Претседателот Бајрам Бегај преку видео порака изрази дека во пресрет на Новата 2026 година, првата желба е за соработка и координација околу националните цели и интереси. „Ноќта на промената на годините е време за размислување, момент кога застануваме да видиме што оставивме зад себе и да ги проектираме нашите надежи за новата сезона. Ова е, пред сè, прослава на семејството. ...
Read More »Албанија
Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
Премиерот Еди Рама изјави дека Албанија ќе започне со производство на оклопни возила и борбени беспилотни летала. На предновогодишната традиционална средба со новинарите, Рама рече дека цел на Албанија е да го достигне просекот на земјите-членки на НАТО во однос на финансиската поддршка. Рама рече дека оваа година Албанија е опремена со ракетен систем „Џавелин“, три патролни бродови од Италија ...
Read More »Албанија: Целосно се амнестираат 380 затвореници, 900 други добија намалени казни
По предлог на Министерството за правда целосно од затворската казна ќе бидат амнестирани 380 лица, додека на 900 други им се намалува казната. Тоа, како што се наведува во образложението, како дел од модерната казнена политика, која има за цел рехабилитација, намалување на пренатрупаноста во затворите и зајакнување на долгорочната безбедност „чин инспириран од хуманизмот, социјалната правда и европските стандарди“. ...
Read More »Православните верници го слават големиот христијански празник Божик во Албанија (ФОТО)
Божик во црквата „Воскресение Христово“ во Тирана Божик во Елбасан Божик во Корча Божик во Фиер
Read More »Православните верници го празнуваат Божик по Грегоријанскиот календар
Православните верници кои времето го сметаат по Грегоријанскиот календар денеска го слават Божик, раѓањето на Исус Христос. Божик го слават Албанската, Грчката, Романската, Украинската и Грузиската православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот календар. Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Српската православна црква, Московската и Ерусалимската патријаршија, како и дел ...
Read More »Турција и донираше на албанската Влада авион „Ербас“, вреден 11,9 милиони долари
Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ ќе и го префрли на албанската Влада сопствеништвото на „Ербас А319‑115J“, модифициран авион, вреден 11,9 милиони долари, согласно билатерален договор за грант, како дел од напорите за зајакнување на дипломатските и економските врски меѓу двете земји. „Според договорот објавен денеска во Службен весник, авионот, регистриран како TC-GVC со сериски број 1002 и произведен во февруари ...
Read More »Секретаријатот за етика на Парламентот им изрече суспензија од 30 дена на шестмина пратеници на ДП
Секретаријатот за етика при албанскиот Парламент донесе одлука на шест пратеника на Демократската партија да им изрече казна исклучување од работата на Законодавниот дом во рок од 30 дена поради хаосот што го создадоа на последната пленарна седница, кога палеа факели и се судрија со обезбедувањето. Шестмината исклучени пратеници се Белинд Келичи, Фидел Крека, Албана Вокши, Фламур Нока, Клевис Балиу, ...
Read More »Божикно послание на г.г.Јоан, архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија (ВИДЕО)
Словото стана тело и се всели меѓу нас (Јн. 1:14) До свештенството и народот на надежта, Драги деца во Господа, Овие зборови го сумираат и го изразуваат значењето на празникот Божик на најдлабок и најсовршен начин. Ако се фокусираме на разбирање на значењето на оваа голема мистерија, во која Синот и Словото на Отецот се отелотвори и стана човек, тогаш ...
Read More »Четворица уапсени по фрлање молотови коктели на антивладина демонстрација во Тирана
Полицијата уапси четири лица и отвори истрага против уште седум по насилствата за време на антивладина демонстрација што во понеделникот се одржа во Тирана, соопштија властите. За време на протестот биле фрлани молотови коктели кон полицајците кои ја обезбедувале канцеларијата на премиерот, при што биле повредени тројца припадници на безбедносните сили. Според полицијата, судирите избувнале за време на митингот организиран ...
Read More »ИНСТАТ: Речиси половината од албанската популација или над 2,2 милиона живее во странство
Во 2025 година, според студијата на Институтот за статистика, бројот на новата дијаспора што заминала од 1990 година досега се проценува на 2.256.346 граѓани или околу 49 отсто од вкупниот број граѓани, додека според податоците од пописот на населението во Албанија има 2.402.113 жители, објави Топ чанел. Институт за статистика (ИНСТАТ) потврдува дека албанската популација е речиси подеднакво поделена меѓу ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden