Македонија

Министерот за одбрана на Македонија, Владо Мисајловски се сретна со началникот на Генералштабот на романската армија Влад

Македонија и Романија ја зацврстуваат билатералната и сојузничката воена соработка преку заеднички активности и придонес во мултинационалните сили. Министерот за одбрана на Македонија, Владо Мисајловски, денеска оствари средба со генералот Георгита Влад, началник на Генералштабот на Вооружените сили на Романија, кој престојува во официјална посета на земјава на чело на висока воена делегација. На средбата, Мисајловски и Влад разговараа за ...

Read More »

Средба на министерот Муцунски со министрите за надворешни работи на Литванија, Египет и Јордан

На маргините на Бледскиот стратешки форум, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари одделни средби со министерот за надворешни работи на Литванија, Кестутис Будрис, министерот за надворешни работи на Арапската Република Египет, Бадр Абделати, како и со заменик-премиерот и министер за надворешни работи и иселеници на Хашемитското Кралство Јордан, Ајман Ал-Сафади. На средбата со литванскиот министер, Муцунски ...

Read More »

Македонија: Висока делегација на Вооружените сили на Романија во официјална посета на македонската Армија

За време на посетата генералот Влад ќе оствари средба и со министерот за одбрана, Владо Мисајловски. Висока делегација на Вооружените сили (ВС) на Романија, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Ѓеоргита Влад, од утре, ќе престојува во официјална посета на Армијата на Македонија. По пречекот со високи воени почести, делегацијата од Романија ќе оствари средба со својот домаќин, ...

Read More »

Македонија: Коњановски подобри услови за учениците во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Бистрица

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, на почетокот на новата учебна година го посети ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во село Бистрица, каде што оствари средба со родителите и директорката на училиштето. Тој информираше дека училницата, која претходно беше предмет на политички шпекулации, е целосно санирана. Родителите, пак, побараа уште две интервенции – промена на дограмата и набавка на клима-уред за ...

Read More »

Македонија: Travel and Leisure го вброи Охрид помеѓу 20-те најубавите дестинации во Европа

Охридското Езеро можеби поминува незабележано од бројни патници, но штом ќе здогледате неговите блескави води на сончев ден или ќе дознаете за неговата историја – езерото е старо речиси два милиони години – веројатно ќе сакате да испланирате патување таму што е можно поскоро, порача неодамна порталот Travel and Leisure за преубавиот Охрид, кого го вброи помеѓу 20-те најубави места ...

Read More »

Угледниот новинар од Албанија, Ментор Назарко за МИА: Албанија и Албанците имаат секаква причина за добрососедски односи со Македонците

„Сакам да ја повикам ориентацијата на историските наративи или реалноста кон помирување: со толку многу заедничка историја, со овие човечки текови толку измешани, зошто да бидеме толку непријатели? Албанците имаат секаква причина да имаат добрососедски односи со Македонците, нешто што го спонзорираат и нашите западни пријатели. Од историски, но и од сегашни причини. Јадранското Море, преку Коридорот осум, може да ...

Read More »

Тошковски и Поклукар: Одлична соработка на полето на безбедноста (ВИДЕО)

Денеска во Охрид, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, оствари работна средба со делегација на Министерството за внатрешни работи на Словенија, предводена од министерот Боштјан Поклукар. На средбата фокусот беше ставен на унапредувањето на меѓусебната соработка и продлабочување на одличните пријателските врски меѓу двете министерства и полиции во борбата против организираниот криминал, ситуацијата со илегалната миграција, внатрешната контрола и соработката ...

Read More »

Муцунски за „Политико“: Подготвени сме да ги направиме сите неопходни реформи – не само поради ЕУ, туку поради посилно општество

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за влијателниот политички магазин Politico. Говорејќи за процесот на европска интеграција, министерот истакна дека државата во моментов не е подготвена да ги направи уставните измени што ги бара Бугарија, освен ако не добие цврсти гаранции од Европската Унија дека тоа ќе биде ...

Read More »

Македонија: Мисајловски на средба со командантот на КФОР, генералот Бардуани

Мисајловски порача дека во време на сериозни геополитички промени и нестабилност, сигурен и безбеден регион е од приоритетно значење за нас, додавајќи дека земјата ќе продолжи да биде столб на безбедноста на Балканот. Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска се сретна со командантот на НАТО мисијата на Косово, КФОР, генерал-мајор Енрико Бардуани со кого разговараше за значајната улога на оваа ...

Read More »

115 години од раѓањето на Мајка Тереза

Мајка Тереза, еден од најзначајните ликови на XX век додека беше жива ја почитуваа многу луѓе ширум светот, од обични луѓе до лидери на водечките светски сили, државници, славни личности, хуманитарци, а најмногу оние кои веруваа дека може да се помогне да се победи бедата, гладта, сиромаштијата и болеста. Особено се цени нејзината идеја за основање на католичката заедница „Мисионерки ...

Read More »