Во центарот на општината Пустец до македонската црква “Свети Архангел Михаил”, на 4 мај 2024 година, сабота, со почеток во 11.30 часот, ќе биде откриена спомен-биста на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, а по повод 121-годишнината од неговото убиство на 4 мај 1903 година кај село Баница, Егејскиот дел на Македонија. Советот на општина Пустец, ја поддржа иницијативата ...
Read More »Tag Archives: Македонци во Албанија
Бугарско знаме во Пустец – македонската заедница реагира: Тоа е провокација (ВИДЕО)
Веењето наа бугарското знаме пред зградата на општина Пустец е провокација, вели Ефтим Митревски, потпретседател на партијата Македонска алијанса за европска интеграција. Настанот се случи откако бугарската влада и достави одредена помош на општината. „Тоа е целосно провокација. Државата, надлежните органи треба да реагираат дека на овој простор се знае дека има македонско малцинство, албански државјани кои гласале за уставот ...
Read More »Партиите на Македонците, Власите, Ромите и Египќаните во Албанија со заедничко барање за измена на изборниот законик за гарантирани пратенички места
Денеска, во Тирана, партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), како и партиите на Власите, Ромите и Египќаните, обединети во заедничкиот стремеж за подобрување на демократијата и заштита на правата на малцинствата, поднесовме барање до групата за дијалог при албанското Собрание, која е надлежна за подготвување на новиот изборен законик. Нашето барање е да се вклучат ...
Read More »Македонското друштво „Сонце“ од Корча примено во Мрежата за промовирање на јазичната разновидност
Македонското друштво „Сонце“ од Корча стана членка на Мрежата за промовирање на јазичната разновидност, (NPLD) со добиената едногласна поддршка на Генералното собрание, што се одржува во Сантијаго де Компостела, Шпанија, информираше за МИА, Васил Стерјовски, претседател на друштвото. Во своето обраќање на Генералното собрание Стерјовски, меѓудругото посочил дека друштвото е цврсто посветено на застапувањето за македонското малцинство во Албанија, со ...
Read More »Во финална фаза подготовките за поставување бистата на Гоце Делчев во центарот на Пустец
Се финализираат подготовките за поставување биста на апостолот на македонскиот народ, Гоце Делчев, на плоштадот во Пустец, кој го носи неговото име, информираше за МИА, Васил Стерјовски, претседател на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, по чија иницијатива се поставува бистата. Сите потребни активности се веќе завршени, деновиве ќе биде поставен постаментот а потоа и бистата, која ќе биде ...
Read More »Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ беше во посета на Пустец и Корча (ФОТО)
Денес Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ беше во посета на Пустец и Корча на состанoк на партијата на слободата на Албанија на покана од партијата. На состанокот беше присутен поранешниот претседател на Албанија и актуелен претседател на Партијата на слободата на Албанија, Илир Мета. Претседателката Весна Јаневска изрази задоволство за соработката, а албанскиот поранешен претседател Илир Мета даде ...
Read More »Летник народен празник
Летник е народен празник, којшто се празнува секоја година на 14 март (1 март по стар календар). Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролета односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи. Поради ова негово значење, празникот често е квалификуван и како празник за почетокот на годината во ...
Read More »Општина Пустец се подготвува за поставување на бистата на Гоце Делчев
Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, за МИА изјави дека го поддржува барањето на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ за поставување биста на Гоце Делчев во центарот на Пустец. Според Колефски, локалната власт заедно со Советот на општината активно се вклучуваат во организацијата на овој настан. Гоце Делчев е фигура која зазема централно место во колективната меморија на Македонците ...
Read More »Во центарот на Пустец ќе биде поставена биста на Гоце Делчев
Советот на општина Пустец, ја поддржа иницијатвата и барањето на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, за поставување биста на Гоце Делчев на плоштадот во село Пустец, што го носи неговото име. Иницијативата е ставена на јавна расправа и се очекува на крајот на идниот месец советниците да донесат одлука за поставање на бистата на авторот Зоран Тошевски, донација од ...
Read More »Почина Фоте Никола – истакнат македонски активист и борец за правата на Македонците во Албанија
Денес, на 78-годишна возраст, во Тирана, почина Фоте Никола – истакнат македонски активист и борец за правата на Македонците во Република Албанија. Фоте Никола се роди на 4-ти март 1946 година во село Шулин, областа на Мала Преспа. Тој беше уредник на програмата на македонски јазик во Радио „Корча“, од самиот нејзин почеток во 1991 година. Од 2005 до 2014 ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden