Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие две нови средни училишта и фотоволтаици на сите останати

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја претстави својата визија за модерно, дигитално и еколошки одржливо образование, најавувајќи изградба на две нови средни училишта и целосна енергетска трансформација на сите постојни училишта во главниот град. Според неговата програма, нови современи средни училишта ќе се изградат во Драчево — нов објект за СУГС „Браќа Миладиновци“, и во Ѓорче Петров — ...

Read More »

Коњановски: Во Битола се гради нов Центар за спорт и рекреација вреден над 40 милиони денари

Кандидатот за градоначалник на Битола, Тони Коњановски, најави дека во градот е во тек изградбата и реконструкцијата на современ Центар за спорт и рекреација, проект кој ќе го промени спортскиот живот на битолчани. Како што истакна Коњановски, овој проект, познат меѓу граѓаните како поранешната боксерска сала, е поддржан во првиот повик на Владата за капитални инвестиции и веќе се реализира ...

Read More »

Македонија: Вкупно 1.341 домашен и меѓународен набљудувач ќе ги следат локалните избори

Локалните избори што ќе се одржат в недела на 19 октомври ќе ги следат 1.341 набљудувач, од кои 700 домашни и 639 меѓународни, како и двајца странски новинари. Државната изборна комисија (ДИК) врши достава недоверливиот изборен материјал до сите општински комисии, а в четврток и петок ќе се доставува и доверливиот изборен материјал. Тоа беше соопштено на денешната 144. седница ...

Read More »

Коњановски: Битола прераснува во град на паркови и детска радост

Кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Тони Коњановски, најави дека градот продолжува со засилената динамика на уредување нови зелени површини и создавање современи простори за рекреација и одмор. „Зад мене е новиот уреден парк во Нова Битола, кој претставува уште еден чекор во создавањето на поубав, поурбан и позелен град,“ истакна Коњановски, додавајќи дека на оваа површина, која претходно била ...

Read More »

Нови перспективи за Прилеп – Проданоски со визија за населбата „Градина“

Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, Дејан Проданоски, ја претстави својата визија за развој на градот, со акцент на создавање на достоинствен и современ живот за сите граѓани. Еден од клучните проекти што тој го најави е изградбата на новата населба „Градина“, која треба да стане пример за урбан развој и стандарди за долги години напред. Населбата ќе се наоѓа ...

Read More »

Скопје за сите генерации – мерки на Ѓорѓиевски за пензионерите и лицата со попреченост

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја претстави својата визија за главниот град како место што се грижи за сите граѓани, без разлика на возраст, здравствена состојба или социјален статус. „Скопје ни е дом на сите нас – на младите кои сонуваат, на семејствата кои градат иднина, на старите кои нè воспитале и на сите кои заслужуваат достоинствен ...

Read More »

Пробиштип: Тоневски најави дом за повозрасните и почит кон пензионерите

Кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати емотивна порака до пензионерите, истакнувајќи дека тие се темелот на градот и дека нивниот труд и љубов се вградени во секој дел од заедницата. „Нашите пензионери се темелот на Пробиштип. Тие го вложија своето време, труд и љубов за градот што денес го имаме. Сега е ред ние да им возвратиме ...

Read More »

Смарт Скопје: Ѓорѓиевски најави целосна дигитална трансформација

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го претстави планот за целосна дигитална трансформација на главниот град, преку 17 стратешки проекти што ќе го претворат Скопје во прв целосно дигитализиран, модерен и транспарентен град во државата. „Кога зборуваме за иднината на Скопје, зборуваме за град кој функционира паметно, брзо и чесно – град во кој системот, а не врските, ја ...

Read More »

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа, реализираше бројни проекти и покрај тоа што три години се соочуваше со опструкции

,,Во Охрид ќе имаме историски најголема победа на 19. октомври, Кирил Пецаков реализираше бројни проекти и е првиот градоначалник на општината што има далеку поголема поддршка за разлика од првиот пат кога бил избран“, истакна вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на средба со охриѓани. ,,Не е лесно во општина како Охрид, после 4 години да се застане со чист ...

Read More »

Прилеп добива зелен пулс: Проданоски со најава за изградба на голем парк во градот (ВИДЕО)

Кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска најави проект за изградба на најголемиот парк во Волково, кој ќе стане нова зелена оаза на градот. „Овде ќе никне излетнички центар од 30.000 квадратни метри, со пешачки и велосипедски патеки, детски и фитнес зони и современо еколошко осветлување. Паркот Волково ќе биде место што живее и дење и ноќе, со светло, ...

Read More »