Македонци

Честитка по повод Меѓународен ден на мајчиниот јазик од Македонското друштво “Илинден“-Тирана

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, Македонското друштво „Илинден“ – Тирана упати честитка до припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот, порачувајќи дека „македонскиот јазик е наше минато, сегашност и иднина“. Честитајќи ви го денешниот ден, сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчин јазик, бидејќи ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција, и партии на малцинствата бараат загарантирани места во албанскиот парламент

Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, заедно со партиите на Власите, Ромите и Египќаните, денеска од Корча, меѓу другото, од Комисија за изборни реформи, побараа во новиот изборен законик да има загарантирани места за малцинствата во парламентот. Во името на партиите на македонската, влашката, ромската и египќанската заедница во Албанија, бараме Специјалната комисија за изборни реформи да ги земе предвид ...

Read More »

Централниот совет на Македонците во Германија со ултиматум до Владата, бараат итни мерки за враќање на човековите права

Одборот на Централниот совет на Македонците во Германија на вонреден состанок едногласно одлучи да побара итно враќање на човековите права за македонските граѓани и да покрене правна постапка, соопштија денеска. Од 13 февруари 2024 година, македонската влада не ги почитува основните права на Македонците ширум светот. Особено, одлуката да се прогласат важечки пасоши за неважечки без доволен капацитет за издавање ...

Read More »

Централниот совет на Македонците во Германија испрати барање до македонската амбасада во Берлин, Бон и Минхен, изразувајќи загриженост поради долгите чекања за термини за пасоши

Централниот совет на Македонците во Германија испрати итно писмо до македонските амбасади во Берлин, Бон и Минхен, изразувајќи загриженост поради долгите чекања за термини за фотографирање за пасоши. Писмото, изработено во името на Централниот совет на Македонците во Германија, истакнува дека овие чекања значително ги ограничуваат личната слобода и мобилност на заедницата. Во писмото се спомнува дека до сега се ...

Read More »

Телеграма од Македонско друштво “Илинден”-Тирана со сочуство до фамилијата на Фотe Никола

По смртта на еден од најголемите активисти и борци за правата на Македонците во Република Албанија, Фоте Никола, телеграма со сочувство до семејството испрати, Македонско друштво “Илинден”-Тирана. Македонско друштво “Илинден”-Tirana со длабока тага го доби вест за смртта на Фото Никола истакнат македонски активист и борец за правата на Македонците во Република Албанија. Дозволете ми, во името на Македонско друштво “Илинден”-Тирана ...

Read More »

Непоколебливо кон остварувањето на македонските малцински права

Повод: 15 години од формирањето на македонското друштво “Илинден“-Тирана Mакедонското друштво “Илинден“–Тирана веќе деценија и пол напорно работи на афирмација на потребите на Македонците во Република Албанија. Досега се реализирани повеќе проекти, но остануваат и неколку суштински проблеми. Според Никола Ѓурѓај, албанската влада и институции треба да посветат особено внимание на барањето за настава на македонски јазик за децата во ...

Read More »

Почина Фоте Никола – истакнат македонски активист и борец за правата на Македонците во Албанија

Денес, на 78-годишна возраст, во Тирана, почина Фоте Никола – истакнат македонски активист и борец за правата на Македонците во Република Албанија. Фоте Никола се роди на 4-ти март 1946 година во село Шулин, областа на Мала Преспа. Тој беше уредник на програмата на македонски јазик во Радио „Корча“, од самиот нејзин почеток во 1991 година. Од 2005 до 2014 ...

Read More »

Дваесет и четри години од создавањето на НП „Преспа“, злоупотреба на фондовите, објави „Корча репорт“

Порталот „Корча репорт“ пишува за 24-годишнината од прогласувањето на Преспа за  национален парк,  како и за злоупотребите на средствата кои се потрошени  од создавањето на паркот од 2000 година до денес. Во написот под наслов „Таму каде што само се краде, не може да има просперитет, Преспа полошо од пред 24 години“ потсетува дека Пустец, како една од најубавите туристички ...

Read More »

ФУЕН и Централниот Совет на Македонците во Германија ја честитаа 15-годишнината од формирањето на Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана 

По повод одбележувањето на 15-годишнината од формирањето, раководството на македонското друштво “Илинден”-Тирана доби честитки од асоцијации со кои има плодна соработка. Во повеќето честитки е и онаа на Федералната унија на европските националности, ФУЕН, каде друштвото е полноправна членка. Среќен роденден на Македонско друштво “Илинден“-Тирана,  организација членка на ФУЕН. Формирано е пред 15 години со цел да го заштити и афирмира ...

Read More »