Author Archives: Весник Илинден

Честитка по повод Стара нова година – Василица од Македонското друштво “Илинден“-Тирана

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви честита Стара нова година 2023 и Свети Василиј – Василица со желба за многу лични успеси и бериќетна година! – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Фатри Фатаху.

Read More »

Телефонски разговор на поглаварите на МПЦ-ОА и РПЦ

Лична честитка од патријархот Кирил за признавањето на канонската автокефалност на МПЦ-ОА. Патријархот телефонски разговарал  со архиепископот охридски и македонски, Г.Г. Стефан и  побарал од него да се моли за Руската православна црква во сегашните тешки времиња.  Како што соопшти прес службата на РПЦ, рускиот патријарх упатил благодарност до поглаварот г.г Стефан за гостопримството на руската црковна делегација и сослужувањето ...

Read More »

Албанија ќе отвори амбасада во Украина по повод 30-годишнината од дипломатските односи

По повод 30-годишнина од воспоставувањето дипломатски односи со Украина, Албанија ќе отвори своја амбасада во оваа земја. По повод оваа 30-годишнина, со задоволство можам да објавам дека Албанија ќе го зголеми нивото на присутност во Киев со отворање на својата амбасада во Украина. Со задоволство го очекувам продолжувањето на соработката со мојот пријател и колега Дмитро Кулеба за уште повеќе ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Огранок Голо Брдо бара да се форимираат општина Голо Брдо и Гора помина девет години од териториалната поделба и нема просперитет за Голо Брдо и Гора

После девет години од реформата на територијалната организација на локалната самоуправа, областите Голо Брдо и Гора каде што живеат Македонци, останаа неразвиени, а услугите од државната администрација и локалната самоуправа отежнати. Во 2014 година Владата ги укина и општините Требиште, Острени и Стеблево во областа Голо Брдо, за првите две да ги приклучи кон општина Булќиза, како и општините Шиштевац ...

Read More »

Османи денеска во Виена ја презентираше Програмата на претседавањето на Македонија со ОБСЕ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска во Виена ја презентираше Програмата на претседавањето на Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Министерот Османи, во своето обраќање зборуваше за предизвиците и плановите на претседавањето на Македонија со ОБСЕ. Целото обраќање на министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи е во продолжение: „ Ваши екселенции, дами и ...

Read More »

Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан имаше средба со митрополит Антониј директор на Одделот за меѓународни односи на РПЦ

Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан денеска во седиштето на Ахиепископијата во Скопје имаше средба со рускиот митрополит Антониј, директор на Одделот за меѓународни односи на Руската Православна Црква и викар на патријархот Кирил. Митрополитот Антониј, беше придружуван од неговиот заменик Николај Балашов и од рускиот амбасадор во Македонија Сергеј Бездникин, а пречекан од членови на ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара итно граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо да работи 24 часа

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо бара од Влада на Албанија граничниот премин Џепиште – Требиште во областа Голо Брдо кој беше отворен во мај 2013 година. Владите на Македонија и Албнија на заедничката седница одржена во Поградец на 15 декември 2017 година донесоја одлука граничниот премин Џепиште -Требиште да работи 24 часа уште не работи. ...

Read More »

Неколкупати поголема фреквенција на граничниот премин Џепиште – Требиште минатата година

Неколкупати поголема фреквенција на граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо минатата година. Според статистиката на македонското министерство за внатрешни работи за влез и излез на граничниот премин Џепиште – Требиште за влез се регистрирани 1.455 македонски државјани, а на излез 1.500. Од друга страна, на овој премин, бројот на странски државјани е неколкупати поголем. Бројот на странски државјани ...

Read More »

Шојгу: Русија ќе продолжи да ја развива нуклеарната тријада

Русија ќе продолжи да развива стратешки нуклеарни сили бидејќи тоа е главниот гарант на нејзиниот суверенитет и интегритет, изјави денеска рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу. Шојгу на состанокот на воениот самит рече дека Русија ќе продолжи да ја развива нуклеарната тријада и да ја задржи својата борбена готовност, пренесува „Интерфакс“. Според официјалните податоци, руската нуклеарна тријада вклучува стратешки ракетни ...

Read More »

Првпат по близу 15 години се отвораат нови лекторати по македонски јазик

Првпат по близу 15 години се отвораат нови лекторати по македонски јазик, а исто така е засилено присуството на македонистиката на престижни универзитетски центри во странство, соопшти денеска Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). Заложбите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) за изучување на македонскиот јазик на странските универзитети остварени во изминатите неколку години преку ...

Read More »