Author Archives: Весник Илинден

Честитка од Македонско друштво “Илинден“ за 28 – 29 ноември денот на Независноста и денот на ослободувањето од наци-фашистичката окупација

Честитки по повод 28 ноември денот на независноста на Албанија упати македонското друштво “Илинден”-Тирана. Македонско друштво “Илинден”-Тирана Ви ги честита 28 ноември Денот на независноста на Република Албанија и 29. ноември 1944 – денот на ослободување од наци-фашистичката окупација. Честити празници, стои во честитката на друштвото потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Read More »

Во Тирана се одржа предавање на темата „Малцинствата и културната различност во Тирана“

Во Салата на библиотеката на Академијата за албанолошки студии, се одржа предавање „Малцинствата и културната различност во Тирана“ го одржа д-р. Ервин Качиу од Институтот за културна антропологија и уметнички студии. Ова предавање е продолжение на Едукативната програма за културното наследство на Тирана и неговата околина што Општина Тирана, Дирекцијата за култура и културно наследство, ја организираше во текот на ...

Read More »

Рама е избран за потпретседател на Социјалистичката интернационала, претседател стана Санчез

Премиерот на Албанија, воедно и претседател на Социјалистичката партија, Еди Рама е избран за потпретседател на Социјалистичката интернационала. Информаицјата ја соопшти генералниот секретар на Социјалистичката партија, Дамиан Ѓикнури. На 26-от конгрес на Социјалистичката интернационала  за претседател беше избран  премиерот на Шпанија, Педро Санчез, кој доби позитивни оценки и целосна поддршка од Социјалистичката партија на Албанија како дел од големото семејство ...

Read More »

Народната банка на Македонија: Хрватската куна ќе се разменува на домашниот девизен и менувачки пазар заклучно со 31 декември 2022 година

Согласно одлуката на Советот на ЕУ за приклучување на Хрватска кон евро-зоната на 1 јануари 2023 година, хрватската куна ќе биде официјално парично средство заклучно со 31 декември 2022 година, соопшти НБРМ. „Имајќи предвид дека хрватската куна е дел од Курсната листа на Народната банка на Република Македонија, средниот курс за денарот во однос на хрватската куна ќе се објавува ...

Read More »

Мојсова-Чепишевска: Афирмацијата и развојот на македонистиката во странство треба да е државен приоритет

Директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), Весна Мојсова-Чепишевска во интервју за „Локално“ изјави дека за отворање нови лекторати по македонски јазик, литература и култура во странство не е потребно само залагање од УКИМ, туку и интерес од странските универзитети и клучно – дипломатски залагања и ...

Read More »

Македонското МНР ја осуди изјавата на бугарскиот пратеник Костадинов

Министерството за надворешни работи соопшти дека ги осудува иредентистичките изјави, кои содржат и територијални претензии кон Македонија, искажани јавно и повеќепати од страна на Бугарскиот пратеник и лидер на политичката партија ,,Преродба” „Фактот што овие изјави се повторуваат, овој пат и во Скопје, и тоа на значаен и за двете страни симболичен повод, отворање нови канцеларии на Културно-информативниот центар, како и во ...

Read More »

Стојков за Алфа: Во Бугарија има многу повеќе Македонци од оние што успеаја да се попишат

Нереално е во Бугарија да живеат само 1.143 Македонци колку што покажа последниот попис. Немаа слобода да се изјаснуваат, немаше табела за македонска националност, а информациите говорат дека попишувачите одбивале или тврделе дека нема како да ги попишат тие што се чуствуваат Македонци – коментира за Алфа претседателот на ОМО “Илинден”, Стојко Стојков. Без да го заборавиме стравот поради силната ...

Read More »

Генералниот директор на АД МЕПСО: Увид во градежните работи на 400 киловолтниот далекувод Битола-Елбасан

Генералниот директор на АД МЕПСО Орхан Муртезани заедно со дел од проектниот тим денеска извршија увид во текот на градежните работи на проектот за изградба на 400 kv далекувод со кој Македонија енергетски се поврзува со соседна Албанија. Работната посета се реализираше во Пелагонија, на делот од трасата на далекуводот од ТС Битола 2 кон Ресен, на столбните места каде ...

Read More »

Македонија стана 103. членка на GFCE, една од најголемите светски мрежи за интернационална соработка и градење на капацитети за кибербезбедност

По иницијатива на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, Македонија стана 103-та членка на GFCE – Global Forum on Cyber Expertise, во која членуваат и соработуваат владите на најразвиените земји во светот на темата кибербезбедност, организации како ОБСЕ, Светска банка, Обединети нации, Европската Унија, Совет на Европа, Интерпол и многу други, како и ...

Read More »

Македонското друштво “Илинден“-Тирана со остра осуда за донацијата на бугарската Амбасада во Општина Пустец

После завршувањето на Втората светска војна биле воспоставени добри односи меѓу југословенската и албанската држава. Врз основа на повеќе билатерални договори, во Албанија му било дозволено на македонското население да учи на мајчиниот јазик. За да се воспостави настава на македонски јазик од страна на југословенската држава биле испратени учители Македонци. Согласно билатералниот договор во однос на наставата, за издавање ...

Read More »