Author Archives: Весник Илинден

Македонците во Албанија ја одбележаа Василица (ФОТО)

Македонците во Албанија го прославија празникот Свети Василиј Велики, со кој се означува почетокот на Новата година,според јулијанскиот календар. По традиција празникот се одбележа во духот на македонските обичаи и традиција.  Во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник,синоќа се палеа василичарски огнови, се пиеше вино и топла ракија, се пееја песни. Според традицијата наследена од дедовци и прадедовци, деца маскирани и ...

Read More »

Македонскиот амбасадор Данчо Марковски освари средба со Ѓерѓ Мура извршен директор на Фондот за Западен Балкан

Амбасадорот на Република Македонија во Тирана, Република Албанија, Данчо Марковски, придружен од Сашко Ташулов, советник во Амбасадата, денеска оствариа средба во просториите на Секретаријатот на Фондот за Западен Балкан со Ѓерѓ Мура извршен директор на Фондот за Западен Балкан. На средбата беа присутни Марио Рингов преставник на Македонија во Секретаријатот на Фондот за Западен Балкан, на средбата имаше дискусии со цел размена на мислења за ...

Read More »

Честитка по повод Стара нова година – Василица од Македонското друштво „Илинден“-Тирана

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви честита Стара нова година 2021 и Св.Василиј – Василица со желба за многу лични успеси и бериќетна година! – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Или Халилај.

Read More »

Германија донираше возила и опрема во вредност од околу 660 илјади евра за Македонска полиција

Дваесет и две возила, техничка опрема за присилно запирање на возила, за напредна проверка на документи, термални камери, батериски лампи, светлички стопалки, чизми и флуоресценти елеци донираше денеска Германија за потребите на граничната полиција во Министерството за внатрешни работи. Возилата се во вредност од околу 370 илјади евра, а вредноста на техничката опрема изнесува 290 илјади евра. Вкупна вредност на ...

Read More »

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николоски оствари средба со амбасадорот на Полска, Војциех Тицињски

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николоски, денеска, оствари средба со амбасадорот на Република Полска, Н.Е. Војциех Тицињски. На средбата присуствуваше и заменикот амбасадорот г.Пиотр Висоцки. На почетокот на средбата Александар Николоски, се заблагодари за прифатената покана за средба од страна на амбасадорот на  Полска, при што информираше дека ова е негова прва средба како претседател на Националниот совет ...

Read More »

Возобновени коледарски песни првпат за Василица во Бигорскиот манастир

Интересно е што дел од овие каланди потекнуваат од Мијачкиот крај. Инаку, оваа традиција е исконска. Во Бигорскиот манастир пред владиката Партениј, игумен на Бигорската Обител, и со негов благослов, првпат ќе бидат изведени возобновени коледарски песни или каланди, на празникот посветен на Св. Василиј, меѓу народот познат како Василица, кој се слави заедно со Обрезанието Господово и Новата година ...

Read More »

Изгласан новиот состав на ДИК, Александар Даштевски претседател

Александар Даштевски ќе управува со највисокото изборно тело. Собранието денеска го избра за претседател на Државната изборна комисија по предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата го поддржа и Бобан Стојановски кој стана член на ДИК. Втора рака на Даштевски ќе биде досегашната потпретседалка на ДИК, Дитмире Шеху од ДУИ. СДСМ ги поддржа досегашните Борис Кондарко и Радица Ристеска, а нов член во ...

Read More »

Албанска академија на науки: Во Албанија околу 600.000 заразени со Ковид-19

Во последната студија на Албанската академија на науките, реалната бројка на заразени со Ковид-19 во земјата е околу 600 илјади лица. Податоците што резултираа со затворање на втората фаза од оваа студија, која беше завршена во декември минатата година, се со идентичен степен на веродостојност како и во сите случаи каде што е применет истиот метод на тестирање во европските ...

Read More »

Би-Би-Си: Македонскиот јазик се говори и во Грција

Според Би-Би-Си, Британската радиодифузна корпорација, која воедно е и најголема радиодифузна корпорација во светот, македонскиот јазик се говори и во Грција. Мнозинството од 10,7 милиони жители на Грција го зборуваат грчкиот јазик, кој што е и официјален јазик во таа држава. Останати јазици кои се говорат таму се и Македонскиот јазик, Албанскиот јазик кој што се говори во централна и ...

Read More »