Ракометната репрезентација на Македонија ја оствари првата победа на светското првенство и се пласираше во следниот круг од натпреварувањето. Имено со резултат 32:29 Македонија попладнево ја совлада репрезентацијата на Чиле. Во следниот круг на натпревари ќе се натпреварува со репрезентациите од групата Х, односно македонските ракометари ги очекуваат уште три доста тешки натпревари и тоа против Русија, Белорусија и Словенија. ...
Read More »Спорт
Одбојкарите на Македонија по вторпат на ЕП
Македонија е на чекор до промоција на ЕП 2021 откако нашиот национален тим го доби денешниот последен натпревар против Турција со 3-1 во сетови. Турците остануваат првопласирани во групата, но Македонија со три победи на вкупно четирите средби е многу блиску до промоција како една од најдобрите пет второпласирани репрезентации во седумте групи. Неколку групи се уште не се ниту стартувани, ...
Read More »Почина Диего Армандо Марадона
Според повеќе светски медиуми, Диего Армандо Марадона почина на 60-годишна возраст. Првичните информации велат дека Марадона имал срцев удар. Марадона пред само две недели беше во болница каде имаше успешна операција, по што беше пуштен од болница. Само 15 дена по таа операција, Марадона денеска починал од срцев удар.
Read More »Македонската репрезентација до 21 година ја победи Црна Гора со 2:1
Македонската репрезентација до 21 година ја победи Црна Гора со 2:1 на последниот натпревар од групата 6 во квалификациите за Европското првенство 2021. Со домашниот триумф против црногорците, нашата млада репрезентација го потврди второто место во конкуренцијата. Од нашата група, Шпанија го освојува првото место и обезбедува пласман на континенталниот шампионат. Македонија со 18 бодови завршува на второто место. На мечот ...
Read More »Лига на нации: Македонија – Естонија 2-1
Најдобрата македонска репрезентација со победа против Естонија од 2-1 ги продолжи натпреварите во новата сезона во Лигата на нациите и остана на првото место во групата Ц. Нашата селекција беше поквалитетна на денешниот натпревар. Првиот обид Македонија го имаше во 25. минута, Тричковски ја смести топката во голот на Естонија, но погодокот беше поништен поради офсајд. Сепак неколку минути подоцна, Спировски асистираше ...
Read More »Историја: Македонската фудбалска репрезентација на Европско првенство
Македонската фудбалска репрезентација се пласираше на Европското првенство следното лето, откако ја совлада Грузија со 1-0 на гостувањето во Тбилиси во рамки на финалниот бараж натпревар. Стрелец на единствениот гол беше Горан Пандев во 56-тата минута од натпреварот по една прекрасна акција на Елиф Елмас и Илија Несторовоски. Македонија на својот дебитантски настап на континенталниот турнири ќе игра во рамки ...
Read More »Македонија против Грузија за историски пласман на Европско првенство
Македонската фудбалска репрезентација денеска во Тбилиси, го игра најзначајниот натпревар во својата фудбалска историја, бидејќи со победа над Грузија, Македонија за прв пат во историјата ќе се пласира на Европското првенство. Натпреварот ќе се игра на „Динамо арена“, со почеток во 18 часот. Нашиот тим нема да биде комплетен во Тбилиси, бидејќи поради повреда во Грузија воопшто не отпатува Енис Барди, а ...
Read More »Триумф на македонските ракометари на гостувањето кај Швајцарија
Црвено жолтите попладнево на гостувањето во Шафхаузен го совлада домаќинот Швајцарија со 25-23 и обезбедија важен триумф во битката за второто место во групата кое води на Еврошампионатот во 2022. Одличната игра во одбрана на нашиот национален тим беше клучна за успехот на денешниот меч. По израмнетото прво полувреме во ист ритам двете селекции продолжија и во вториот дел. Швајцарците ...
Read More »Македонија со напредок на ФИФА ранг-листата
Македонската фудбалска репрезентација забележа напредок на најновата ФИФА ранг-листа. По победата над Косово во баражот за пласман на ЕП, како и по ремијата со Естонија и Грузија, македонската репрезентација напредуваше за едно место на рангирањето на ФИФА. Благодарение на учинокот од претходната репрезентативна пауза, Македонија собра пет поени и скокна за едно место на листата и сега има вкупно 1365 ...
Read More »Македонија одигра 3:3 на гостувањето кај Естонија
Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено 3:3 со Естонија во натпревар од третото коло на Ц-2 групата во Лигата на нациите. Со видно изменет состав во однос на дуелот против Косово, селекторот Игор Ангеловски го започна вечерашниот дуел во Талин против Естонците. Нашите фудбалери среќно први дојдоа до водство од 1:0 и тоа благодарение на смешниот автогол на домаќините односно Куск ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden