Tag Archives: Албанија

Во Драч запленети 140 килограми кокаин скриен во контејнер со банани од Еквадор (ВИДЕО)

Во албанското пристаниште Драч во контејнер со банани се открени и запленети 140 килограми кокаин. Контејнерот пред 24 дена тргнал од Еквадор, а дрогата пакувана во 200 пакетчиња била скриена во модифициран дел во горниот дел од контејнерот. Нарачката со банани требало да ја прими компанијата „Масаби Фрут“ од Тирана. Контејнерот прво минал преку скенер а потоа му била направена ...

Read More »

Мета упати писмо до институциите: Овој период може да претставува високо ниво на ризик, преземете мерки за изборите

Албанскиот претседател Илир Мета упати официјално писмо до раководителите на државните институции, за „потребата од преземање на зголемени организациски мерки во вршењето на функционални должности, одговорно спроведување на важечкото законодавство и зголемување на будноста за периодот пред и по изборите“ што ќе се одржат на 25 април. Тој исто така ги информира и најважните амбасадори во земјава, Дел Монако од ...

Read More »

Во Албанија вакцинирани над 250 илјади лица

Вакцинацијата против коронавирус во Албанија продолжува со несмалена динамика и до сега имунизирани се 250.676 лица, објави министерката за здравство Огерта Манастирлиу преку видеозапис на Фејсбук. Меѓу другото таа споменува бројка колку вкупно постари лица се вакцинирани и ветува дека во текот на месец мај се очекува имунизација на вкупно 500 илјади лица со што „ќе се создаде можност за ...

Read More »

Албанија приститигна нова пратка од 100 илјади дози кинески вакцини (ВИДЕО)

На аеродромот во Тирана, попладнево пристигна пратка со 100 илјади дози кинески вакцини, со еден ден задоцнување, поради блокадата на аеродромот од страна на контролорите на летање, напиша премиерот Еди Рама на Фејсбук. Со еден ден задоцнување поради лудиот обид да се блокира кампањата за вакцинација и да се предизвика хаос во предизборието, пристигнаа уште 100.000 анти-ковид вакцини. Порешително од ...

Read More »

Аеродромот во Тирана од утре се враќа во нормала, пристигнаа контролори од Турција 

По два дена прекин на летовите, поради штрајк на контролорите за летање, од утре аеродромот во Тирана се враќа во нормала, информираше министерката за инфраструктура Белинда Балуку. Ситуацијата со летовите е веќе одблокирана. Од денес попладне ќе има само суштински летови: здравствени, дипломатски, воени, владини, хуманитарни. Попладнево ќе пристигнат вакцините кои требаше да пристигнат вчера. Од утре почнуваат комерцијалните летови, ...

Read More »

Албанија: Останува полицискиот час и другите анти-ковид мерки

Комитетот на експерти за справување со пандемијата одлучи полицискиот час и другите ограничувачки мерки во Албанија да продолжат и во следните две недели. Мира Ракацоли, претседателка на Комитетот и заменик министерка за здравство рече дека сите мерки ќе останат на сила и покрај достигнувањата во последните две недели со кампањата за вакцинација, што ја направила Албанија прва земја во регионот ...

Read More »

Штрајк на вработените во конролата за летање, откажани сите летови на аеродромот во Тирана

Поради штрајк на вработените во контролата за летање, одложени се сите летови на меѓународниот аеродром во Тирана. Доколку не се најде решение на барањата тие најавуваат и други мерки во блокирање на воздушниот сообраќај. Оваа состојба доаѓа по бунтот на вработените во компанијата Албконтрол, која е во функција на аеродромот. Вработените протестираа затоа што се исплатени само 72 отсто од ...

Read More »

Рама ги кажа трите работи поради кои треба да го добие третиот мандат од граѓаните 

Албанскиот премиер Еди Рама објави видеозапис каде ги објаснува причините зошто е потребно граѓаните да и дадат трет мандат на неговата Социјалистичка партија. Рама вели дека Албанија мора да оди до „зацртната точка за да не се врати назад, затоа и треба трет мандат“. При тоа наведува три причини за ова а тоа се конечно да го отстрани Ковид-19 од ...

Read More »

Албански мафијашки „кум“ баран во Белгија за трговија со луѓе убиен во Скадар

Еден од најистакнатите „кумови“ во албанското подземје, Бардок Планај, е убиен од вооружени лица кои од автоматското оружје „калашников“ испукале 120 куршуми во неговиот „ренџ ровер“. Планај, познат како Кумбари, бил убиен во неделата на 4 април на патот кон Скадар во северна Албанија во близина на неговиот дом во предградието Добрач. На 46-годишниот Планај му се судеше во отсуство ...

Read More »