Европската слободна алијанса ЕФА усвои деновиве Декларација во Брисел со која ја повикува Европската унија да ги охрабри Бугарија и Грција да го поддржат самоопределувањето и културниот идентитет на своите граѓани од македонско потекло. Според ЕФА Македонците ги исполнуваат критериумите за малцинство, лојални се на државите во кои живеат и се силно мотивирани нивниот заеднички идентитет, вклучувајќи ја нивната култура, ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Земјотрес ос јачина од 5 степени по рихетр вечерва регистриран во Албанија
Земјотрес ос јачина од 5 степени по рихетр вечерва регистриран во Лежа. Според првичните информации од ЕМСЦ, земојотресот е со јачина од 5 степени по рихтер, а почувествуавн е и во Македонија.
Read More »Објавен Конкурсот за учество на 12. школа за млади лидери на поранешниот претседател Иванов
Објавен конкурсот за учество на Меѓународната обука за млади лидери на поранешниот шеф на државата Ѓорге Иванов, која оваа година ќе биде на тема: „Лидерство во акција“. Програмата на „Школата за млади лидери на претседателот Иванов“, која ќе се одржи по 12-ти пат, е намената за млади луѓе со завршено високо образование до 35 години, дипломирани студенти и професионалци со ...
Read More »Предизборен молк пред локалните избори во Македонија
Предизборниот молк започна во Македонија на полноќ пред утрешните локални избори и ќе трае до затворање на гласачките места утре во 19 часот. Гласачките места ќе бидат отворени наутро во 7 часот наутро, а ќе се изберат советници и градоначалници во 80 општини и во Град Скопје. Граѓаните ќе бираат помеѓу 299 кандидати за градоначалници и 572 листи за советници ...
Read More »Мицкоски: Мораме да создадеме иднина тука дома за нашата Македонија
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук пишува дека мора да се создаде иднина тука дома во нашата Македонија. Прво, нема невозможни работи, потребна е челична волја и верба, второ, нашата борба е за сегашните но и идните генерации по нас, вреднувајќи ја жртвата на нашите родители, и желбата за успех на нашите деца. Тоа не е само ...
Read More »Четворица руски туристи пронајдени мртви во Албанија
Четворица руски туристи се пронајдени мртви во хотел во зоната Ќерет, во познатото албанско приморско гратче Каваја. Нивните тела биле пронајдени во хотелската сауна. Основано се сомнева дека причина за смртта е задушување. Нивното отсуство ги загрижило другите туристи од групата со која биле заедно пристигнати, по што го известиле персоналот на хотелот. „Околу 22:20 часот во Ќерет, Каваја, во ...
Read More »Партијата “Единствена горанска партија” со кандидатска листа на локалните избори во Косово
На локалните избори во Република Косово, што ќе се одржат на 17 октомври, 2021 година, со своја кандидатска листа ќе учествува и партијата на Македонците од Гора „Единствена горанска партија“. На кандидатската листа на нашата партија се наоѓаат 26 кандидати од разни делови на областa Гора. На листата се вредни луѓе, кои се залагаат за подобрување на положбата на Македонска ...
Read More »Цулафиц оствари средба со градоначалничката на Скадар, Адеми
Во рамките на средбите во пресрет на почетокот на процесот на Пописот во Република Албанија, претседателот на Црногорската заедница во Албанија, Маринко Цулафиц оствари средба со градоначалничката на Скадар, Волтана Адеми. По разговорот со градоначалникот на Скадар, Цулафиц беше во посета на канцелариите на црногорското здружение во овој град, „Алба-Црна Гора“ каде се сретна со претседателот на ова здружение, Бурхан ...
Read More »Македонскиот амбасадорот Данчо Марковски оствари средба со Линдита Никола претседателката на албанскиот парламент
Македонија и Албанија се најголеми генератори на стабилноста во регионот на Западен Балкан, нешто што Европската Унија мора да го препознае, заеднички беше констатирано на денешната средба на амбасадорот Марковски и претседателката на албанскиот Парламент Линдита Никола. Во разговорот беа разменети мислења за идната парламентарна соработка, како и за актуелните односи меѓу двете држави. Заеднички беше констатирано дека иницијативата Отворен ...
Read More »Донација од Mакедонското друштво “Илинден“-Тирана за македонскиот културно-информативен центар во Тирана
Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, кој во исто време е и главен и одговорен уредник на истоимениот весник, денеска беше во посета на македонскиот културно-информативен центар во Тирана. Имав срдечна средба со директорот на центарот, Златко Ориѓански. Му ја честитав функцијата и посебно му го пренесов задоволството, од име на Македонците, за отворањето на оваа институција, што беше ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden