Свет

Српските партии бараат српскиот јазик да биде официјален во Црна Гора

По објавувањето на резултатите од пописот на населението, просрпските партии го обновија своето барање српскиот јазик да биде официјален во Црна Гора. Резултатите од пописот во Црна Гора покажаа дека српскиот е мајчин јазик за 43 отсто од населението, а црногорскиот за нешто повеќе од 34 отсто. Истиот ден кога беа објавени резултатите на 15 октомври, просрпските партии го повторија ...

Read More »

Почина Фетулах Ѓулен, водачот на движењето ФЕТО и противник на Ердоган

Турскиот муслимански проповедник Фетулах Ѓулен, за кој Анкара тврди дека го организирал неуспешниот пуч во 2016 година, почина во САД на 83-годишна возраст, објавија денеска турските медиуми. Фетулах Ѓулен изгради моќно исламско движење внатре и надвор од Турција, но ги помина последните години обвинет за организирање на обидот за државен удар против турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, обвиненија кои тој ...

Read More »

Убиениот водач на Хамас Јахја Синвар со семејството во тунелите под Газа (ВИДЕО)

Полковникот Надав Шошани, меѓународен портпарол на израелските одбранбени сили (ИД), објави декласифицирана видео снимка на која наводно се гледа што правел неодамна убиениот лидер на Хамас Јахја Синвар еден ден пред нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година. Шошани тврди дека видеото, кое се чини дека е снимено од безбедносните камери во еден од тунелите на Хамас, ...

Read More »

Снимени последните моменти на првиот човек на Хамас, фрли стап кон дронот (ВИДЕО)

Израел објави дека Јахја Синвар, првиот човек на Хамас, е убиен во Рафа во Појасот Газа. Израелците тврдат дека цел на нападот биле тројца милитанти и дека не знаеле дека меѓу нив е и Синвар. Контраадмиралот Даниел Хагари, портпарол на израелските одбранбени сили (ИДФ), рече дека израелските војници забележале тројца терористи како трчаат од куќа до куќа во областа Тал ...

Read More »

Путин со претседателот на Иран: „Се формира нов светски поредок“ (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес во Туркменистан, при што двајцата лидери ги поздравија сè посилните врски меѓу своите земји и сличните погледи на настаните во светот, во сојузот кој Вашингтон го гледа со сè поголема загриженост. Во конфликт со Соединетите Американски Држави и Европската Унија поради војната во Украина, што се смета за дел ...

Read More »

Најмалку 10 мртви, над три милиони луѓе без струја првичен биланс од ураганот Милтон

Најмалку 10 луѓе загинаа, а над три милиони останаа без електрична енергија при ударот на ураганот Милтон врз делови од американската сојузна држава Флорида. Секретарот за национална безбедност на САД, Алехандро Мајоркас на брифинг во Белата куќа соопшти дека владата има извештаи за најмалку 10 смртни случаи. Пет од нив се пријавени во округот Сент Луис на источниот брег на ...

Read More »

Во терористичкиот напад во Teл Авив загинаа шест лица напаѓачите ликвидирани

Шестмина беа убиени, а девет беа ранети, двајцата терористи беа застрелани од безбедносните сили пишува Ерусалим пост. Во јужниот дел на Тел Авив, во Јафа во близина на железничка станица загинаа шест лица, а најмалку девет лица и едно куче се ранети. Ерусалим пост пишува дека двајцата терористи Мухамед Чалаф Сахар Раџаб и Хасан Мухамед Хасан Тамими, од Хеброн, биле забележани ...

Read More »

Поранешниот ирански претседател Ахмадинеџад откри шефот на единицата на иранската тајна служба бил агент на Мосад

  Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад откри шокантна информација во јавноста – шефот на единицата на иранската тајна служба формирана поради агентите на Мосад кои оперираат во Иран всушност бил израелски агент. Во интервју за Си-Ен-Ен Турк, Ахмадинеџад тврди дека уште 20 агенти во иранскиот разузнавачки тим, задолжени за следење на активностите на израелската разузнавачка служба, се исто така свртени ...

Read More »

Иран изврши ракетен напад врз Израел (ВИДЕО)

Низ Израел се вклучија сирените за опасност, а експлозии се слушаа во Ерусалим и во долината на реката Јордан, додека граѓаните бегаа во засолништа. Новинарите на терен јавуваат дека виделе пресретнати ракети од израелската противвоздушна одбрана. Израелските медиуми тврдат дека биле испукани над 100 ракети во правец на земјата. Претходно, израелската армија соопшти дека очекува балистички ракетни напади од Иран ...

Read More »

Столтенберг денеска му ја предава функцијата генерален секретар на НАТО на Руте

Еден од најдолгите генерални секретари на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ќе му ги предаде должностите на поранешниот холандски премиер Марк Руте, во време кога алијансата се соочува со некои од најголемите предизвици во својата историја. Столтенберг, 13-тиот генерален секретар на НАТО, ја презеде функцијата во 2014 година, а должината на неговиот мандат ја надмина само холандскиот дипломат Џозеф Лунс, кој ...

Read More »