Албанија и САД потпишаа нов договор за екстрадиција, со кој се заменува договорот потпишан во 1933 година од страна на тогашниот албански дипломат, Фаик Коница. Договорот денеска го потпшаа министерката за правда Етилда Ѓонај и амерканската амбасадорка во Тирана, Јури Ким. Американската дипломатка рече дека по овој договор нема да има безбедно засолниште, ниту во САД, ниту во Албанија, за ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
МАНУ: Посебно да се изучуваат македонскиот јазик и историја
Имајќи ги предвид седумнаесетте цели на одржлив развој (ОН, Агенда 2030), посебно целите: Цел 1. Да се стави крај на сиромаштијата во сите нејзини форми насекаде; Цел 4. Да се обезбеди инклузивно и правично квалитетно образование и промовирање на можностите за доживотно учење за сите; Цел 8. Да се промовира континуиран (на подолг период и без прекин) инклузивен и одржлив ...
Read More »Во Мала Преспа продолжува работата за засадување на 1.100 садници липа
Во областа Мала Преспа се одвива втората фаза на Проектот за прекуграничен биосферски резерват – Преспа, финансиран од KFW, фаза II, со што продолжува поддржувањето на одржливо шумарство и управување со земјиштето. Имено, во Преспа продолжува работата за засадување на 1.100 садници липа долж двете страни на два споредни пата. Едниот е Националниот пат – село Глобочани, а вториот е Национален ...
Read More »Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара од Владата на Албанија граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо да работи 24 часа
Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара од Влада на Албанија граничниот премин Џепиште – Требиште во областа Голо Брдо кој беше отворен во мај 2013 година да работи 24 часа. Владите на Македонија и Албнија на заедничката седница одржена во Поградец на 15 декември 2017 година донесоја одлука граничниот премин Џепиште -Требиште да работи 24 часа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара итно да ...
Read More »„Кога двајца се караат, третиот користи“
(Реакција кон интервјуто на Ким Мехмети) За Бугарската новинска агенција „BGNES“ во петокот (18.12.2020) излезе интервју со Ким Мехмети. Со оглед на тоа што со ова интервју, насловено како „Македонија е ‘политичка филијала’ на Србија“, е нанесена неправда кон македонскиот идентитет и кон МПЦ-ОА, но и кон бисерот на мијачкиот крај – Бигорскиот Манастир (кој е, секако посветен на Свети ...
Read More »Шефот на Интерпол: Вакцините ќе се чуваат на тајни места
Генералниот секретар на Интерпол, Јирген Сток, предупреди дека со испораката на вакцини против коронавирус, тој очекува драматично зголемување на криминалот. „Со испораката на вакцините, криминалот драматично ќе се зголеми“, рече тој во германскиот весник „Виртшафтсвое“. Тој рече дека ќе бидеме сведоци на кражби, провали во магацини и напади за време на транспортот на вакцините. Во Германија федералната полиција е одговорна ...
Read More »Забранети сите летови од Велика Британија за Македонија
Премиерот Зоран Заев пред неколку минути на својот „Фејсбук“ профил објави дека се забранети сите летови од Велика Британија, а дополнително се воведува задолжителна самоизолација од две недели за сите кои ќе пристигнат од таа земја, на било кој начин. „После најновите информации поврзани со појавата на забрзано ширење на коронавирусот во Велика Британија, на денешниот главен кризен КОВИД-19 штаб ...
Read More »Комисијата за заразни болести предлага двонеделен карантин за патниците од Велика Британија
Министерството за здравство информира дека на утринскиот состанок, Комисијата за заразни болести усвои нова мерка – 14 дена самоизолација за сите граѓани кои во земјава со директни летови ќе дојдат од Велика Британија. Оваа нова предлог рестриктивна мерка, за влез во земјава ќе биде предложена на Главниот координативен штаб, а е донесена превентивно по информациите дека нова мутација на корона ...
Read More »Хуманитарна помош за Македонија од Литванија за справување со Ковид-19
Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи денеска се сретна со нерезидентниот амбасадор на Република Литванија за Република Македонија со седиште во Загреб, Јурате Рагукјене, која врачи хуманитарна медицинска помош, донација на Владата на Република Литванија за справување со Ковид 19. Донацијата се состои од скафандери, маски и средства за хигиена. Како што соопшти Министерството за надворешни работи, Османи ...
Read More »Европскиот парламент ја изгласа Иницијативата за заштита на малцинствата SafePack
Европскиот парламент со големо мнозинство пред три дена ја изгласа Резолуцијата за малцински безбедносен пакет, иницирана од петиција потпишана од повеќе од еден милион граѓани на земјите членки на ЕУ. Целта на оваа Резолуција е да се заштитат правата на малцинствата во ЕУ. За резолуцијата гласале 524 европратеници, 67 биле против и 103 воздржани. Сега треба Европската комисија да предложи ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden