Tag Archives: Албанија

Во Општина Пустец се планирани прифатни центри за мигранти

Во текот на следните две години, Албанија планира да постави 20 прифатни центри за мигранти од Авганистан, Пакистан, Иран, Сирија, Либан и Газа, кои ги користат Албанија и Србија како транзитни рути кон Грција. Центрите ќе бидат лоцирани во регионите Корча, Ѓирокастро и Валона, со капацитет од 100 до 410 кревети. Планот се базира на нацрт-одлуката „За одобрување на Националниот ...

Read More »

ЕУ ги поддржува албанските општини со фонд од 11 милиони евра од 1 јануари

Вториот заеднички консултативен комитет, помеѓу Европскиот комитет на регионите и Албанија, се одржа денес во Тирана. Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, во соопштение на социјалните мрежи, нагласува дека оваа сесија претставува важен чекор кон зајакнување на вклученоста на локалното ниво во процесот на интеграција во ЕУ. Според ЕУ, дискусиите се фокусираа на улогата и потребите на општините во ...

Read More »

Дадена прва лиценца за дигитална банка во Албанија

Надзорниот совет на Народната банката на Албанија одлучи да даде прелиминарно одобрение за лиценцирање на банката „JET Bank“ (Фаза I), за вршење банкарски и финансиски активности во Република Албанија. ЈЕТ Банк има за цел да биде првата банка во Албанија што работи на целосно дигитален начин, комбинирајќи напредна технологија со едноставен, безбеден и модел ориентиран кон клиентите. Нејзината мисија е ...

Read More »

Во Албанија минатата година за над 80 отсто од слободните работни места се барало основно образование

Минатата година, за над 80 проценти од слободните работни места вбо Албанија, објавени од Националната агенција за вработување, се барало основно образование, објави албанското економско списание „Монитор“. Официјалните податоци, потврдуваат дека  во периодот јануари-декември 2024 година, албанската Национална агенција за вработување објавила 61.624 слободни работни места, што е за еден процент повеќе отколку во истиот период од претходната година. Сепак, ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво “Илинден“ за 29 ноември денот на ослободувањето од наци-фашистичката окупација

Честитки по повод 29 ноември денот на ослободувањето од наци-фашистичката окупација на Република  Албанија упати македонското друштво “Илинден”-Тирана. Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Ви ги честита 29 ноември 1944 – денот на ослободување од наци-фашистичката окупација. Честито празници, стои во честитката на друштвото потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Read More »

Албанија денеска го одбележа 29 Ноември 1944 – Денот на ослободувањето од наци-фашистичката окупација

Од 7 април 1939 година до 29 ноември 1944 година, Албанија беше окупирана од фашистичка Италија, а по нејзината капитулација, есента 1943 година, Албанија беше окупирана од германските нацисти. На крајот на ноември 1944 година, по ослободувањето на Тирана на 17 ноември и главниот дел на Северна Албанија, градот Скадар и неговиот округ останале да бидат ослободени. Скадар бил последниот ...

Read More »

Албанија: Рурален развој според европските стандарди

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и Министерството за земјоделство и рурален развој на Албанија тесно соработуваат за зајакнување на капацитетот на земјата за ефикасно спроведување на европската мерка LEADER во рамките на инструментот за претпристапна помош за рурален развој (IPARD III). Преку насочена техничка помош, ФАО ги поддржува националните институции и локалните акциони групи (ЛАГ) во ...

Read More »

Во антитерористичка акција во Албанија уапсени две лица

Албанската полиција по 12-часовната операција, која наиде на отпор од две лица осомничени за извршување терористички акти, ги уапси истите а во објектот каде се криеле открила и оружје, муниција и знамиња на терористичката организација ИСИС, објави Топ чанел, повикувајќи се на полициско соопштение. Во акцијата „Орош“ спроведена во селото Орош, кај Мердита во северниот дел на земјата, освен полициските ...

Read More »

Албанија: Илјада домови потопени, една жртва, цели градови под вода

Во Албанија поплавите го погодија северот и југот, едно лице загина. По обилните дождови што ја погодија Албанија, околу 1.000 домови и над 1.500 хектари земјоделско земјиште се поплавени, стотици семејства беа евакуирани, а регистрирана е една жртва. Најпогодени се регионите Лежа, Пешкопеја, Фиер, Берат, Корча, Ѓирокастро и Валона, каде што речните текови и дождовите предизвикаа оштетувања на мостови и ...

Read More »

Албанија: Во селото Орош голема антитерористичка операција на полицијата и специјалните сили

Во селото Орош, во општина Мирдита на северот од Албанија, во тек е голема антитерористичка операција на албанската полиција и специјалните сили, јавуваат локалните медиуми. Според top-channel, куќа во тоа село е опколена од утрото. Полицијата од градот Пука и специјалната единица за неутрализација на вооружени елементи – единица на албанската полиција задолжена за најопасните и најсложени акции се на терен. ...

Read More »