Tag Archives: Албанија

Минатата година Македонија има суфицит во трговската размена со соседна Албанија

Минатата година Македонија има суфицит во трговската размена со соседна Албанија, забележувајќи извоз за 24 отсто поголем споредено со претходната година. Албанија, го губи  теренот во трговијата со Македонија, која е важен регионален партнер. Во 2025 година, извозот од Албанија во Македонија нагло се намалил на 8,99 милијарди леки, од 11,8 милијарди леки во 2024 година, што претставува годишен пад ...

Read More »

Албанското собрание усвои декларација за невиност на поранешните водачи на ОВК

Албанското собрание со 92 гласа „за“ усвои декларација „за невиноста на лидерите на Ослободителната војска на Косово“ за кои Специјалниот суд во Хаг побара по 45 години затвор, во која посебно се нагласува дека „нивната војна била праведна“. Имајќи ја предвид историската вистина за војната на ОВК, Собранието на Албанија, нагласи дека оваа армија била легитимно ослободително движење, кое се ...

Read More »

TикТок повторно достапен во Албанија, откако беше блокиран пред една година

Албанската влада денеска одлучи да ги укине привремените мерки, воведени пред речиси една година, за блокирање на апликацијата ТикТок, со што таа повторно е достапна во Албанија. На 6 март 2025 година, албанската влада привремено го суспендираше пристапот до платформата TикТок на една година, откако тинејџер избоде до смрт свој врсник во Тирана по расправија што започнала на ТикТок. Образложението ...

Read More »

Известувачот на Европскиот парламент за Албанија, Андреас Шидер: Ако продолжи со ова темпо на реформи, Албанија ќе биде во ЕУ до 2029 година

Известувачот на Европскиот парламент за Албанија, Андреас Шидер, изјави дека интеграцијата на Албанија во Европската Унија може да се постигне во рамките на oваа деценија. Според него, доколку албанскиот парламент и влада го одржат ова темпо на спроведување реформи, членството во ЕУ може да се постигне во рамките на мандатот на сегашниот Европски парламент, кој истекува на крајот од 2029 ...

Read More »

Првиот заменик-претседател на Владата на Македонија, Беким Сали, оствари средба со министерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу

Првиот заменик-претседател на Владата на Македонија, Беким Сали оствари средба со министерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу. За време на средбата беа разгледани билатералните односи меѓу двете држави, проектот ONE STOP SHOP, за кој се очекува во блиска иднина да започнат подготовките за имплементација, додека самата имплементација на системот се очекува да започне во летната сезона, како и ...

Read More »

Албанскиот парламент ги усвои измените во Кривичниот законик со кој се дава поголема безбедност за новинарите

По одобрувањето на законскиот пакет министер за правда, Бесфорт Ламалари, напиша на социјалните мрежи дека оваа одлука е важен чекор кон зајакнување на владеењето на правото и исполнување на обврските на Албанија во процесот на европска интеграција. Парламентот со 85 гласови „за“ и 10 против утрово одобри пакет измени на Кривичниот законик, со кои се дава поголема безбедност за новинарите ...

Read More »

Албанија годинава почнува со производство на воена опрема и муниција (ВИДЕО)

За време на својот говор, министерот за одбрана Пиро Венгу објави дека во моментов се потпишани шест договори за создавање шест заеднички државно-приватни компании, преку државната компанија KAYO и шест приватни оператори, објавија медиумите. Министер за одбрана Пиро Венгу најави дека Албанија годинава ќе започне со производство на муниција, воена опрема, дронови и системи против дронови, возила за итни случаи ...

Read More »

Албанија: Судири пред Владата 11 полицајци повредени, 23 лица уапсени на протестот

За време на денешниот митинг, свикан и организиран од Демократската партија, како резултат на напади со молотови коктели, пиротехнички средства и тврди предмети пред Канцеларијата на премиерот и Салата на Собранието, 11 полицајци кои беа на должност да обезбедат непречено одвивање и безбедност на протестот беа повредени и добиваат медицинска помош. Тие беа посетени во болница и одделот за изгореници ...

Read More »

Тирана: Tензии на протестот на опозицијата молотови коктели врз владата гардата одговори со солзавец

Веднаш по говорот на Сали Бериша, пред владата започнаа тензии. Демонстрантите собрани на митингот свикан од Демократската партија на Албанија (ДП) почнаа да ја напаѓаат зградата на кабинетот на премиерот со молотови коктели и огномет. Полициските сили веднаш интервенираа за да го изгаснат пожарот што избувна пред нив, додека Бериша го мавташе албанското знаме од говорницата. За време на тензиите, ...

Read More »