Македонија

Тошковски и Кондратович: Потпишан протокол за реадмисија и голема поддршка од Литванија на европскиот пат на Македонија

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, оствари работна средба со делегација на Министерството за внатрешни работи на Литванија, предводена од министерот Владислав Кондратович. На средбата фокусот беше ставен на унапредувањето на меѓусебната соработка и продлабочување на пријателските врски меѓу двете министерства и полиции во борбата против организираниот криминал, ситуацијата со илегалната миграција и соработката помеѓу центрите за обука на ...

Read More »

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура. Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон ...

Read More »

Македонија: Во Скопје состанок на лидерите на ЕУ и Западен Балкан

Состанок на лидерите на ЕУ и Западен Балкан посветен на напорите за забрзување на спроведувањето на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан ќе се одржи денеска во Скопје. На состанокот присуствува комесарката за проширување Марта Кос, а покрај домаќинот, македонскиот премиер Христијан Мицкоски, во Македонија се пристигнати или ќе пристигнат и претставници од Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, ...

Read More »

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи во областите на владеењето на правото, економскиот развој и дигиталната трансформација. Премиерот  Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта ...

Read More »

Македонија: Пуштен во употреба експресниот пат Фариш – Дреново – од Скопје до Прилеп за час и 15 мин

Пуштена е во употреба делницата Фариш – Дреново од експресниот пат А1, дел од коридорот 10д, се скратува времето за патување. Од денеска, отворена е за сообраќај и оваа делница. Проектот е со вкупна вредност од 44,74 милиони евра и е финансиран со заем од ЕБОР (Европска банка за обнова и развој). На пуштањето денеска присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот ...

Read More »

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова ја предводи македонската делегација на Меѓународна конференција во Севиља

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова од денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија и ќе се обрати на првата пленарна сесија на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот (FfD4), којашто под покровителство на Организацијата на Обединетите нации ќе се одржи во Севиља. Како што соопштија од кабинетот на Сиљановска-Давкова, вечерва, таа ќе присуствува на официјалниот прием, ...

Read More »

Православните верници денска го слават Светиот пророк Елисеј

Живееше 900 години пред Христа. Кога Господ сакаше да го земе кај Себе престарениот Пророк Илија, му откри дека за наследник во пророчката служба му го одредил Елисеј, синот Сафатов, од племето Рувимово, од градот Авелмаул. Илија му ја кажа на Елисеј волјата Господова и го покри со својата наметка и испроси од Бога двојна благодат за него. Елисеј веднаш ...

Read More »

Софија е влезена во многу опасен наратив, порача Муцунски

Актуелната власт, псоочува шефот на дипломатијата, е внимателна во донесувањето одлуки кои би можеле да имаат далекусежни последици. Дополнително, вели тој, за нас како држава клучно е патот кон полноправно членство да биде предвидлив. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски не очекува по локалните избори да има промена во државните позиции во однос на уставните ...

Read More »

Николоски на средба со министерот за транспорт на Франција, Филип Табаро: Одличната соработка ќе ја надградуваме во делот на железницата, автопатиштата и ависобоораќајот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на работната посета на Франција, утрово оствари средба со министерот за транспорт на Франција, Филип Табаро, на која се разговараше за унапредување на меѓусебната соработка во делот на железницата, ависообраќајот и автопатиштата. Во продолжение интегрален текст од заедничката изјава на вицепремиерот Николоски и министерот за транспорт на Франција, Филип Табаро: “Денеска ...

Read More »