Author Archives: Весник Илинден

Ексклузивно: Македонија на географски карти во картографската збирка на Националната библиотека на Албанија во Тирана

Македонија како земја со исклучително богато културно и историско минато претставува крстопат на различни култури и цивилизации и секогаш била интересна тема на картографите. Со својата географска местоположба Македонија отсекогаш била во самиот епицентар на настаните и таа била претставувана во најраните географски карти кои претежно имаат географско-историски карактер, а помалку политички. Повеќето стари карти на Македонија се изработени за академски ...

Read More »

Меѓународна истражувачка група ипонуди подршка на Македонија (ВИДЕО)

Етничка Политика, истражувачка платформа која нуди теоретски и политички релевантни истражувања за етнички прашања низ целиот свет, им понуди поддршка на Македонците за да се претстави принудното преименување на земјата пред светот. Во изјава за Македонското меѓународно движење за човекови права, основачот на Етничка Политика Ахмед ал-Саиди рече: “Како што на Македонците им беше наметнувано менувањето на името, така растеа ...

Read More »

ОМО “Илинден”-Пирин – Стојко Стојков: Комунизмот во Бугарија падна но не и политиката против македонската нација

  Интервју со Стојко Стојков, копретседател на ОМО “Илинден”-Пирин и борец за правата на  Македонците во Бугарија. И пред и по Советот на министри за надворешни работи на државите членки на ЕУ нема никакво поместување или приближување на ставовите меѓу Македонија и Бугарија. Г Стојков како истакнат борец за правата на македонското малцинство во Бугарија, како гледате на ветото за ...

Read More »

Доживотен имунитет за претседателот на Русија и за неговото семејство

Долниот дом на рускиот парламент го поддржа законот со кој се обезбедува имунитет на претседателот на државата и на членовите на неговото семејство, дури и по напуштањето на таа позиција, пренесува Би-би-си. Таквата одредба е вклучена и во Уставот на Русија, чии амандмани беа прифатени на референдумот одржан во јули. Четвртиот мандат на Путин на чело на Русија истекува во ...

Read More »

Коцарев за Сител: МАНУ да направи научна анализа на договорите со Грција и Бугарија (ВИДЕО)

Што направи МАНУ во изминатиот период за заштита на македонскиот идентите и јазик? Академик д-р Коцарев: Во јули 2020 година, во МАНУ, со целосна поддршка и вклученост на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Советот за македонски јазик, од печат излегоа четири книги: „Македонскиот јазик – континуитет во простор и време“, колективна монографија во којашто ...

Read More »

Македонската репрезентација до 21 година ја победи Црна Гора со 2:1

Македонската репрезентација до 21 година ја победи Црна Гора со 2:1 на последниот натпревар од групата 6 во квалификациите за Европското првенство 2021. Со домашниот триумф против црногорците, нашата млада репрезентација го потврди второто место во конкуренцијата. Од нашата група, Шпанија го освојува првото место и обезбедува пласман на континенталниот шампионат. Македонија со 18 бодови завршува на второто место. На мечот ...

Read More »

76-години од ослободувањето на Тирана од нацистичките окупатори (ФОТО)

На 17 ноември се одбележува 76-годишнината од ослободувањето на Тирана од нацистите во 1944 година. Пред 76 години трупите на Првата нападна бригада предводена од Мехмет Шеху го ослободи главниот град на Албанија, после 19-дневни жестоки борби. Во тие операции активната улога имале жителите на главниот град. Операцијата за ослободување на Тирана беше подготвена и спроведена во рамките на општата ...

Read More »

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“: Имаме право на европска иднина и почитување на македонскиот идентитет

Став на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, водејќи се од државните и националните интереси на македонскиот народ и македонските граѓани. Имајќи ја во предвид стратешката определба на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Власите, Србите, Бошњаците и останатите за интеграција на Македонија во ЕУ, предизвикани од неспособноста на актуелната власт да ги реализира националните интереси и стратешките определби и свесни ...

Read More »

Албанскиот парламент го усвои буџетот за 2021 година, не поминаа предлозите на пратеникот Стерјовски за Пустец, Голо Брдо и Гора

Со 84 гласа „за“, 14 против и еден воздржан, албанскиот Парламент го усвои буџетот за 2021 година, што ќе тежи над четири милијарди евра. Буџетот главно е насочен кон економското закрепнување на земјата по двете природни катастрофи, земјотресот од 26 ноември 2019 година и пандемијата предизвикана од Ковид-19. Економскиот раст е проектиран на 5,5 проценти во 2021 година и 4,8 ...

Read More »