Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вчера, во рамките на еднодневната посета на Тирана, оствари билатерална средба со министерката за култура на Албанија, Елва Маргарити, при што се разговараше за повеќе прашања поврзани со културната соработка меѓу Македонија и Албанија. На средбата стана збор и за координацијата во процесот на управувањето со Охридскиот Регион, како и за заедничките иницијативи и проекти ...
Read More »Tag Archives: Македонија
МНР му одговори на Ковачев: Групата со која патувал имала и лица кои се ризик за јавниот мир и безбедност
За Владата на Македонија приоритетно прашање е членството во ЕУ. За таа цел се ставени на располагање сите владини и административни ресурси за успешно завршување на скрининг процесот и отворање на првиот кластер – фундаменти. Паралелно се работи и на уставните измени кои влегуваат во клучна фаза, каде за кратко време работната група треба да излезе со предлог амандманите. Сензитивноста ...
Read More »Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со Џесика Росвал министерка за европски прашања на Кралството Шведска
Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Џесика Росвал, министерка за европски прашања на Кралството Шведска, која престојува во посета на Македонија. На средбата беа разменети мислења за севкупната соработка меѓу двете држави кои негуваат пријателство и заемно разбирање, за европските аспирации на Македонија, како и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина. Претседателот Пендаровски изрази ...
Read More »Обновените стари бигорски камбани поставени во Рајчица
Во овој празничен период на пасхално ликување, во Бигорскиот метох, Манастирот на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец, се случи уште една убава и достофална работа. Имено, со благослов на нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, кој со сите свои сили ревнува за наш сеопшт духовен и културен препород, во Рајчица повторно одекнаа радосните звуци на старите камбани што низ времињата ѝ ...
Read More »Претседателот Пендаровски и претседателката Османи-Садриу положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“
Во рамки на официјалната посета на претседателката на Република Косово на Република Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателката Вјоса Османи-Садриу положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Претходно, претседателот Пендаровски во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека косовската претседателка, а по одржаната тет-а-тет средба и ...
Read More »Генералот Ѓурчиновски при посетата на Албанија ја потврди заложбата за унапредување на воената соработка
Потврдена заложбата за континуирано унапредување на воената соработка за време на средбите на највисоко воено ниво во рамки на посетата на генералот Ѓурчиновски на Република Албанија Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски кој се наоѓа во официјалната посета на Република Албанија, во текот на денешниот ден во Тирана оствари средби на највисоко воено и државно ниво на кои се разговараше ...
Read More »Фронтекс ќе ги штити македонските граници и безбедноста
Заедничката операција со Фронтекс испраќа важна порака дека не сме сами во справувањето со илегалната миграција, беше оценето на свечената церемонија во Скопје. Активностите на границата ќе траат до 24 јануари Полициските службеници од Македонија и Фронтекс – Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража ја почнуваат заедничка операција на македонско-грчката граница. Над 100 европски гранични полициски службеници ќе работат заедно со македонската гранична полиција ...
Read More »Македонија: Општина Кисела Вода и “Меѓаши” во проект за унапредување на детските права
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес беше дел од информативната сесија “Место за растење: Општини посветени на децата” организирана од првата детска амбасада во светот “Меѓаши” и Центарот за семејно и детско згрижување-КМОП Скопје. Се работи за 30-месечен проект, финансиран од Делегацијата на ЕУ чија цел е унапредување и заштита на правата на децата преку изготвување на локален акциски план во општините низ Македонија. Опфаќа 5 општини, а ...
Read More »За прв пат благодатниот оган од Ерусалим директно пренесен во Македонија (ВИДЕО)
Од летово граѓаните на Македонија, Албанија и Србија ќе можат да работат во која било од трите држави без работни дозволи
Од летово граѓаните на Македонија, Албанија и Србија ќе можат да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи. Ова го објави премиерот на Македонија Димитар Ковачевски на социјалните медиуми. „Драго ми е што заеднички можеме да најавиме дека од летово оваа година можноста за слободен пристап до пазарот на труд за граѓаните од трите земји ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden