Македонското и другите малцинства во Албанија ќе излезат со заедничка декларација за непризнавање на резултатите од пописот кај нашиот западен сосед и официјално ќе побараат спроведување на нова статистичка операција. Ова го најави претседателот на македонската партија МАЕИ. Во декларацијата ќе бидат наведени цврсти докази дека истите се фалсификувани и чиста манипулација и истакна дека ќе ја достават до сите ...
Read More »Tag Archives: Македонци во Албанија
Репортажа на Канал 5 од Мала Преспа: „Не оставивте како сирачиња“ (ВИДЕО)
Албанија ја исправи грешката на пописните резултати сега пишува Македонци
Институт за статистика денеска го корегираше името па наместо Северномакедонци како што беа запишани во пописните резултати сега пишува Македонци за сите оние албански државјани што се изјасниле како Македонци. Промената доаѓа по реакцијата на македонското Министерство за надворешни работи (МНР) и средбата на министерот Тимчо Муцунски со неговиот албански колега Хасани на форумот во Дубровник. Заедно со претседателот на ...
Read More »Во Скопје беше промовирана книгата „Последните православни семејства во подрачјето Дебарско Поле во Р. Албанија” од Спиро Дуковски (ФОТО)
На 19. 06. 2024 година во КИЦ во Скопје беше промовирана книгата „Последните православни семејства во подрачјето Дебарско Поле во Р. Албанија” од Спиро Дуковски. Промотори на овој труд беа проф. д-р Катерина Тодороска и проф. д-р Андријана Јаневска. Според зборовите на проф. д-р Катерина Тодороска овој труд има големо значење, не само за историјата на Македонците во Албанија, туку ...
Read More »Ора од областа Гора – Шиштавец 1973 година (ВИДЕО)
Македонците во Албанија го прославија Свети Јован Владимир (ФОТО)
Во селото Шиjон, во Елбасан секоја година на 3 – 4 јуни православните верници од Албанија, Македонија, Црна Гора, Србија и Македонци од Албанија се собираат за да ја прослават оваа прослава во манастирот со името на светецот Свети Јован Бладимир. Светиот великомаченик Јован Владимир, зетот на царот Самоил за ќерка му Косара се здобил со силен култ во западна ...
Read More »Стерјовски: Македонското и сите малцинства мора да имаат загарантрани места во албанскиот парламент
Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, за албанската МЦН оценува дека „актуелниот пропорционален изборен систем е дискриминаторски и малцинствата мора да имаат загарантирани места за да се слушне нивниот глас“. Најдобар систем е преземање на најдобрите европски практики од европските земји кои го решија проблемот со застапеноста на малцинствата како Хрватска, Словенија, Косово, Романија, скандинавските држави, ...
Read More »Македонците од Пиринска Македонија испратија книги до Македонците во Албанија
Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, доби донација на книги од автори Македонци од Пиринска Македонија и од македонската емиграција во Бугарија, информираше Васил Стерјовски, претседател на партијата. На наше големо задоволство добивме значајна донација на книги од автори Македонци од Пиринска Македонија и од македонската емиграција во Бугарија. Оваа мала „Пиринска библиотека“ ќе биде сместена во нашата канцеларија во ...
Read More »Пустец ја прогласи за отворена туристичката сезона во Преспа (ФОТО)
Со македонски песни и ора, со трпеза со домашни специјалитети и пијачки и продажба на домашнен мед, ракија, вино, како и ракотворби, во Пустец беше прогласена за отворена новата туристичка сезона. Топлото и сончево време и близината на езерото го кренаа расположението. Атрактивната природа и гостопримливоста на македоноското население во последно време почна да привлекува гости кои не доаѓаат само ...
Read More »Тирана не ги усвои регулативите што се потребни за спроведување на Законот за национални малцинства
Според претставниците на македонското малцинство во Република Албанија, доколку бидат усвоени потребните регулативи за Законот за национални малцинства, тогаш нештата ќе добијат позитивен тек во унапредување на човековите и малцинските права. Од една страна, споменатиот закон ќе овозможи изучување на македонскиот јазик во образованието секаде каде што живеат Македонците, како што се Тирана или Корча, а од друга страна, Албанија ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden