Македонците во Пустец, Мала Преспа, Албанија, достојно како и секоја година, го одбележаа патронот на црквата „Свети Архангел Михаил“, што го чествуваат како нивен заштитник. Утрена со света божествена литургија, отслужи отец Алексо Темелко, по што во трпезаријата на црквата имаше богата трпеза за сите верници, а потоа и музичка програма со македонски песни и ора. Ја продолжуваме традицијата на ...
Read More »Позната македонска пејачка и музичарка Андријана Јаневска одбрани докторска дисертација на тема „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“
Денес, 20 ноември 2023 година во Институт за фолклор “Марко Цепенков” на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, беше успешно одбранета докторска дисертација на тема „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“ од кандидатот м-р Андријана Јаневска. Ваквата вест за нас, Македонците во Албанија е особено значајна бидејќи се намалува просторот за фалсификување на нашата, ...
Read More »Македонците од Мала Преспа на протест, бараат огревно дрво
Македонците од општина Пустец годинава не можат да обезбедат огревно дрво. Порано ги обезбедуваше општината во договор со Националната агенција за заштитени подрачја, но сега тоа истата не го дозволува, јави весникот „Македониум“. Револтот тие го искажале на протест пред општина Пустец, на денот кога се очекувала посетата на директорката на Националната агенција за заштитени подрачја, но таа ја откажала ...
Read More »Бугарија директно се мешаше при пописот на македонското малцинство во Република Албанија
Досега повеќе македонски здруженија и организации од Албанија посочија дека Тирана фактички ѝ дава простор на Софија да го спроведе пописот во Албанија, особено во оние региони каде што живее македонски народ. Познавачите на оваа проблематика велат дека постојат реално допуштени и спроведувани модели на притисоци од страна на бугарските државни институции и приватни фондации, кои се насочени кон Македонците ...
Read More »Изложба за македонскиот фронт претставена во Франција
По повод 105 години од завршувањето на Првата светска војна и одбележување на Денот на примирјето (11 Ноември) македонската асоцијација „Илинден 1903“ придонесе францускиот град Кантеле во Нормандија оваа година да биде домаќин на изложбата „100 години од Македонскиот фронт – секојдневниот живот на линијата на фронтот“ од македонските автори Иљо Трајковски и Мире Младеновски во тесна соработка со Асоцијацијата на наставници по ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden