Tag Archives: Македонци во Албанија

Позната македонска пејачка и музичарка Андријана Јаневска одбрани докторска дисертација на тема „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“

Денес, 20 ноември 2023 година во Институт за фолклор “Марко Цепенков” на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, беше успешно одбранета докторска дисертација на тема „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“ од кандидатот м-р Андријана Јаневска. Ваквата вест за нас, Македонците во Албанија е особено значајна бидејќи се намалува просторот за фалсификување на нашата, ...

Read More »

Македонците од Мала Преспа на протест, бараат огревно дрво

Македонците од општина Пустец годинава не можат да обезбедат огревно дрво. Порано ги обезбедуваше општината во договор со Националната агенција за заштитени подрачја, но сега тоа истата не го дозволува, јави весникот „Македониум“. Револтот тие го искажале на протест пред општина Пустец, на денот кога се очекувала посетата на директорката на Националната агенција за заштитени подрачја, но таа ја откажала ...

Read More »

Ѓурѓај за lokalno.mk: „Уцена до Македонците да се пишат како Бугари на пописот – да беше Албанија или Македонија во ЕУ немаше да нудат пасоши“

Заврши пописот на населението во Албанија каде што живеат Македонци. Имало притисоци и закани, обелодени поранешниот пратеник во Албанското собрание и претседател на единствената македонска партија во Албанија, Васил Стерјовски. Тој побара продолжување на пописот бидејќи во последните три недели од официјалниот старт жителите во македонските краишта не се попишувале бидејќи голем дел од луѓето кои живеат таму својата егзистенција ...

Read More »

Бугарија директно се мешаше при пописот на македонското малцинство во Република Албанија

Досега повеќе македонски здруженија и организации од Албанија посочија дека Тирана фактички ѝ дава простор на Софија да го спроведе пописот во Албанија, особено во оние региони каде што живее македонски народ. Познавачите на оваа проблематика велат дека постојат реално допуштени и спроведувани модели на притисоци од страна на бугарските државни институции и приватни фондации, кои се насочени кон Македонците ...

Read More »

Стерјовски: Македонците во Албанија бараат продолжување на Пописот на население

Партијата на Македонците во Албанија бара да се продолжи Пописот на населението во Албанија во Мала Преспа, односно во деловите каде што живее македонско население. Пописот во Албанија завршува на 15 ноември, а во Мала Преспа заврши пред две недели, вели Васил Стерјовски кој денеска беше на Семакедонската средба во Штип, организирана од Здружението „Мирка Гинова“-Штип. Стерјовски рече дека неколкупати ...

Read More »

Спахо: Македонската заедница во Албанија е драгоцено богатство

Педагошкиот факултет од Корча, во соработка со Македонското друштво Сонце, во просториите на Музејот „Стерјо Спасе“ во село Глобочани, општина Пустец, одржа трибина на тема „Свет меѓу две култури – Стерјо Спасе и важноста на неговото книжевно дело“. Во своето излагање, деканката на Филолошкиот факултет Јонела Спахо ја истакна важноста на проектот фокусирајќи се на спецификите  на творечкиот опус на ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција побара од ИНСТАТ и Мала Преспа да биде опфатена со продолжениот рок за попис

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, денеска достави барање до Институтот за статистика, ИНСТАТ, пописот на населението да се продолжи и за подрачјето на Мала Преспа. Доставивме барање до ИНСТАТ од причина што добар дел од жителите се сезонски работници во Македонија и Грција, поради што, сè уште не се контактирани од попишувачите. Се надеваме ...

Read More »

Претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Тирана оствари средба со претставници на Македонското национално малцинство во Албанија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Тирана, Албанија оствари средба со претставници на Македонското национално малцинство во Република Албанија и разговараа за Македонците во Мала Преспа, Тирана, Голо Брдо и Гора. На средбата покрај премиерот Ковачевски, присуствуваа и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, како и Данчо Марковски, амбасадор на Република Македонија во Република Албанија. Премиерот Ковачевски ...

Read More »

Македонска фолклорна група од Преспа настапи пред учесниците во Самитот на Берлинскиот процес во Тирана (ВИДЕО)

Во Тирана се одржува Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, на кој учествуваат лидерите на земјите учеснички во овој процеs. Премиерот на Република Албанија, Еди Рама, ги пречека лидерите и другите функционери кои учествуваат на Самитот во Тирана, а работите ќе продолжат на две сесии. На Самитот, што се одржува во просториите на Пирамидата во Тирана, учествуваат лидерите на Европската ...

Read More »

Заштитете ги Македонците во Албанија од бугарска сгресија

Срамно е ова што се случува во Преспа во врска со пописот на населението. Преспа, област генерално заборавена од сите влади, (иако е една од најубавите области на Албанија) стана вест во медиумите и порталите. За некои тоа е сериозна вест, за многу други е претставена на комичен начин, како две држави се судираат за едно малцинство. На подрачјето на ...

Read More »