Православниот празник Богојавлние – Водици беше одбележан насекаде низ Албанија каде што живеат православните Македонци, Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови низ Албанија. Македонците во Мала Преспа традиционално се собраа во селските цркви и после литургиите што ги одржаа свештенците Алексо Темелко и Ропи Арѓири, според обичаите, со крстот украсен со босилок се упатуваат кон брегот на ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Честитка од Македонскот друштво “Илинден“-Тирана по повод големиот христијански празник Водици
Македонското друштво “Илинден“-Тирана од името на сите Македонци во Република Албанија, упати честитка до Поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архипископ Охридски и Македонски г.г. Стефан и до сите православни верници по повод големиот христијански празник Водици. Богојавление е настан што просветлува и не поучува на прочистувањето кога постои вистинската верба,се наведува во честитката и се посочува дека радувајќи се на ...
Read More »Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Ѓурѓај и генералниот координатор на друштвото за Македонија, Шатровски оствариа средба со градоначалникот Општина Кисела Вода, Ѓорѓиевски
Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај и генералниот координатор на друштвото за Македонија, Ламбе Шатровски на 18.01.2023 година оствариа средба со градоначалникот Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на ...
Read More »Проф. д-р Катерина Тодороска: Кои сме ние по втор пат
Поминуваат и овогодинешните новогодишни и божикни празници. На красноречието во пораките му немаше крај. Па, некако нормално ми дојде уште еднаш да го пуштам овој текст, кој и покрак тоа што е пишуван пред три години, сѐ уште е актуелен. Среќна Нова 2023. Кои сме ние? Предновогодишно, сѐ уште, комунициравме во ритамот на секојдневната залауфеност во користењето на навреди и ...
Read More »Централната изборна комисија по реакцијата на Македонското друштво “Илинден“-Тирана го коригира плакатот и сега стои македонското национално малцинство
По реакциaта на Македонското друштво “Илинден”-Тирана, Централната изборна комисија го коригира постерот на македонски јазик именувајќи како македонско национално малцинство, како што официјално се признава во Република Албанија. Македонското друштво “Илинден”-Тирана упатува благодарност за брзо решавање од Централната изборна комисија.
Read More »Силен земјотрес од 5,2 степени по Рихтер близу Тирана
Силен земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот бил на 29 километри северо-источно од Тирана. Земјотресот бил на длабочина од 1 километар. Тресењето силно се почувствувало во повеќе градови во Албанија како и во главниот град, додека во моментов нема пријавено материјална штета.
Read More »Македонското друштво “Илинден“-Тирана со остра реакција на плакат на ЦИК: Ние сме македонско национално малцинство
Македонското друштво Илинден“-Тирана остро реагира во врска со објавениот плакат на Централната изборна комисија (ЦИК) на кој македонското малцинство е наведено како ” национално малцинство на Северна Македонија”. Најостро реагираме зашто она што пишува Централната изборна комисија е навреда на достоинството и националниот идентитет на македонското национално малцинство во Република Албанија. Како може на плакатот, во рамки на програмата за ...
Read More »Македонија денеска го упати првиот дел од помошта за Македонците во Голо Брдо и Мала Преспа
Ученички ранци, училишен прибор за повеќе од 130 ученици и печки на дрва, се донација на Министерството за образование и наука, соодветно на потребите на училиштата каде настава посетуваат припадници на Македонското национално малцинство „Посебно сум задоволен што денес успеавме да реализираме прв дел од помошта за Македонците од Албанија, за која лично се заложив при мојата посета на Требиште ...
Read More »Земјотрес од 3,4 степени по Рихтер близу Тирана
Земјотрес со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот бил на 23 километри североисточно од Тирана, на длабочина од шест километри.
Read More »Македонците во Албанија ја одбележаа Стара нова година и Св.Василиј – Василица
Македонците во Република Албанија го прославија Стара нова година и Св.Василиј – Василица, со кој се означува почетокот на Новата година, според јулијанскиот календар. По традиција празникот се одбележа во духот на македонските обичаи и традиција. Во секое македонско семејство ширум Албанија, во областа Голо Брдо, Мала Преспа, Врбник, Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Подградец домаќинките подготуваат пита или како што ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden