Свет

Рејтингот на Трамп падна на речиси најниско ниво од почетокот на мандатот

Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп во последните денови падна на речиси најниското ниво во неговиот актуелен мандат, бидејќи гласачите од Републиканската партија се незадоволни од управувањето со економијата, покажуваат резултатите од најновата анкета на Ипсос. Тридневната анкета, објавена од Ројтерс, покажа дека 39 проценти од возрасните Американци го одобруваат работењето на Трамп, што е намалување од претходниот 41 процент ...

Read More »

Зеленски: Силни безбедносни гаранции од Европа и САД – услов за мировен договор

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја истакна неопходноста од добивање безбедносни гаранции од Европа и Соединетите Американски Држави во случај на можен мировен договор. Изјавата ја даде денеска, за време на неговата посета на Хаг. По разговорите со вршителот на должноста холандски премиер, Дик Схоф, Зеленски изјави дека на Украина ѝ се потребни „правно обврзувачки гаранции“. -Има многу прашања за тоа ...

Read More »

Европската унија воведе дополнителни санкции против Русија

На листата на санкционирани се вклучени аналитичари на надворешна политика поврзани со институции, тинк-тенкови и универзитети блиски до Кремљ, како и влијателни поединци кои промовираат проруска пропаганда, теории на заговор за руската инвазија врз Украина и наративи насочени против Украина и НАТО. Дел од нив се поранешни воени или полициски функционери од западноевропски земји. Министрите воведоа санкции и против Меѓународното ...

Read More »

Терористичкиот напад на плажата во Сиднеј 12 мртви од кои и еден од напаѓачите

Полицијата во Нов Јужен Велс потврди дека 12 лица, вклучувајќи го и еден вооружен човек, се убиени во пукотница на плажата Бонди во Сиднеј. Другиот напаѓач е во критична состојба. Еден од напаѓачите е 24-годишниот Навид Акрам. Австралиско еврејско здружение29 лица беа ранети. На плажата Бонди се одржа настан по повод првиот ден од еврејската прослава на Ханука. Нападот беше ...

Read More »

Администрацијата на Трамп подготвена да го укине финансирањето на меѓународните судови

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, започнала подготовки за радикални промени во американската надворешна и правосудна политика, вклучувајќи можност за укинување на финансирањето на меѓународните судови и проекти кои со децении ги обликуваа процесите на Балканот, овјави Newsmax Balkans. Според информациите до кои дојде Newsmax Balkans од доверливи извори блиски до администрацијата на Трамп, во Вашингтон веќе започнал процесот на подготовка ...

Read More »

10 декември – Меѓународен ден на човековите права

Универзалната декларација за човекови права е акт усвоен од Генералното собрание на ОН на 10 декември 1948 година, во Париз. Денес, нејзиното историско значење претставува инспирација за одбележувањето на човековите права ширум светот. Декларацијата е создадена во периодот после Втората светска војна  и означува прво глобално изразување на основни права на сите човечки суштества. Декларацијата се состои од 30 члена ...

Read More »

Зеленски: Преговорите на Украина со САД се конструктивни, но не и лесни

  Разговорите со американските претставници за мировниот план за Украина беа конструктивни, но не и лесни, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на планираните консултации со европските лидери во наредните денови. Зеленски во саботата разговараше со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, а се очекува денеска во Лондон да ...

Read More »

Божиќната елка во Витлеем првпат осветлена од почетокот на војната во Појасот Газа (ВИДЕО)

Foto: Monjed Jadou/Al Jazeera Градот Витлеем одлучи по две години пауза да постави и осветли божиќна елка и да го обнови одбележувањето на празникот со сите свечености. Во текот на двете години војна во Појасот Газа, сите јавни прослави на Божиќ беа откажани во Витлеем на окупираниот Западен Брег, каде што христијаните веруваат дека е роден Исус. Меѓутоа, по неодамнешното ...

Read More »

Грција: Поплави во Атина и во Солун (ВИДЕО)

Влијанието на многу силен циклон над Грција продолжува. Голем дел од земјата е под обилни дождови и силни грмотевици. Обилните дождови траат со денови, а многу области се погодени од грмотевици и лошо време. Најкритична е ситуацијата во северните, централните и југоисточните региони на Грција и во областа на Егејското Море. Во овие области, само за еден ден наврнале до ...

Read More »

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД планираат да го прошират бројот на земји опфатени со забраната за патување на повеќе од 30, изјави американската министерка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем. Нема да бидам прецизна за точниот број, но тој е поголем од 30, а претседателот продолжува да ги проценува земјите, рече Ноем во интервју за Фокс Њуз, одговарајќи на прашањето дали администрацијата на претседателот на ...

Read More »