Author Archives: Весник Илинден

Се реконструира „Римскиот пат“ кој води до „Хераклеја“

Во Битола од пред неколку дена во тек се реконструктивните работи на пристапниот пат, односно т.н. „Римски пат“ кој води до античкиот локалитет Хераклеа Линкестис. Според проектот на оваа делница, асфалтната покривка на коловозот е отстранета и заменета со коцка од гранитен камен заради автентичност на изгледот. Од десната страна на пристапот до локалитетот, од поситен гранитен камен е предвидена ...

Read More »

Македонскиот амбасадор Данчо Марковски оствари средба со амбасадорот на Јапонија Takada Mitsuyuki

Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, во јапонската амбасада денеска оствари средба со неговиот колега Takada Mitsuyuki. На средбата разговарано е за повеќе прашања од интерес на двете земји и народа, но посебно разменети се мислења околу кочанскиот ориз, за кој амбасадорот Takada Mitsuyuki, оценил дека по квалитет е идентичен со оризот кој се прозведува во Јапонија. Поради тоа тој предложил ...

Read More »

Објавена книгата на д-р Мариа Дојче за дел од македонското малцинство во Албанија

Во издание на издавачката куќа „МЕНОРА“ од Скопје, Македонија дниве излезе од печат книгата на д-р Мариа Дојче со наслов „INTEGRIME HARMONIKE TË PAKICËS MAQEDONASE NË REPUBLIKËN E SHQIPËRISË. RASTI I PAKICËS MAQEDONASE NË ZONËN E PRESPËS DHE VËRNIKUT“ („ХАРМОНСКА ИНТЕГРАЦИЈА НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО ВО РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА. СЛУЧАЈ НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО ВО ОБЛАСТА ПРЕСПА И ВРБНИК“). За публиката е важно ...

Read More »

Македонско друштво „Илинден“-Тирана посака благословен и лесен рамазански пост 

Македонското друштво „Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо упатија честитка по повод почетокот на Светиот месец Рамазан. Во честитката се посакува лесен и благословен пост, со желби за потврдување на една од главните карактеристики на рамазанските пости, солидарноста и хуманоста. Чест ни е, од наше и име на друштвото, до Македонците од исламска религија во Албанија и надвор од неа ...

Read More »

Македонско друштво „Илинден“-Тирана: Поправена јазичната грешка на таблата на институција напишана на македонски јазик

Народниот правобранител на Албанија, позитивно одговори на барањето на Македонското друштво „Илинден“ за коригирање на јазичната грешка на таблата на која стои името на оваа институција на македонски јазик, покрај јазиците на другите етнички заедници. Поради барањето упатено до институцијата Народниот правобранител, во врска со написот на македонски јазик на името на нашата институција во повеќејазичниот знак поставен на главниот ...

Read More »

Честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод почеток на светиот месец Рамазан

Почитувани граѓани на Република Македонија од исламска вероисповед дозволете ми од мое лично име и од име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ да Ви го честитам почетокот на светиот месец Рамазан. Ви посакувам од срце светиот месец Рамазан да го поминете во добро здравје Вие и Вашите семејства и нека вашите домови и срца бидат исполнети со радост, среќа, спокој и ...

Read More »

Зградата на главната пошта е еден од седумте најзагрозени споменици во Европа за 2021 година

Eвропа Ностра – Европскиот глас на граѓанското опшество посветено на културното и природно наследство и неговата партнерска организација, Институт на Европска Инвестициoна Банка, денеска ја објавија листа на седум најзагрозени споменици и локалитети со наследство во Европа за 2021, меѓу кои се и зградата на Централна Пошта во Скопје. Зградата на Главната Пошта во центарот на Скопје e дело на ...

Read More »

Во Египет откриен „изгубениот златен град“ стар 3 илјади години (ВИДЕО)

Египетската управа за антиквитети објави дека е пронајден антички град стар 3 илјади години, пренесува Агенција Анадолија (АА). Според соопштението на Управата, античкиот град познат како Атем се верува дека е основан од кралот Аменхотеп III и претставувал најголемиот административен и индустриски град во Луксор за време на египетската империјална ера. Во текот на ископувањата, во просториите од античкиот град ...

Read More »

Националниот историски музеј од Тирана ги предаде светите мошти на Јован Владимир во манастирот во Елбасан 

Денеска во Елбасан се одржа церемонија и положување на моштите на Св. Јован Владимир во истоимениот манастир кој го носи името на светецот. Моштите досега се чуваа во Националниот историски музејски фонд во Тирана и по долгогодишно барање на Албанската православна автокефална црква денеска беа предадени на манастирот.  На церемонијата беше присутен премиерот Еди Рама и министерката за култура, Елва Маргарити и Неговото Преосвештенство Андони, митрополит на Елбасан, Шпат и Либражд.   „Дојдовме да завршиме процес на обврска кој заедно го започнавме многу одамна, и ...

Read More »

Нова пратка од 7.020 дози вакцини од Фајзер стигна во Тирана 

Албанија денеска ќе добие нова пратка од 7.020 дози вакцини од Фајзер, а набрзо се очекува друга пратка со поголем број вакцини, изјави министерката за здравство Огерта Манастирлиу. Заедно со премиерот Еди Рама одблиску го следеа процесот на имунизација против Ковид-19 на постари лица во градот Елбасан. Процесот на вакцинација ќе продолжи со планираната динамика, откако имавме мало забавување поради ...

Read More »